fbpx

Проверка на факти

Дамева: Судскиот совет немаше правна основа да ја исклучи јавноста

Разрешената претседателка на Судскиот Совет (СС) на РСМ има право кога вели дека вчерашните седници (три) на кои СС ја повлече одлуката за разрешување од 28 април, па изгласа нова за разрешување со повеќе гласови, па закажа трета на која избра нов претседател на...

Таравари не рекламира никаков препарат за слабеење

Препаратот што се нуди во рекламата којашто се споделува во овој пост  го нема во регистарот на МАЛМЕД. Исто така, неврохирургот д-р Арбен Таравари преку објава на Фејсбук реагираше дека нема никаква врска со овој препарат и се огради од него. Не  е првпат...

Некохерентниот говор на Камала Харис во ова видео е компјутерски манипулиран

Видеоклипот што се споделува во постот е дигитално изменет во аудио делот. Навидум бесмислениот монолог на потпретседателката на САД е дигитално изменет. Од оригиналната снимка објавена на страницата на Белата куќа (1 час и 1 минута од видеото) се гледа дека Харис кажала нешто...

Не е точно дека Трамп пронашол работилница за адренохром во позната продавница во Њујорк

Во постот се тврди дека војската по наредба на Трамп пронашла деца и работилница за адренохром, меѓутоа за ова нема никаква поткрепа, ниту пак, може да се најде таква информација во медиумите. Самиот Трамп се нема пофалено и јавно не говорел на оваа тема....

Не е вистина дека ЕУ го забранила увозот на украинска пченица во пет земји членки

Во постот што го рецензираме неточно се тврди дека ЕУ го забранила увозот на пченица од Украина во некои од земјите членки. Напротив, ЕУ се спротивстави на едностраните одлуки на Полска, Унгарија, Словачка, Романија и Бугарија привремено да го забранат увозот на житарки од...

Лажниот наратив на Кремљ „НАТО се бори со Русија до последниот Украинец“ продолжува да гази

НАТО ниту ја почна воената инвазија, ниту, пак, има свои војници во Украина. Русија е таа којашто ја нападна Украина во февруари 2022 година, а Украина како независна држава има право да се брани и да ги користи расположливите средства на помош од своите...

Не може да се купи Самсунг телевизор за 125 денари

Доколку се посети официјалната страница на „Амазон“ (amazon.com) и се пребарува „Samsung“ телевизор од истиот модел како од ФБ објавата, ќе се добие понуда со цена од 427 американски долари. Телевизор за 125 денари не постои. И на официјалната Фејсбук страница на претставништвото на...

Лажна фотографија од 13-годишниот осомничен за убиство од Србија

На фотографијата не е прикажан Коста Кецмановиќ, седмоодделенецот од Белград кој уби осум свои соученици и чуварот во основното училиште. Пинтерест, страница од која секој слободно може да симне фотографии, а на неа е прикажан Едвард Хотеа од Романија. Тој објавил видео на ТикТок...

Блупринт групата: Судскиот совет продолжува со незаконито и нетранспарентно постапување

Блупринт групата за реформи во правосудството денеска искажа сериозна загриженост за последниот развој на настаните во Судскиот совет на РСМ (ССРСМ). Односно, како што се вели во јавната реакција на Блупринт групата, вчера во период од помалку од четири часа, ССРСМ одржа дури три...

Не е вистина дека улицата „Јоаким Крчовски“ е преименувана во „Ибрахим Ругова“

Улицата „Ибрахим Ругова“ нема никаква врска со улицата „Јоаким Крчовски“, односно не станува збор за истата улица, како што се тврди во оваа вирална објава на Фејсбук. Точната информација е дека поранешното име на улицата „Ибрахим Ругова“ е „Славеј Планина“, а улицата „Јоаким Крчовски“...

Медиумите мета на странски влијанија, политички пресметки и бизнис интереси

Галиматијас од сопственици, од бизнис и партиски центри, сето тоа е плодна почва за странски влијанија врз медиумите но и за нагласен степен на мешање и притисоци врз слободата на новинарството и новинарските професионални стандарди, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во...

Тенденциозно и без докази се тврди дека руска ракета убила 200 НАТО офицери во бункер во Украина

Аналитичарот Џилберт Докторов во видеото од постот не презентира ниеден извор за неговото тврдење дека при ракетниот напад на Русија биле убиени генерали на НАТО, скриени во бункер во Украина. Неговото единствено атрибуирање е на  „Русите“. Според официјални  украински лица, базите на НАТО се отвораат...

Младите можат да се пријават на обука за проверка на факти што ќе се одржи месецов во Штип

Фондација Метаморфозис, во партнерство со Меѓународниот центар за новинари (International Center for Journalists – ICFJ), а со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, го отвора четвртиот повик за учество на заинтересирани млади од Источниот и Североисточниот регион во Програмата за медиумска обука, „Дезинформации...

Насловни страници на Тајм злоупотребени за некакво „глобално смрзнување“

Насловните страници на Тајм, кои според постот известувале за глобалното смрзнување, немаат врска со тоа. Дел од нив се лажни, односно дигитално креирани. Неколку легитимни насловни страници на списанието Тајм објавени во 1970-тите, исто така, се извадени од контекст и немаат никаква врска со...

Турско влијание врз РСМ, долга историја и сложени односи

Северна Македонија има посебна соработка со Турција на различни полиња, но дали турската држава се обидува преку оваа соработка да ја зголеми својата доминација и влијание во РСМ? Додека Турција важи за стратешки партнер на Северна Македонија, во очите на аналитичарите билатералните односи меѓу...

Штетни надворешни влијанија се присутни и во медиумите во Северна Македонија

Новата геополитичка реалност ги претвори медиумите, од средства за информирање, во софистицирано оружје. Иако во Република Северна Македонија ниту еден медиум не е во сопственост на правни или физички субјекти од Русија, Кина или Иран, сепак, нивните наративи се присутни во медиумската сфера. Новите...

Новинарите даруваа крв во чест на Денот на слободата на медиумите

Пишува: Теофил Блажевски Во услови кога борбата за слобода на медиумите сè уште трае и додека тој процес е со променлива крива падни-стани и кај нас, без оглед на најновото позитивно рангирање од страна на Репортери без граници, новинарите од земјава преку хуманитарна крводарителска акција...

Социјалните мрежи и медиуми – лост за ширење на авторитарни пропаганди

Руската пропаганда користи различни форми на социјални медиуми и канали за ширење на својата пропаганда. Води војна во Украина, но води и хибридна војна со многу повеќе земји. Северна Македонија и Балканот се мета на оваа пропаганда, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го...

ОН не повикуваат на декриминализација на сите сексуални дејствија, вклучително и меѓу возрасни и деца

ОН соработувале со Меѓународната комисија на правници во извештајот кој повикува на пристап заснован на човековите права кон кривичното право. Не се бара декриминализација на возрасните кои имаат секс со малолетници. Експертите велат дека упатствата треба да се применуваат на консензуален секс меѓу адолесценти...

Мета факт: Никако да почне реновирањето на студентските домови

Долгоочекуваното и големо најавувано реновирање на студентските домови во земјава, со кое тие треба да станат „современи и енергетски ефикасни“, никако да почне. Од првата, стартот на градежните работи сега се одложува за втората половина од годинава. Иако проектната документација за домовите кои треба...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...