fbpx

Проверка на факти

ЕУ не го воведува кинескиот социјален кредит за контрола и следење на луѓето

Социјалниот кредитен систем на Кина е сосема различен од предлог законот за вештачка интелигенција на Европската Унија. Демократскиот свет е ужаснат од кинеската практика на користење биометриски податоци и препознавање на лица за контрола на населението. Никаде во предлогот законот за вештачка интелигенција на...

Рекламата за наводен лек кој го враќа видот е лажна

Не е вистина дека е пронајден чудотворен лек кој го враќа видот, како што се тврди во постот,  таков лек именуван како „О капс“ не е регистриран во С. Македонија. Приказната за некаков иноватор на овој лек, македонски студент Емил Поповски е измислена. Станува...

Постот произволно тврди дека Русите го враќаат Харкив, а Украинците ги напуштаат позициите

Постот има ударна и драматична најава, но не нуди потврдени и издржани информации. Кога е војна во прашање, добро е да се земаат предвид официјални информации и извори. Тоа во случајов го немаме. Ситуацијата на терен, од официјалните извештаи во медиумите, покажува Украинците не...

Не е точно дека заштитните маски предизвикуваат болести кај децата

Јаглерод диоксид молекулите се толку мали што не можат да останат заробени на материјалот од маската за повторно да ги инхалираме. Зголемени вредности на CO2 во крвта можат да се јават при брзо и често вдишување или при задржување на здивот,а се манифестира со...

Не е точно дека СЕФ поттикнува иницијатива за евтаназија на домашни миленици

Сторијата на Си-Ен-Ен која се споделува во текстот од објавата не споменува никакво убивање, односно евтаназија на домашни миленици. Тој текст само се занимава со прашањето дека сопствениците би можеле на милениците да внимаваат каква храна им купуваат, бидејќи нивната исхрана богата со месо...

Бројот на затворени субјекти за 1,5 години е околу 10, а не 12 илјади, но повеќе се новоотворени отколку затворени

ВМРО-ДПМНЕ наведува дека бројот на затворени компании за 1,5 години бил над 12 илјади. Но не го наведува изворот. Ниту наведува колку во меѓувреме се отвориле. Бројот на затворени субјекти, каде што спаѓаат и компаниите во 2021 и 2022 година според ЦРМ е над...

Во С. Македонија нема сексуално образование за деца од 0 до 4 години

Кај нас не постои сеопфатно сексуално образование од 0-4 години и оттука било какво тврдење поврзано со работата на нашата организација во овој контекст е беспредметно и неиздржано. Се работи за класична манипулација и извртување на фактите. Исто така, во нашата земја не постои...

Контраспин: Институциите се поразени во борбата против корупцијата

Калеска-Ванчева од СДСМ се обиде преку оценка во стилот на дилемата „дали чашата е полуполна или полупразна“, да спинува околу прашањето дали институциите во РСМ се поразени во борбата против корупцијата. Аргументите за овој спин ги дава и самата пратеничка кога признава дека нема...

Не е точно дека вакцината против ковид за бебиња подразбира нивно жртвување

Во текстот на Дејли Мејл, за којшто во постот нема линк за да се пристапи, се вели дека Обединетото Кралство ги одобрило вакцините против ковид за бебиња и дека медицински професионалци утврдиле дека помала доза од вакцината на Фајзер е безбедна и ефикасна...

Германската амбасадорка не го посочи народот како главен виновник за корупцијата

Холштајн на прес-конференција по предавањето на донирана опрема за МВР зборуваше за корупцијата и потенцираше дека сите треба да научат како се води борбата против корупцијата, вклучително и граѓаните. Никаде во нејзината изјава таа не вели дека граѓаните се најголемиот виновник за корупцијата. Напротив,...

Не е точно дека претставници на Европскиот парламент го газат знамето на Донецката Народна Република

Оваа информација e објавена на 8 декември годинава, на Јаху Њуз. Луѓето кои го газат знамето воопшто не се претставници на Европскиот парламент, а видеото е снимено месеци по почетокот на воената инвазија на Русија врз Украина, така што ова видео не би можело...

Со лажна наградна игра и злоупотреба на брендот Киппер се измамуваат корисниците на социјалните мрежи

Дека станува збор за лажна наградна игра покажува и самата страница креирана специјално за да се промовира наводната наградна игра. На страницата нема официјални податоци, контакт, нема континуитет на објави, туку има само два поста кои се со невистинитата наградна игра. Очигледната намена за...

Вакцината против ковид-19 и канцерот немаат меѓусебна корелација

Бројни медицински експерти велат дека нема докази кои ја поврзуваат вакцината против ковид-19 со канцерот и нотираат дека растот на бројот на случаи се објаснува со задоцнетиот скрининг во текот на ковид пандемијата. Тврдењето дека канцерот се појавува за месец или два после вакцинацијата...

Шега од филм на Дизни погрешно контекстуализирана како љубов кон сатаната

Во филмот на Дизни, делот каде е прикажана секвенцата со натписот „Те сакаме сатано“ (We love you Satan) е дел од шега. Како што може да се види од  извадокот за оваа епизодата,  Дедо Мраз ги поправа елфовите, по што тие правилно се распоредуваат во...

Мета факт: Средношколците не ги добија ветените таблет-компјутери, постапката е во тек

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска во својата предизборна кампања „Програма за модерно Скопје“ вети дека сите ученици во училиштата за средно образование и сите професори ќе добијат таблет-компјутери, како и дека за користење на опремата, наставниот кадар ќе биде обучен. На ова ветување,...

Пропуштен контекст: Тенденциозно и наменски се тврди дека Зеленски забранува цркви

Во постот што го рецензираме, во којшто се тврди дека украинскиот претседател забранува цркви и опозициски партии, се пропушта контекстот. Зеленски кажа дека Украина ќе ги ограничи активностите на верските организации поврзани со Русија на нејзината територија и ќе го испита статусот на Православната...

НАТО и „парамилитарните кримоси“ во Арачиново – класична дезинформација

Станува збор за анти-НАТО дезинформациска реторика насочена кон поткрепа на програмските цели и дејствувањето на партијата Левица, која создава/шири дополнителна недоверба во институциите на државата („недопирливи“), но и во меѓуетничките односи, зашто може да се поврзе и со настаните од јуни 2001 година. Тврдењето...

ИПИС: Речиси 38 отсто испитаници сметаат дека „некој друг“ е виновен за воената инвазија на Русија врз Украина

Анкетата на ИПИС покажува дека 21,9 отсто од испитаниците сметаат дека одговорноста за воените дејствија е исклучиво на Русија, 4,1 отсто сметаат дека одговорноста лежи во Украина, додека 16,8 отсто сметаат дека подеднакво се одговорни и Русија и Украина. Понатаму, 19,4 отсто од испитаниците...

Нема решение за хаосот на струшката улица „Туристичка“, ветување на Мерко уште од претходниот мандат

До денес направени се минимални чекори за реализација на предизборното ветување на првиот човек на општина Струга, Рамиз Мерко, за реконструкција на улицата „Туристичка“, пишува Порталб.мк. Ова ветување останува неостварено уште од минатиот мандат на Мерко. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Сѐ уште нема решение...

Нема докази дека крвта на вакцинираните е небезбедна за трансфузија

Неосновани се тврдењата дека крвта од вакцинирани лица е небезбедна за трансфузија, односно за некој друг да ја прими. Од Институтот за трансфузиона медицина за Вистиномер велат дека врз основа на Европските водичи за крводарување и Европскиот центар за превенција и контрола на болести,...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...