fbpx

Проверка на факти

Не е вистина дека Русија не бомбардирала населени центри

Објавата што ја анализираме тврди дека Русија не бомбардирала населени места. Факт е дека Русија во неколку наврати има гаѓано населени места при што загинале стотици цивили меѓу кои жени и деца, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Анализираме објава на...

На видео на социјалните мрежи не се претставени Египќани кои на грб им носат храна и вода на Палестинците во Газа

Станува збор за старо видео кое не е од актуелната ситуација меѓу Хамас и Израел. Странски проверувачи на факти пишуваат дека видеото е постаро и не го отсликува хуманитарниот одговор на блокадата од Израел од октомври 2023 година. Ова видео првпат е објавено на...

Контраспин: Никако да се брцне во „медот“ на функционерите

Платите на функционерите експресно се покачија – само неколку дена по Oдлуката на Уставниот суд, ама никако да се намалат. Законот, најавен уште во април, сè уште се крчка. Работна група трага по издржливо и фер решение за вреднување на трудот на нашите функционери....

Видеото со заглавен конвој на граничниот премин Рафах, е од мај 2021 година

Видеоматеријалот споделен во оваа објава на Фејсбук, не е од 2023 година, туку е стар повеќе од две години. Како што пишуваат проверувачите на факти на Ројтерс, видеото со египетскиот конвој хуманитарна помош е од мај 2021 година, а не од 2023 година, пишува...

Администрацијата на Бајден не дава воена помош за Хамас

САД и администрацијата на Бајден не го финансираат Хамас. САД испраќаат хуманитарна помош за цивилите во Газа, но таа не оди за терористичката организација која има повеќе финансиери, меѓу кои главниот е Иран. САД ја прогласи Хамас за терористичка организација и ги гони своите...

Провокативниот постер со ирански хиперсонични ракети во Техеран не е нов, туку од јуни

Фотографијата од постер, на кој е претставена иранска хиперсонична ракета, е стара. Иако се тврди дека таа претставува неодамнешна случка во Техеран, главниот град на Иран, фотографијата е, всушност, од јуни оваа година, неколку месеци пред нападот на палестинската група Хамас врз Израел, пишува...

Контраспин: Со измените на КЗ, асистирани и од опозицијата, се амнестирани многу поранешни и сегашни членови на ВМРО-ДПМНЕ

По пропаѓањето на крунскиот случај од поранешниот СЈО Таргет-Тврдина и де факто амнестијата од кривична одговорност за Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска и други инволвирани во овој случај, да се тврди ако Пендаровски не ги потпишеше измените, ќе се спречела аболиција на идни случаи на...

Тврдењето дека Русија не води геноцидна војна во Украина е лажно

Тврдењето дека Русија не води геноцидна војна во Украина е неточно, имајќи предвид дека Меѓународниот кривичен суд го гони Путин за геноцид поради нелегалниот трансфер на украински деца во Русија, а декларации со кои ваквите постапки на Русија се оценуваат како геноцид усвоија и...

Практикувањето на христијанството во Израел е слободно

Во објавата се пропушта контекстот, бидејќи не се наведува дека овој предлог-закон не е усвоен и не претставува правен акт во државата Израел. Поради пропуштањето да се наведат овие информации се креира комплетно поинаква слика дека сите кои тврдат оти Исус Христос е Бог...

Манипулација: НАТО не евакуира цивили од Израел

НАТО не е поврзан со цивилната евакуација на граѓаните на земјите членки, вклучително и со граѓаните на С. Македонија, туку тоа е обврска која ја зедоа владите на секоја држава посебно. Летот на „Ер Србија“, со кој беа евакуирани македонските државјани од Израел, беше...

Мицкоски неточно тврди дека Владата не прави ништо за евакуација на македонските државјани од Израел

Без никакви аргументи лидерот на опозицијата изнесе невистини во врска со активностите на власта за евакуација на македонски државјани од Израел, при што изнесе и оценка дека во Владата има разногласие околу израелско-палестинскиот конфликт, пишува „Вистиномер“ во својата анлиза. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Претседателот...

Руските ковид вакцини не се забранети во земјава

Спутник вакцините не се забранети кај нас и сè уште ги има за оние кои сакаат да се вакцинираат за првпат. Исто така, не постојат никакви начини да ѝ се влијае на пинеалната жлезда, односно епифизата со вакцинација против ковид-19. Ова е дезинформација за...

Со старо видео лажно се тврди дека израелската армија ги евакуира борбените авиони

Видеото е снимено пред неодамнешната ескалација на конфликтот меѓу Израел и Палестина. Нашата проверка покажа дека тоа е снимено во септември, во јужниот округ на Израел и не е поврзано со последниот напад на Хамас врз Израел, како што неточно тврди објавата, пишува „Вистиномер“...

Мета факт: Реконструкцијата на спортската сала „Партизан“ во Карпош е во завршна фаза

Култната спортска сала „Партизан“ во скопската населба Карпош 3 во моментов интензивно се реконструира и се наоѓа во завршна фаза на реализација. Овој спортски објект со години наназад беше разурнат, иако е донација од француската влада по скопскиот земјотрес од 1963 година. Со средства...

Хамас не е создаден ниту од ЦИА, ниту од Мосад

Мосад не ја креираа Хамас, со оглед на тоа што во манифестот на Хамас, стои дека нивната крајна цел е да го уништат Израел како држава. Во самиот манифест пишува дека се работи за палестинско движење, исламско, кое се стреми „да го дигне знамето...

Украина не ја замолчи короната, ниту пак, настаните во Израел ја замолчија Украина

Коронавирусот сè уште го има и покрај војната со Украина, иако ситуацијата не е загрижувачка како на почетокот и првата година од пандемијата со ковид-19. Нормално е дека конфликтот што се случува помеѓу Израел и Палестина зазема централно место во медиумскиот простор во моментов....

Нема докази дека Украина му дала оружје на Хамас

Повикувајќи се на официјално соопштение  на Одбранбеното разузнавање на Украина, Украинска правда пишува дека Русија се подготвува да ја дискредитира Украина со цел да влијае на ставот на сојузниците и на снабдувањето со западно оружје. Безбедносни експерти за странски проверувачи на факти велат дека...

Шведска не е прва земја по криминал во Европа

Според официјалното рангирање на криминалот во Европските земји, прва по криминал е Белорусија, потоа Франција, па Белгија, а Шведска е четврта на ранг листата. Не е точно дека во 2023 година се случиле 64 убиства и тоа 13 во последните две недели, а не...

Не е точно дека Хамас го заробиле израелскиот генерал Нимрод Алони

Според адмиралот Даниел Хагари, портпарол на израелската војска, генералот Алони не е во рацете на Хамас. Хагари на новинарите во саботата им изјавил дека тврдењата оти Алони е заробен се невистинити. Алони јасно може да се види дека кратко се појавува во видео каде...

Манипулација со настапот на холандската министерка за одбрана на форумот за безбедност во Варшава

Наспроти тврдењето во објавата, кога ќе се слушне оригиналната изјава на министерката за одбрана на Холандија, Касја Олонгрен дадена на форумот за безбедност во Варшава, станува јасно дека таа не зборува за поттикнување на војната, туку продолжување на поддршката на Украина која се соочува...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...