fbpx

Меси сруши нов рекорд со уште еден хет-трик

Mesi me het-trik theu rekordin e Raulit dhe u bë golashënuesi më mirë në Ligën e Kampioneve
На синојќешниот натпревар на Барселона со АПОЕЛ, Лионел Меси постигна хет-трик и го сруши рекордот на Раул за најмногу постигнати голови во Лигата на шампиони. Меси досега има постигнато 74 погодици и го надмина Раул кој имаше постигнато 71 гол. Ова за Меси беше петтиот...

Кина: 24 загинати при пожар во рудник

Најмалку 24 рудари загинаа, а 52 се повредени во рудникот за јаглен во Кина, соопшти денеска агенцијата „Синхуа“. Акција за спасување во рудникот во североисточната покраина Лиајонинг е завршена, а работата во рудникот е запрена. Според првичните резултати од истрагата, причина за пожарот бил слаб локален...

(ВИДЕО) Полицијата ги уапси лидерите на протестите во Хонгконг

Полицијата во Хонгконг го отстрани барикадите во областа Монг Кок каде логоруваат демонстрантите кои веќе два месеци протестираат. Полицијата соопшти дека 116 лица се уапсени поради престапи меѓу кои и незаконско собирање и напади на полицијата, како и нејзино попречување во работата. Меѓу уапсените е и...

(ВИДЕО) Две девојки-самоубијци усмртија 45 лица

Најмалку 45 лица загинаа на североистокот на Нигерија, откако две бомбашки-самоубијци, облечени во традиционална муслиманска носија, го детонираа експлозивот на преполноот пазар во градот Мајдугури. Очевидците потврдија дека една од девојките во зар ја активирала бомбата и убила три жени, додека другата чекала околу неа да...

„Сони“ со сексистичка реклама за новиот „плејстејшн“

Јапонската компанија „Сони“ сними „жешка“ реклама за својата играчка конзола „плејстејшн“, во која сексапилна докторка создава алузија на мастурбација. Порталот „Врџ“ ја оцени рекламата како „срамна за сите, па дури и за мажите и тинејџерската популација на која, очигледно, ѝ се обраќа“. Иако „Сони“ набргу ја повлече...

(ВИДЕО) Австралија ќе го добие најголемиот хотел во светот

Австралија наскоро ќе го добие најголемиот хотел во светот, откако хонгконшкиот милијардер Тони Фунг ќе го реализира проектот „Аквис“. Станува збор за хотел со шест ѕвезди, со 7.500 соби и со казино, а ќе се наоѓа надвор од градот Кернс. Сепак, проект вреден 8,15 милијади австралиски...

(ВИДЕО) Папата Франциск повика балканските земји да се интегрираат во ЕУ

При својата прва официјална посета на Европскиот pарламент во Стразбур, папата Франциск одржа говор пред европратениците, во кој кусо се осврна и на Балканот, повикувајќи ја Европска Унија да ги прими земјите од Балканот во својот клуб. - Членството во ЕУ за земјите од Балканот...

Петрески и соработниците лапнале милиони евра во коруптивни зделки (ВИДЕО)

Истрагата на полицијата за случајот „Јагула“, како што информираат од МВР, открила сложена мрежа на коруптивни зделки поврзани со постапки за јавни набавки, за кои се осомничени поранешниот градоначалник на Охрид, негови блиски соработници и управители на фирми. Според информациите на МВР, осомничените во периодот...

Активистите му покажаа на Зврлевски како изгледа хулигански напад

„Истрагата е во тек - до кога“ и ужасни звуци од кршење стакло можеше да се слушнат денеска пред објектот на Основно јавно обвинителство. Со ова активистите за човекови права сакаа да ја доловат атмосферата што се случи пред неколку недели во кафулето „Дамар“, кога...

(ВИДЕО) Пукано на конвој на ОБСЕ во Источна Украина

Униформирани лица на истокот на Украина вчера стрелаа на конвојот на меѓународните набљудувачи на Организацијата за европска безбедност и соработка, соопштија денеска од ОБСЕ. Во соопштението се наведува дека униформираните мажи двапати пукале во возилата во движење, во близина на градот Маринка, кој е под контрола...

