понеделник, 11 мај, 2026
Meta.mk

„Второ читање“ за легислативата за СЈО – „второ читање“ и за оптимизмот на Нуланд

јули 13, 2016

Веројатно од преголема желба за некаков позитивен исчекор, медиумите во земјата речиси бeз исклучок го истакнаа оптимизмот на високата американска функционерка, Викторија Нуланд, која по вчерашната обиколка на Македонија искажа уверување дека наскоро може да има пробив и позитивен исход на т.н. „пржински процес“. Тоа е можно, но практиката тера на крајна внимателност и на претпазливост. […]

Судскиот буџетски совет не смее колективно да ги намали платите

јули 8, 2016

Судскиот буџетски совет (СБС) до вработените во судовите доставил известување во кое стои дека колективно ќе им се намалат платите за 40 отсто за оние месеци во кои судската администрација штрајкувала. Оваа одлука на СБС доаѓа неколку дена по првото решение во кое се бараше од претседателите на судовите да подготват решенија со намалени плати […]

КОНТРАСПИН: Одлуката на ЕУ е санкција, а прстот е вперен кон ВМРО-ДПМНЕ и кон ДУИ

јули 6, 2016

Ако некој отвоено вели дека Владата е без политичка волја, Владата нема подготвеност, нема зрелост, нема политичка посветеност итн., и дека поради тоа се кратат 27 милиони евра, а дека помошта нема да биде продолжена со друг проект, спинување е да се крие дека тоа не биле санкции или казна од ЕУ за Македонија во […]

Се крчка Пржино 2 или се домесува Пржино 1?!

јули 6, 2016

„Не треба да бараме нов договор, туку треба да го реализираме постојниот. Нема време за губење. Целта ни е да завршиме, а не да одложиме. Важно е да има фер и демократски избори со реформирани медиуми и со прочистен избирачки список. Значи, да профункцинираат сите елементи од Договорот од Пржино“, вели Радмила Шекеринска за „Вистиномер“. […]

Секоја година ли ќе се задолжуваме со 500 милиони евра?

јуни 15, 2016

Сега веќе знаеме дека новата еврообврзница треба да изнесува 230 милиони евра за да се достигне сумата од 500 милиони евра, колку што требаше да изнесува ланската, но од која тогашниот дополнителен заменик министер за финансии, Кире Наумов, ги исече токму овие најавени 230 милиони евра и на крај задолжувањето изнесуваше „само“ 270 милиони евра, […]

Каде исчезнаа странските служби на Груевски?

јуни 9, 2016

Откако на 31.01.2015 година, тогашниот премиер, а сега претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, најави дека врз државниот врв е направен обид за пуч и тоа преку странски служби, таквото сценарио, со конспирациски мотиви за уривање на државата однадвор со помош на „домашни“ предваници, го спомена само уште на 25.02.2015 година. Оттогаш, речиси година и половина […]

Страна 189 од 189