fbpx

Разорно торнадо однесе најмалку четири животи и остави пустош во Чешка

Силно торнадо придружено со град нанесе огромни штети во неколку села во Чешка и уби најмалку четири лица, а остави над 100 луѓе повредени. Во ужасното невреме вчеравечер, ветриштата откорнуваа цели дрва и покриви во југоисточните области Брецлав и Ходоњин, превртуваа автомобили и нанесоа...

Дискусија за 5Г технологијата: Предностите се огромни, а опасности засега има само во теориите на заговор

Сите научни студии што се правени и се прават во светот, како и мерењата што се прават таму каде што се користи оваа технологија, но и мерењата при тестовите во Скопје, покажуваат дека 5Г технологијата нема докажано штетно влијание на човековото здравје, или на...

Нуркачкиот центар „Амфора“ предупредува дека Охридско Езеро се полни со отпад од четири реки (галерија)

Нуркачкиот центар „Амфора“ го реализираше успешно проектот „Подводна еко патрола”, чија цел беше да се откријат вливовите на реките преку кои најмногу се загадува Охридското Езеро со цврст отпад. Беа опфатени четири реки: Черава, Грашница, Далјан и Сатеска. „Состојбата со вливот на реките во езерото...

Белорускиот опозициски активист се обиде да се самоубие за време на судењето против него во Минск

Активистот и политички затвореник Стјапан Латипау вчера се обиде да си го одземе животот со пенкало додека сведочеше на судењето против него во Минск, главниот град на Белорусија. Латипау даваше исказ за тортурата во затворот по што си го пресече вратот. Во критична состојба...

Порталб: Скејт паркот во Тетово не ја преживеа небрежноста од општината, младите во акција

Институционалната небрежност на општина Тетово, како и вандализмот на граѓаните, ги оставија младите во овој град без единствениот скејт парк. Паркот, изграден од странски и локални активисти, во моментов наликува на мала депонија. Откако барањето на младите до институциите за одржување на локацијата не...

Најмалку 40 жртви во Израел и Појасот Газа, во жестоките напади меѓу Израел и Хамас

Вооружениот конфликт меѓу Израел и Хамас ескалираше синоќа и ноќеска, со жестоки ракетни и воздушни напади во кои загинаа најмалку 35 лица во Појасот Газа и најмалку петмина во Израел. Палестинските сили испалија стотина ракети на Израел, кој, пак изврши силни воздушни напади на Појасот...

Столтенберг: Членството во НАТО ја постави Северна Македонија на патот на стабилноста и просперитетот

Фото: НАТО
Северна Македонија е вреден сојузник на НАТО, велии Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во честитката за, како што рече, успешната прва година на Северна Македонија во Алијансата. Во видео обраќањето по повод годишнината, тој рече дека Северна Македонија е суверена земја во силната Алијанса,...

Наумов: Новинарот мора на време да го прекине соговорникот што шири дезинформации или говор на омраза

Здружението на граѓани „Медиа Плус“ во рамките на својата работа на справување со дезинформации, објави и видео со разговор и сведоштва на новинари од „Канал 77“ за можноста дезинформации и говор на омраза да „се протнат“ во контактни емисии, односно во емисии во живо. Емисиите...

Сведоштва на новинарки за тоа колку лесно може човек да биде излажан од дезинформации

Здружението на граѓани „Медиа Плус“ во рамките на својата работа на справување со дезинформации, објави и видео со разговор и сведоштва на две новинарки од „Канал 77“ за напливот на дезинформации. Новинарите во секојдневната работа се соочуваат со секаков тип на дезинформации и полуинформации, поради...

Тунтев: Загубите од ковид-19 се евидентни, авиосообраќајот ќе ги достигне минатогодишните бројки во 2023 година (видео)

Двата аеродроми во земјава можеа да го дочекаат 3 милионитиот патник до крајот на годинава да не беше пандемијата на ковид-19. Евидентна е финансиската загуба во сите сегменти од авиоиндустријата, а предвидувањата на Агенцијата за цивилно воздухопловство се дека нивниот годишен буџет до крајот...

Заев: Нашето место во ОН е потврда за македонскиот јазик и македонскиот идентитет (Видео)

Македонија е меѓународно призната држава со сопствена армија, со државна валута и со сите постулати на државност, нашето место во ОН е кристална и недвосмислена потврда и за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет. Македонскиот јазик се користи слободно секаде во сите меѓународни институции,...

Пендаровски: Кога фашизмот изгледаше застрашувачки, македонските граѓани имаа храброст да се соочат со тоа зло

Карактерот на еден народ се цени според неговото однесување во пресвртни историски периоди. За време на Втората светска војна, кога поголемиот дел од Европа беше окупиран, а милиони луѓе беа обесправени, фашизмот, на врвот на својата моќ, изгледаше застрашувачки. Токму во тие мрачни времиња,...

Грчката ултранационалистичка партија „Златна Зора“ прогласена за криминална организација

Судот во Атина денеска пресуди дека екстремно десничарската партија „Златна Зора“ (Хриси Авги) е, и била криминална организација. Оваа партија веќе десетина години е еден еден од факторите на политичката сцена во Грција. Судот пресуди дека седум поранешни пратеници на партијата, вклучително и лидерот на...

Штипските радиоаматери „фатија“ сигнал и презедоа фотографија од Меѓународната вселенска станица (видео)

Меѓународната вселенска станица (ISS) вчера од височина од околу 425 километри над Земјата емитуваше сигнал, кој беше „фатен“ од радиоаматерите на клубот „Никола Тесла“ од Штип. Од клубот објаснуваат дека, според најавата, Меѓународната вселенска станица околу 18.42 часот „прелетала“ над Централна Европа, а тие се...

Филм за Леонард Коен и блок македонски филмови за затворање на 6. издание на Скопје синема сити

Вториот филмски викенд во рамките на 6. издание на Филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ ќе почне утре. Како и првиот викенд, така и овој ќе биде организиран во дворот на Кинотека на Северна Македонија. Утре со почеток од 19 часот, ќе...

И по седум години изградба, не се знае кога ќе помине првиот воз по пругата Куманово-Бељаковце (мултимедија)

Со многу помпезност и пред бројни телевизиски камери, на 2 март 2014 година беше поставен камен-темелник за реконструкција на пругата Куманово-Бељаковце како прва фаза од проектот за изградба на пругата кон Бугарија. Почетокот на оспособувањето на пругата долга 30,8 километри го означи тогашниот премиер...

Уапсени тројца домашни ИСИС-овци, запленето оружје, муниција и „појаси за самоубијци“ (галерија+видео)

Во акција на Министерството за внатрешни работи (МВР), во соработка со Агенцијата за национална безбедност (АНБ), а по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК), вчера се уапсени тројца терористи кои се организирале по урнекот на ИСИС и...

На руска државна телевизија повторена невистината за смртта на демонстрантот во Минск

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во...

Дезинформации за навлегување на руската војска во Белорусија за да „ги смири демонстрациите“

Откако на социјалните мрежи и преку чет апликациите почнаа да се шират видеа на кои се гледаат воени транспортери и автобуси полни со војници, со тврдење дека тоа е руска војска која или веќе навлегла во Белорусија или „само што не влегла“, проверувачите на...

Намонтирана ракета во видео шири дезинформации дека експлозијата во Бејрут била поради напад

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...