четврток, 18 јуни, 2026
Meta.mk

Уште од 2008 година за ВМРО-ДПМНЕ успешен референдум е мнозинство од излезените граѓани

октомври 5, 2018

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров на „Фејсбук“ објави неколку конкретни ставови околу референдумското изјаснување кои ги оценуваме како вистинити, пишува „Вистиномер“. Димитров на својот „Фејсбук“ статус посочува дека во програмата на ВМРО- ДПМНЕ на страница 295 е запишано дека: „референдумот ќе биде успешен доколку го поддржат мнозинство од граѓаните кои ќе ИЗЛЕЗАТ да гласаат, […]

Мицкоски си поигрува со полускриен шовинизам и лажни бројки

октомври 2, 2018

Христијан Мицкоски, лидерот на главната опозициска партија кој пасивно повикуваше на бојкот, а на денот на гласањето и активно го промовираше, во својот триумфализам по објавувањето на резултатите од референдумот настапи со извртени вистини и со доза на прикриен шовинизам кој покажува дека Македонците не се тие кои што гласале на овој референдум „за“, пишува […]

Сувереноста на граѓаните најдиректно се докажува на референдумско изјаснување

септември 27, 2018

Суверенитетот на граѓаните најдобро се потврдува со партиципација на референдумското изјаснување, како форма на директно демонстриран суверенитет на луѓето во сопствената држава. Покрај индиректниот, т.е. пренесување на нивната сувереност врз пратениците. Оттука, пораката дека Иванов ќе бојкотира, е всушност порака до граѓаните да се откажат од своето суверено право да одлучуваат, пишува „Вистиномер“. Претседателот на […]

Контраспин: Петте струмички студенти, петте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

јули 9, 2018

Барањето за амнестија може да биде поставено, но само откако сите ќе дознаеме што навистина се случи на 27 април 2017 година. А, да се споредуваат тие настани, петте обвинети пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и петте стрелани струмички студенти во 1951 г. е неумесно, невкусно и калкулантски, пишува „Вистиномер.мк“. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од говорот на протестниот […]

МВР за „Вистиномер“: Ќе се гради нов објект на Прифатниот центар, а не нов бегалски камп

јули 4, 2018

По шпекулациите во јавноста дека се планира целосно нов центар за азиланти во Визбегово, од Министерството за внатрешни работи (МВР) за „Вистиномер“ ги негираат гласините, велејќи дека е планирано само да се изгради нов објект за постоечкиот Прифатен центар за странци, кој сега се наоѓа во поранешната детска градинка на Гази Баба и е во […]

Македонија од ЕУ доби датум, ама и услови

јуни 29, 2018

Премиерот Зоран Заев во своето обраќање  на тридневниот РОС-РОТ  семинар посветен на Евроатланската интеграција на Западен Балкан, кој се одржува во Собранието на Република Македонија, ја даде и следната изјава која ја сметаме за полувистина, пишува „Вистиномер.мк“ Дозволете на почетокот да споделам огромно задоволство за вчерашната одлука за добивање на датум за преговори со ЕУ, јуни […]

„Вистиномер“: Мицковски спинува со долгорочните ветувања на СДСМ

јуни 4, 2018

Манипулација е и спинување ако ветувања на една политичка партија дадени за до крајот на мандатот, друга политичка партија и ги предочува како неисполнети во рок од една година од преземањето на власта. А, Мицкоски го прави токму тоа, се вели во анализата што ја објавува „Вистиномер“ за изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, […]

„Вистиномер“: Владата ги надминува ингеренциите околу МРТ и ААВМУ

мај 31, 2018

Владата на Република Македонија, најблаго речено, малку ги надминала ингеренциите што ги има во однос на Јавниот радиодифузен сервиси и Агенцијата за медиуми и на својата 69. Седница oдржана на 23.05.2018 година, донела заклучок да му даде на Собранието негативно мислење околу годишните извештаи за работата на ААВМУ и на Македонската радио телевизија (МРТ) за 2017 година, […]

Шилегов: Ќе го решавам проблемот со воздухот и ќе ги изградам тунелите под Кале!

