fbpx

Проверка на факти

„Корона“ мета на дезинформации, факт-чекингот на Фејсбук на „првата линија на фронтот“

Сите вакцинирани треба да бидат обележани или маркирани, постојат потенцијални ризици по нивното здравје и тие се следните телепортирани камикази зомби, учениците ќе бидат контаминирани од нивните вакцинирани наставници и секако „Бил Гејтс“. Ова се само некои од дезинформациите кои ги преплавија социјалните мрежи...

Дезинформациите и медиумските манипулации може да ги поткопаат плуралистичките општества

Имаме видено дека дезинформациите и манипулациите во медиумите може да имаат тешко влијание врз животот на луѓето. Инфопандемијата со ковид-19 нè води кон теории на заговор кои креираат недоверба во институциите. Овие дезинформации и манипулации може да ги поткопаат и најважните аспекти во нашите...

В понеделник ќе се одржи онлајн конференцијата „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“

Фондацијата „Метаморфозис“ и „Евротинк“ в понеделник (28 јуни) ја организираат конференцијата на тема „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“, која ќе се одржи преку Зум, со симултан превод меѓу македонски, албански и англиски јазик. На конференцијата, која ќе започне од 11 часот, ќе...

Вистиномер: ПЦР тестот не е исфрлен од употреба

„Вистиномер“ анализираше тврдење изнесено во пост на Фејсбук дека, наводно, ПЦР тестовите повеќе не можат да се користат, и утврди дека е невистинито. Анализата ја пренесуваме во целост подолу Во постот што го рецензира Вистиномер се тврди дека ПЦР тестовите не можат да се користат,...

Вебинар: Програмата на „Фејсбук“ и „Вистиномер“ ги научи медиумите сами да ги отстрануваат дезинформациите

Порано имавме случаи, некој медиум да објави некоја дезинформација, а потоа десетици други таа да ја преобјават. Откако ќе се утврдеше дека станува збор за дезинформација, за тоа да објавуваа само некои други медиуми што не ја објавиле првичната вест, а текстот со дезинформацијата...

Вистиномер: ЕМА не издала нова препорака вакцината „АстраЗенека“ да не се дава на постари од 60 години

Објава на Фејсбук, преку насловот на текстот што се споделува, шири невистини дека има нова препорака од Европската aгенција за лекови (EMA) да не се вакцинираат постарите од 60 години. Повод за ваквиот наслов е интервјуто на лидерот на работната група на ЕМА за...

Вистиномер: Шест години старо видео извадено од контекст – Бил Гејтс не зборува за вакцините, туку за ГМО културите

Видеото кое се шири на Фејсбук е од преносот на паневропската медиумска мрежа ,,Еуроактив” од 2015 година, во Брисел, каде Бил и Мелинда Гејтс зборуваа за нивните инвестиции во генетски модифицирани култури.  Во овој пост неговата тогашна изјава е извадена од контекст и со...

Дезинформациите систематски ја поткопуваат борбата против ковид-19 во земјава (видео)

Ширење на дезинформации за корона вирусот и вакцините против ковид-19 во екот на пандемијата ја поткопува борбата против вирусот, а државата треба да преземе повеќе мерки за справување со дезинформациите. Ова, меѓу другото, го рекоа учесниците на вебинарот „Борба против дезинформации за ковид-19“, организиран...

Вистиномер: Отец Здравески шири лаги за составот на вакцините против ковид-19, МПЦ поддржува вакцинација

Антивакцинален став базиран врз лажно твдење за составот на вакцините беше пласиран од страна на свештеник на МПЦ-ОА. Проверката на факти покажа дека тврдењата на отецот се невистина, пишува „Вистиномер“ во својот нов текст, што го пренесуваме во целост подолу. Отец Стеван Здравески од Преспанско-пелагониската...

Вистиномер: Руската вакцина „Спутник В“ нема магнетизирачки компоненти

Видео со лажно тврдење дека после вакцината со „Спутник В“ рамото на некоја скопјанка станало магнетизирачко е објавено на социјални мрежи, а од таму завршува како сензационалистичка вест на фејсбук фан страната на угледен медиум. Вакви тренд видеа станаа хит во последните недели во...

