fbpx

Проверка на факти

Лажни дојави за бомби има и во училиштата во кои учат ученици Албанци

Постот шири невистини дека училиштата во кои учат Албанци нема дојави за бомби. На 15 декември 2022 година, на пример, дојави за поставени бомби имаше во кумановските основни училишта „Бајрам Шабани“, „Крсте Мисирков“, „Браќа Рибар“ „Јероним Де Рада“ каде наставата се изведува и на...

Во Законот за заштита на правата на пациентите не се вели дека имате право да не ги вакцинирате децата

Во објавата неточно се тврди дека родителите кои не ја исполниле својата законска обврска да го вакцинираат нивното дете против заразни болести, не сториле никаков прекршок. Ова е целосно извртување на вистината. Според Законот, пациентот нема право да одбие медицинска интервенција, ако таквата постапка...

Контраспин: Спинувањето околу лебот им се чини „вкусно“ и на партиите и на бизнисот

„Вистиномер“ утврди повеќе спинови од политичките партии и од дел од бизнис заедницата за причините зошто нема бел и полубел леб во голем дел од продажните места во земјата, состојба што настана по одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот на 33...

Главен дезинфо наратив за февруари: Западот започна војна во Украина, Русија употреби сила за да ја запре

Главниот дезинформациски наратив во февруари во македонскиот медиумски простор беше изречен од претседателот на Руската Федерација Владимир Путин на само три дена пред одбележувањето на годишнината од руската инвазија врз Украина. Тој го преврте „огледалото“ и де факто рече дека Русија морала да влезе...

Путин ги користи „традиционалните и семејни вредности“ како оправдување за војната во Украина

Русија сака да се наметне и да се претстави како главен светски бранител на традиционалното и религиското, а тоа можеше да се забележи и во неодамнешниот говор на Путин, кој уште еднаш нагласи дека ова е „војна за заштита на нашите деца од деградација...

Ниту потврдено, ниту одречено регрутирањето доброволци од страна на Вагнер во регионот

Вагнер групата е приватна воена компанија, со изразени врски со руската влада, чиј сопственик е Евгениј Пригожин, именуван како „готвачот на Путин“ поради бројните зделки поврзани со подготовка и продажба на храна во и околу Кремљ. Втора значајна фигура на Вагнер е Дмитриј Уткин,...

Мицкоски многу сигурно навестуваше дека ќе има предвремени избори

Изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во којашто вели дека не рекол дека ќе има предвремени избори, според проверката на Вистиномер е полувистинита. Изјавите на Мицкоски од декември и јануари, сепак укажуваат на тоа дека тој со прилично голема доза на сигурност ја уверувал јавноста...

Мета-факт: Не се гасифицирале 3.000 домаќинства за две години

Нема нови 3.000 домаќинства кои се поврзани на гасоводната мрежа и кои добиле можност природниот гас да го користат за затоплување на домовите. Амбициозната цел поставена во Планот за чист воздух, кој требаше да се реализира до 2020 година, како одговор на екстремното загадување...

Постот шпекулира дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ договориле референдум за уставни измени

Изнесените тврдења во постот немаат никаква поткрепа и се засновани на рекла-кажала. Ниту Мицкоски, ниту Ковачевски, досега не спомнале дека треба да има референдум за уставни измени кој би се одржал заедно со парламентарните и претседателските избори. Ваков договор меѓу партиите нема, пишува „Вистиномер“...

Нема докази дека фенбендазол лекува рак кај луѓето

Фенбендазол, лек за паразити кај кучињата, не е клинички тестиран кај луѓето. Агенцијата за храна и лекови (ФДА) и Европската агенција за лекови (ЕМА) го забрануваат фенбендазол за употреба кај луѓето. Тврдењата дека фенбендазол може да излечи рак се непоткрепени и може да ги...

Контраспин: Џафери спинува – не е проблем роднинството туку (не)почитувањето на законите

Талат Џафери спинува кога вели дека сензацијата е затоа што тој е на висока функција и дека без оглед на тоа и неговото дете има право да конкурира и да добие работа (неспорно), а спинува и кога затворената постапка на Антикорупциска ја толкува како...

Лажна наградна игра: КАМ маркети не доделуваат ваучери од 500 евра

Неколку показатели укажуваат на тоа дека наградната игра е лажна. Прво, истата не доаѓа од официјалната страница на КАМ маркетите од којашто компанијата секојдневно комуницира со потрошувачите. Официјалната страница на КАМ има 300 илјади следбеници, наведени се адресите на маркетите, официјалните контакти…За разлика од неа, лажната страница ...

Не е точно дека никој не бил во вселената

Постојат неверојатно количество докази, вклучително и 383 килограми камења собрани од Месечината во текот на 6 мисии, потврда од Русија, Јапонија и Кина и фотографии од НАСА кои сведочат за тоа дека има мисии во вселената, пишува Вистиномер во новата анализа која ја пренесуваме...

Белите траги од авионите не значат дека од воздух нè прскаат со отрови

Нема докази дека отрови се пуштаат од воздух во Македонија или каде било во светот. Според научната јавност, станува збор за контрејлс – траги што авионите ги остават зад себе како последица на кондензација и кои се највообичаена појава. Облаците во форма на линија...

Вакцините против ковид-19 не предизвикуваат спинална мускулна атрофија

Нема докази дека испитувањата за спинална мускулна атрофија врз новороденчињата во Хрватска, ќе се прават за да се провери дали ковид вакцините им ја предизвикале оваа дијагноза поради тоа што мајките им биле вакцинирани против ковид-19. Ваквата теза во постот што го рецензираме е целосно произволно...

Не е точно дека НАСА на хебрејски значи измама

Оваа објава што се споделува на Фејсбук е неточна. НАСА нема никаква врска со хебрејскиот јазик, туку е само скратеница од целосното име на оваа институција во САД, а преводот на зборот на хебрејски не значи „измама“. НАСА (National Aeronautics and Space Administration), е...

Лажни руски „проверувачи на факти“ шират пропаганда за војната во Украина

Малку е познато кој стои зад оваа руска веб-страница за „проверка на фактите“ – „War on  fakes“ . Нејзините креатори се идентификуваат само како „администратори на неколку руски неполитички канали на Телеграм“, а ниту еден од нејзините автори не е именуван. Страницата нема импресум,...

Жените во Украина доброволно одат во воена служба

Постот дезинформира дека НАТО ја турка Украина да се бори до последниот Украинец. Ова е потценувачки наратив за илјадниците војници во Украина, како и за патриотските и одбранбени дејства коишто тие ги спроведуваат бранејќи се од руската агресија. Не е точно ниту дека снемало...

Во што се состои „тајниот шарм“ на Кина во земјава

Во најновиот документ за политики, издаден годинава од Фондацијата за слобода Фридрих Науман, во соработка со Софискиот безбедносен форум, а изведен од мрежа на национални експерти во Југоисточна Европа (ЈИЕ), се вели дека и покрај сè, македонските граѓани и натаму имаат поволно мислење за Кина, не поради „материјалното...

Мета-факт: На Водно не е засадено ниту едно дрво како компензација за гасоводот

Нема нови дрвја засадени на Водно како компензација за изградбата на гасоводот чија изградба започна во 2018 година. Како одговор на многуте реакции на граѓаните и еколошките организации заради одлуката трасата на гасоводот кон Гостивар да се движи преку парк шумата, што неминовно беше...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...