април 27, 2018

Со проекти во вредност од 300 до 350 милиони евра во текот на неговиот мандат, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов очекува дека ќе ги реши во целост или барем во голем дел најголемите проблеми на градот, како што се загадениот воздух, преоптоварениот сообраќај, притоа плаќајќи, како што вели, разумни суми, за разлика од претходното раководство. […]

Јованоски: Во Прилеп работиме на сите полиња и на сите ветени проекти

април 27, 2018

Советот на Општина Прилеп работи непречено. Се донесуваат одлуки, се штитат интересите и потребите на граѓаните. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ ги очекува голема работа, се подготвуваат проекти… Дали и како ќе гласаат, сепак, тоа е нивна одлука, секој треба да си ја понесе својата одговорност,  вели градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски во интервјуто за „Вистиномер“ […]

Бочварски: Ветените капитални проекти планирам да ги спроведам

април 26, 2018

Благој Бочварски, градоначалникот на Штип,  во интервјуто на „Вистиномер“ направено во рамките на проектот „До отчетни општини преку активни граѓани“, спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“, а поддржан од американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy), вели дека нема да се откаже од проектот за брана на Отиња, едно од неговите најголемите ветувања. Оваа брана со […]

Нетранспарентноста и корупцијата во судството се како „брат и сестра“

март 29, 2018

Судството во земјава има проблеми со аспектот на транспарентноста на судските постапки во сите негови фази, а не е исклучено дека зад тоа може да се крие и корупцијата во сите нејзини форми и облици. Ова е генералниот заклучок што го извлековме од нашите соговорници истражувајќи само еден, но многу значаен аспект од корпусот сегменти […]

Владата вети и воведе „Отчетномер“

март 21, 2018

Владата на Република Македонија на прес конференција на 21.03.2017 година претстави електронска алатка (што ние неофицијално ја нарековме Отчетномер), за „мерење“ на трошоците на министерствата и другите институции од централната власт, што го оценуваме како исполнето предизборно ветување и ветување наведено во програмата за работа, пишува Теофил Блажевски на „Вистиномер.мк“. Ветување: (Владата) Ќе воведе принцип на […]

Во СЈО преслушале над 500.000 разговори – 193.000 биле приватни!

март 16, 2018

Класификацијата на разговорите што веќе е направена од СЈО за 85 отсто од разговорите што ги поседуваат, покажува на масовноста на кршењето на човековите права во земјава. Овој податок може да се најде во последниот шести по ред Извештај за работата на СЈО, пишува Теофил Блажевски во „Вистиномер.мк“. Специјалното јавно обвинителство (СЈО) последните шест месеци – […]

Груевски не е во „Процес“, „кафкијанските процеси“ беа симбол на неговото владеење

март 15, 2018

Изразот „кафкијански процес“ во текот на изминативе десетина години честопати се користеше како метафора за де се опишат многубројните судски неправди со кои се соочуваа македонските граѓани. Токму оваа фраза стана симбол (или еден од симболите) на владеењето на Никола Груевски и на судството, кое во неговото време наместо правда делеше неправда. За разлика од главниот […]

Недоследности и популизам околу „Мерцедесот“

март 9, 2018

Одлуката која што ја донесе Владата на својата 57 седница во врска со стопирањето на продажбата на „Мерцедесот на Груевски“, е недоследна и е последна епизода во сторијата која се повеќе се користат и популистички манири, пишува „Вистиномер.мк“. Приказната за „Мерцедесот“ започна уште со емитувањето на снимките од прислушуваните телефонски разговори до кои дојде СДСМ […]

Контролорите на судството од порано знаеле што се случува во Кривичниот суд во Скопје

март 1, 2018

Извештајот за состојбите во Кривичниот суд во Скопје што го испратил Стојанче Рибарев – в.д. претседател на судот од март до крај на октомври 2017 година, потврди дека тие што се задолжени да ги контролираат судовите, а тоа се Врховниот суд и Судскиот совет знаеле се од порано, та сепак даваат изјави, „ништо помпезно, ништо […]

МВР (и ЈО) по 9 постапувања за малолетничка дозволија системот да остане „труден“

февруари 21, 2018

Од постапувањето, односно несоодветното постапување на МВР и на ЈО (другите задолжени не се исклучени од одговорноста), сите институции во државата останаа „трудни“, исто како и граѓаните кои мораат да се соочат со овој срам од нефункционирањето на правната држава, пишува „Вистинимер.мк“ Министерството за внатрешни работи во консултација со надлежно јавно обвинителство излегоа со сооопштение […]

Контраспин: Ниту името, ниту „браникот на таковината“ зависат од Агатангел

февруари 15, 2018

Две и пол деценискиот спор со Република Грција за името е политички, државен. Владиката Агатангел, се разбира дека може да има став, меѓутоа не може да настапува во име на Македонската православна црква (МПЦ –ОА), а особено не смее да повикува на одбрана на „татковината и на името“ (!), од проста причина што тоа не е […]

Земјата во која живееме со Ахмети има име: Република Македонија

февруари 9, 2018

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети во интервју за грчки медиум ја даде следната изјава што e невистина, оценува „Вистиномер.мк“: Ние сме земја без име, имаме едно привремено име, ПЈРМ. Во пракса се обидуваме конечно да добиеме нормално име со преговорите што се водат – изјави Ахмети во емисијата „Историес“ на ТВ Скај. [Извор: ТВ Алфа […]

Страна 187 од 189