fbpx

Проверка на факти

СЗО не е злосторничка организација финансирана и раководена од „сатанисти од длабоката држава“

Во објавата што ја рецензираме се споделуваат наративите карактеристични за теоријата на заговор Кју Анон. СЗО не е раководена ниту од сатанисти, ниту од длабоката држава, туку од делегати од сите земји членки, а претседателот се избира транспарентно и со учество на сите земји....

Кај нас не делуваат никакви „европски педофилски банди“ кои киднапираат деца

Немало никакво киднапирање, ниту во Карбинци, ниту на 22-годишна девојка од Скопје. Стари вести, без да се објават фактите, се злоупотребени за да се шират познати теории на заговор за некакви си „европски педофилски банди“ кои наводно делуваат кај нас, а политичките елити им...

Контраспин: Само поради Уставот нема преговори со ЕУ, а друго прашање е зошто не е сменет

Во моментов може да се детектира двоен спин околу резултатите од Советот на ЕУ, односно повторното „извисување“ на земјата да ги започне пристапните преговори со ЕУ. Опозицијата, која одби да прифати да се промени Уставот, спинува кога тврди дека причината не била тоа, туку...

Вакцините не се користат за лечење и не претставуваат отрови за деца

Вакцините, иако се алатка којашто спасува милиони смртни случаи годишно, сепак тие не се лек односно не се употребуваат за да со нив се лечат децата. Тие се превенција и заштита, и наспроти тврдењата дека се отровни, тие се многу безбедни. Вакцинацијата помага да се...

Македонија подготвува свој систем за рано предупредување за исчезнати лица – ,,Најди ме”

Системот Најди ме, за рано предупредување за исчезнати лица, во С. Македонија е најавено дека ќе биде ставен во функција наскоро, откако претходно се направени подготовки. Во Србија сличен систем беше промовиран пред месец и половина, после 8 години чекање (иницијативата во Србија е...

Скопје не е само номинирано, туку и избрано за европска престолнина на културата во 2028 година

Скопје ќе биде европска престолнина на културата во 2028 година, заедно со градовите Чешке Будјејовице од Чешката Република и Бурж од Франција. Веста дека Бурж ќе биде европска престолнина на културата е точна, но објавата што ја анализираме, манипулира дека Скопје само било номинирано...

Спасовски никогаш не кажал дека Палевски имал дојава од МВР, па избегал

Изјавата на Спасовски којашто се цитира во текстот е целосно фабрикувана. Министерот за внатрешни работи, во ниту еден момент, на ниту една прес-конференција не кажа дека некој од МВР му дал информација на осомничениот Љупчо Палевски – Палчо, по што тој побегнал од државата,...

ЕУ: Спроведување и резултати од договорите со Грција и со Бугарија, но и „постојани и неповратни реформи“

Декларацијата од самитот ЕУ-Западен Балкан, издадена и на македонски јазик, ја потврди скептичноста на домашната јавност во однос на можен пробив и започнување на преговорите меѓу С. Македонија и ЕУ за полноправно членство и без менување на Уставот. Сепак, во документот има потврда преку...

Видеото од дочекот на Путин во ОАЕ е објавено во повеќе светски медиуми

Видеото од дочекот на рускиот претседател Владимир Путин во Обединетите Арапски Емирати било пренесено во повеќе светски медиуми, како Телеграф, Скај њуз, Франс 24, Си-ен-ен, што значи дека истото не било забрането за емитување, како што се тврди во објавата што ја анализираме, пишува...

Скопје виа Истанбул – пеш до Баликесир!

Човекот кого министерот за внатрешни работи го посочи како главен креатор, планер, координатор и директен извршител на грозоморните убиства на тинејџерката Вања Ѓорчевска од Скопје и 74 годишниот фризер Панче Жежовски од Велес, беше  уапсен од турската полиција, додека пеш се движел по еден од...

Графички изменета фотографија манипулира дека на украинската униформа имало нацистички симбол

Фотографијата од објавата што ја рецензираме, на која се гледаат две лица на чии униформи има нацистички симбол, е графички изменета. Странски проверувачи на факти утврдиле дека амблемот со украинското знаме е додаден со монтажа на униформата на човекот од левата страна. А орелот,...

Со фотографија стара 15 години, со која се известувало за спорот со името, се билда „руска наклонетост”

Фотографијата од објавата што ја рецензираме во 2007 година е употребена во руските медиуми и тоа во контекст на известувањето за спорот за името кој тогаш го имаа Македонија и Грција. Деловите на картата од објавата коишто се во Грција, а се означени како...

Нема докази дека Палевски е наместен од политички непријатели

Објавата манипулира со бројни невистини. Не е точно дека на 27 април во Собранието имало операција на стратешките партнери на земјава, туку имаше инцидент за кој повеќе лица, точно идентификувани завршија во затвор. Во конкретниот кривично-правен настан каде Палевски е обвинет за две убиства...

Бугарија не дозволи прелет на авионот на Лавров поради санкциите против Захарова, а не поради С. Македонија

Дел од руската делегација на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје беше и портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, чие присуство во рускиот авион ја натерало Бугарија да ја отповика дозволата за прелет над нејзина територија. Но, причината никако не е...

Официјално беше кажано дека Вања била застрелана

Причината за смртта на Вања, според официјалните информации споделени од министерот за внатрешни работи, е прострелна рана, а не задушување, како што тоа сака да го прикаже објавата што ја анализираме, а која таквите тврдења ги поткрепува со „свои извори од истрагата“, пишува „Вистиномер“...

Украина не испраќа бремени жени да се борат со Русите

Не постојат релевантни докази кои ја поткрепуваат автентичноста на видеото. Според Центарот за стратешка комуникација основан под Министерството за култура и информативна политика на Украина за борба против дезинформации, видеото е лажно и инсценирано. Она што е факт е дека Украина не испраќа бремени...

Вистиномер и Фондацијата Метаморфозис членки на Европската мрежа за проверка на факти

Порталот за проверка на факти и јавна отчетност и транспарентност, Вистиномер, заедно со неговиот издавач, Фондацијата Метаморфозис, станаа полноправна и сертифицирана членка на Европската мрежа за стандарди во проверката на факти (European Fact Checking Standards Network).   Потврдата за членство доаѓа по сеопфатен и обемен процес...

Контраспин: Спин е дека Пендаровски веќе требало да прати писмо до Ердоган во врска со Палевски

Пендаровски де факто може да прати порака до Ердоган од денеска – 12 декември, затоа што Турција дури вчера извести официјално дека го прифатиле барањето од Скопје за да започне постапка за екстрадиција и му одредиле на Палевски 40 дневен притвор, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу...

Преку стари теории на заговор за „западните педофили“ се шират дезинформации за убиството на Вања

Објавата изобилува со добро познати теории на заговор, избегнувајќи ги притоа фактите и доказите за случајот со исчезнувањето и смртта на 14-годишната Вања, кои институциите ги презентираа во јавноста. Не е точно дека Вања ја киднапирале некакви светски педофили и за да се прикрие...

Убиството на Вања злоупотребено за заговорнички теории дека била жртва на сатанистички ритуал

Сатанистички ритуал не е споменат во ниту еден дел од досегашните сознанија на истражните органи за убиството на Вања Ѓорчевска. Во објавата се споделува комплетно непоткрепена со докази и факти теорија на заговор, како и нелогичност дека првоосомничениот за убиство и грабнување бил „наместен“...

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...