fbpx

Проверка на факти

Во светот не се шири мистериозна болест посмртоносна од коронавирусот

Тврдењето во објавата, како и насловот на написот што го споделува, е во целосна спротивност со она што е прикажано во текстот. Не постои никаква смртоносна и опасна болест која се шири во светот и која е посмртоносна од коронавирусот. „Болест Х“ е хипотетичка...

Вакцините против ковид не се „геноцид“, туку спасуваат животи

Фото: Pixabay/qimono
Само во 2021 година, вакцините против ковид-19 спасија 14.4 милиони животи насекаде во светот. Вакцинацијата, според СЗО, исто така, ја намалува можноста да се појават нови варијанти. Тоа е показател дека вакцините делуваат. Ниту прекумерната смртност, ниту карциномот, ниту смртта на лица на помлада...

Дезинформациски круг на релација Софија-Белград-Скопје со типичен руски шмек

Познат е патот по кој течат руските дезинфо наративи – oд Русија преку Србија, па низ целиот Западен Балкан. Овојпат за промена, изворот е од соседна Бугарија. Лавината тргнува од емисијата „Не се плашете со Васил Василев“, потоа се проширува преку српските таблоиди, па...

Измислено писмо на Путин кружи на социјалните мрежи

„Писмото на Владимир Путин до светот“, кое се споделува од многу корисници на социјалните мрежи, не е споменато од ниту едeн веродостоен медиум, ниту пак,  на веб-страницата на Кремљ каде вообичаено се објавуваат обраќањата и говорите на Путин. Станува збор за комплетно фабрикувано писмо,...

Урсула фон дер Лајен во Давос зборуваше за дезинформациите околу Украина, а не за „болеста Х“

Во видеото од целосното излагање на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ниту еднаш не се споменува идна пандемија, туку таа зборува за дезинформациите кои се шират во врска со воената инвазија на Русија врз Украина, како и за дезинформациите кои го...

Пошта не продава изгубени пакети за 123 денари

Фејсбук страницата Наша пошта која ја промовира оваа наводна наградна игра очигледно е лажна, имајќи предвид дека има малку следбеници и на неа нема никакви информации и други објави. За разлика од неа, официјалната Фејсбук страница на Пошта на С. Македонија има над 6...

Не е точно дека Западот никогаш не се грижел за Украина

Украинците не се испраќаат на фронтот за да умираат, туку за да го бранат територијалниот интегритет на својата земја. Украина не бараше војна, туку е принудена да се брани од рускиот агресор. Не е вистина дека Западот никогаш не се грижел за Украина. Западните...

Контраспин: Како СДСМ мисли да биде избрана привремена влада без двајца министри?

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за неподршка на привремената влада на Талат Џафери е несериозен и тежок за разбирање, ама ставот на СДСМ дека во тој случај „местата во техничката Влада на ДПМНЕ треба да останат празни, а мандатарот да предложи Влада во која што тие...

Видеото не покажува како кинески мигранти бегаат од Русија

Видеото споделено во објавата што ја анализираме, не покажува како кинеските мигранти бегаат од Русија по понудата на Путин за државјанство на странци кои се борат за Русија. На него се прикажани луѓе кои патуваат од Русија за новогодишните празници и тоа се појавило...

Путин не кажал дека Бугарија треба да се дели

Објава на руски блог којашто е нечие лично мислење, се пренесува прво во бугарски медиуми, па на крај во македонски медиуми и на социјални мрежи, каде што ѝ се прикачува наводен цитат од Путин за поделба на Бугарија, што тој никогаш не го кажал,...

Не е вистина дека НАТО ги повлекол сите безбедносни сертификати

Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации информира дека досега се нема случено повлекување на безбедносни сертификати дадени на македонски функционери, воени лица, разузнавање и МВР од страна на НАТО, ниту пак, за такво нешто има какви било индиции. Потврда дека информацијата што се споделува...

Русија не е најсилна економија во Европа

Рускиот претседател Владимир Путин даде изјава во која манипулативно тврди дека Русија е најсилната економија во светот. Она што ја прави изјавата на Путин манипулативна е недостатокот на целокупниот контекст, бидејќи јачината на една економија не се мери само преку бруто домашниот производ (БДП)...

Ердоган не ставил услов за екстрадиција на Палевски

Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, не постои услов поставен од претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган за испорака на припадници на ФЕТО во замена за екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Претседателот Стево Пендаровски...

Нема докази дека Евреите киднапирале и злоупотребувале деца во пронајдените тунели во Њујорк

Визуелни елементи, изработени со алатки за вештачка интелигенција се користат како потврда дека Евреите се пријатели и финансиери на „сите антимакедонски партии“, што не е точно. А, всушност, станува збор за ширење говор на омраза против припадниците на еврејскиот народ на начин и со...

Биометриските платежни картички не ги претвораат луѓето во робови

Биометриските картички се користат за поголема безбедност при плаќањето, оневозможување кражби на идентитетот и со нив корисникот не се претвора во роб. Безбедноста на податоците е загарантирана, а МВР нема никаква поврзаност со овие биометриски картички, бидејќи тие во Македонија не се во употреба....

Контраспин: Богојески манипулира со стара вест и подбуцнува етнички тензии

Петар Богојески, во неуморната мисија со секојдневни „анализи“ на Фејсбук, го разгорува предизборниот пламен. Во неговата објава на социјалната мрежа споделува вест за планираното поврзување на Тетово и Призрен со тунел. Тој алудира дека ова е првиот чекор кон обединување на Голема Албанија, а...

Администрацијата на Бајден не ги отстранила орелот и знамето од американскиот пасош

Пасошите на САД со променет дизајн уште го содржат и орелот и знамето на САД, само на различна страница. Тие почнаа да се издаваат во 2021 година, со одлука од времето кога претседател на САД беше Доналд Трамп, така што не е точно дека...

Сепак има реакција од Владата и МНР за инцидентот со македонското знаме на турнирот „Австралија Опен“

Од партијата Левица прашуваат зошто македонското знаме е забрането за пренос на тенискиот турнир „Австралија Опен“ и зошто нема реакции од властите. Вчера изутрина од Министерството за надворешни работи, а по неколку часа и премиерот, излегоа со соопштенија поврзани со оваа тема. Според соопштението...

Македонската амбасада во Токио не крие дека јапонски ученици учат македонски јазик

Тоа што македонската амбасада во Токио не ја споделила објавата на јапонската амбасада, не значи дека македонската амбасада или македонското МНР кријат дека ученици во Јапонија го изучуваат македонскиот јазик и се запознаваат со македонската култура. За овие ученици нашата амбасада во Токио има...

САД не издале поштенски марки со ликови на македонски револуционери

САД во 1928 година не издале поштенски марки со ликови на македонски револуционери и со карта на „обединета Македонија“, како што се тврди во објавата. Очигледно е дека станува збор за лажни наводни поштенски марки. Поштата на САД во 1928 година издала само...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...