(ВИДЕО) Пукање на Универзитетот „Флорида“, убиен е напаѓачот

Три лица се ранети при пукање во кампус на Државниот универзитет „Флорида“ во Талахаси. Напаѓачот е убиен, откако сттрелал во полицијата, јавува „Си-Ен-Ен“. Според информациите на американската телевизиска куќа, едно рането лице е во критична состојба. - Двајца ранети во пукањето се пренесени во болница. Еден од...

Велосипедска патека која наликува на слика на Ван Гог

Холандскиот уметник и дизајнер Дан Розегеарде создаде прекрасна и иновативна велосипедска патека која свети навечер. Патеката, поради светечките каменчиња и ЛЕД-светилките, потсетува на познатата слика на Ван Гог, „Ѕвездена ноќ“. Километарската патека, која е направена со посебна технологија на светење во темнина, како и со ЛЕД-светилки...

(ВИДЕО) Американски војници нападнати во Истанбул

Членови на турската националистичка фракција, вчера, во Истанбул, нападнале морнари на американската флота. Американската амбасада во Анкара денеска изрази протест поради инцидентот. Напаѓачите, кои припаѓаат на Асоцијација на турската младина (ТГБ), прво вербално го нападнале трите припадници на американската морнарица кои застанале во Истанбул по маневрите...

(ВИДЕО) Полицијата го бркала осомничениот убиец по гробиштата во Кавадарци

Од МВР денеска излегоа со официјални детали од апсењето на осомничениот за трикратното убиство во Кавадарци. Како што информираат оттаму, 40-годишниот Т.С. бил уапсен вчера, околу 11.30 часот, по бркотница со полицијата на градските гробишта и низ околните улици во Кавадарци. По речиси дводневна потрага и...

Седумдесет повредени и 276 приведени во демонстрациите во Полска

Најмалку педесет полицајци и 24 демонстранти се повредени за време на судирите во Варшава што избија за време на Маршот на независноста, организиран од националистички движења. На марш на Денот на независноста на Полска, кој го организираа националистичките движења, демонстрантите ја гаѓаа полицијата со Молотови коктели, со...

(ВИДЕО) Со велосипед постигнал брзина од 333 км/час

Швајцарскиот велосипедист Франсоа Жиси постави нов светски рекорд, возејќи со брзина од 333 километри на час. Жиси, кој е познат по тоа што вози необични велосипеди, се тркаше со „ферари F430“, но овојпат неговиот велосипед поседуваше ракетен погон. Пред самиот потфат, велосипедот на Жиси мораше...

(ВИДЕО) Хаваи: Лава од вулканот Килауе ја голтна првата куќа

Река лава, која со месеци се слева кон хавајскиот град Пахоа, ја уништи првата куќа, јавува „Би-Би-Си“. - Вулканската лава запали куќа во градот Пахоа на Големиот остров. Куќата, за среќа, била празна и горела 45 минути - соопшти шефот на цивилната одбрана, Дерил Оливер. Лавата која ја...

Авторот на „Симпсонови“ го подарува своето богатство

На коавторот на култната анимирана серија „Симпсонови“, Сем Сајмон, во 2012 година му бил дијагностициран неизлечив рак на дебелото црево. Сепак, пред да почине, тој сака да го подари своето милионско богатство. Лекарите уште во 2012 година му прогнозирале дека има уште три месеци живот,...

(ВИДЕО) Припадниците на ИСИС бегаат од Беиџи

Ирачката војска ги принудила џихадистите на Исламска држава да се повлечат од центарот на градот Беиџи, во кој се наоѓа најголемата ирачка рафинерија за нафта. Командантот на воените сили во Беиџи, генерал Абдул Вајаб ал-Сади, изјави дека воените единици ги зазеле зградите на локалната влада...

(ВИДЕО) Пакистан: 58 загинати при судир меѓу автобус и камион

Педесет и осум лица загинаа, од кои 18 деца, при судир на автобус и на камион на автопат на југот во Пакистан, соопшти локалната полиција. Како што соопшти портпаролот на полицијата, Гулам Џокио, причина за сообраќајката била густата магла. Автобусот со 70 патници се движел од...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...