КриТинк: Вистинска (раз)врска со теориите на заговори

Врската што постои помеѓу верувачот и неговите теории на заговори изгледа јака и нераскинлива. Па сепак, како и секоја врска, така и таа не е имуна на мешање од трета страна. Успешното посредување, пак, подразбира добронамерност и извесна доза лична засегнатост, како и неограничени...

Вистиномер: Вакцините против ковид немаат магнетизирачко дејство

Од почетокот на пандемијата до денес, во јавниот дискурс една по една се појавуваа разни дезинформации и дезинформациски трендови, спротивни на медицинската и другите науки. Тие безмалку веднаш се пренесуваат и во земјава, а последниот е дека вакцините предизвикуваат магнетизирачко својство, што е чиста...

Проф. Даниловски за „Вистиномер“: Спајк протеинот по вакцината не е ист како спајк протеинот на коронавирусот

Користејќи излагање на само еден имунолог, не земајќи предвид сосема други бројни фактори што ги изнесуваат бројни други професори и доктори, објавена е информација која што де факт е дезинформација и невистина. За „Вистиномер“ и за потребите на рецензијата тоа го потврди и проф...

Вистиномер: Два клинички центра, два спина или за „бабите и жабите“

Со последните јавни искази околу цената на изградбата на новиот Клинички центар во околината на Скопје јавноста може да биде збунета, и со право, зашто со мало истражување на познати факти се утврдува дека спинува Мицкоски, но спин е забележан и во изјавата на...

КриТинк Анализа: Информациска вакцинација

Информацијата е како вирус. Кога пренесува невистини обложени со сензационализам, таа брзо се шири и го разјадува „здравото ткиво“ на системот. Кога пренесува факти лишени од конспиративност, таа тлее во симбиоза со своите „домаќини“ и ја „јакне функционалноста“ на општеството, пишува „КриТинк“. Анализата подолу...

Вистиномер: Со мРНА вакцината нема да се променат нашите природни биолошки тела

Вистиномер.мк рецензираше пост на Фејсбук во кој што се тврди дека вакцината против ковид (мРНА вакцината на Модерна поконкретно) е оперативен систем, кој може да ја програмира вашата ДНК, а со тоа и самите луѓе. Цитирајќи го производителот Модерна од неговата официјална веб страница, авторот погрешно...

Вистиномер: Не, во вакцините нема чип со кој се следи каде сте во реално време

„Вистиномер“ анализираше уште еден од редицата постови на социјалните мрежи кои тврдат дека со вакцините луѓето се чипуваат за да бидат контролирани. Во случајот, станува збор за тврдење дека тоа се прави преку руската вакцина „Спутник В“, што е преседан, оти досега се зборуваше...

Фејсбук со засилена акција против луѓето кои во континуитет споделуваат дезинформации

Фејсбук ги претстави новите начини за информирање на луѓето што се сретнале со содржина која веќе била оценета како дезинформација, а преземаат и посилни мерки против луѓето коишто во континуитет споделуваат дезинформации на социјалната мрежа. Од компанијата уверуваат дека преземаат мерки со кои што...

Вистиномер: Дезинформација е дека во вакцината има магнетни микрочипови

Вакцините не содржат микрочипови. Целата драма со наводни микрочипови, преку кои, наводно, населението ќе биде следено, нема врска со реалноста, пишува Вистиномер. Всушност, компанијата „АпиЏект“ од САД, размислува за „опционален микрочип“, ама тој би бил на етикетата од шприцот и нема да се инјектира...

Контраспин: Без договорот со Грција (и со Бугарија), не можеше ниту во НАТО, ниту може кон ЕУ

Мицкоски ја извртува вистината кога зборува за околностите под кои земјава стана член на НАТО и за патот за членство во ЕУ. Во интервју што е дадено за „Фокус“, Мицкоски вели дека ќе сме станеле членка на НАТО и без промена на името, доколку...