среда, 11 февруари, 2026
Meta.mk

„Спаси го интернетот“ – кампања за зачувување на неутралноста на интернет

23 јуни 2015

Европската комисија и Советот сакаат да усвојат пропис што ќе им овозможи на интернет-провајдерите (ISP) да прават дискриминација меѓу клиентите и да наплаќаат додатни суми за различни видови интернет-услуги. Повеќе невладини организации од Европа ја спроведуваат кампањата „Спаси го интернетот“ за зачувување на неутралноста на интернет-просторот. Само оние кои плаќаат повеќе ќе имаат полесен пристап […]

„Ербас“ ќе гради гигантска сателитска мрежа

15 јуни 2015

Европскиот гигант „Ербас“ склучил договор за изградба на најголемата констелација на сателити во светот, пренесува „Би-Би-Си“. Компанијата планира да произведе 900 сателити за концернот „Уан веб“ (OneWeb), кој има намера да го прошири интернет-пристапот низ целиот свет. Договорот бил објавен на Париското аерошоу и, според плановите, првично ќе бидат лансираат повеќе од 600 сателити, додека […]

Модулот „Филе“ се разбуди

14 јуни 2015

Европската вселенска агенција (ЕСА) денеска соопшти дека модулот „Филе“, кој неколку месеци беше во хибернација, се „разбудил“ и контактирал со Земјата. „Филе“, кој е првиот вселенски модул што слетал на комета, беше спуштен на површината на кометата „67Р Чурјумов-Герасименко“ во ноември минатата година, од вселенското летало „Розета“. Модулот на површината на кометата беше во функција околу […]

Кулинарски специјалитет од Тајланд предизвикува рак на црниот дроб

14 јуни 2015

Тим научници и лекари од Тајланд се обидуваат да ги сменат навиките за исхрана на дел од населението во североисточниот дел од земјата, откако било откриено дека кулинарскиот специјалитет што го подготвуваат од свежа риба е главниот виновник за големата стапка на заболени од рак на црниот дроб, се вели во сторијата објавена од „Би-Би-Си“. […]

Научници од Синсинати откриле можност за лекување со помош на струја

10 јуни 2015

Тим научници од Универзитетот во Синсинати можеби пронашле начин на брзо лекување на нашите тела од повреди и од рани, користејќи струја, пишува „Хафингтон пост“. Нивниот експеримент функционира врз основа на тоа што нашите тела реагираат на електрични полиња, благодарение на присуството на наелектризирани честички, јони, во нашите клетки. Андреи Коган, професор по физика на […]

„Гугл мапс“ наскоро со навигација и со пребарување офлајн

1 јуни 2015

Интернет-гигантот „Гугл“ најави дека нивната веб и мобилна апликација „гугл мапс“ ќе биде достапна и за пребарување и за навигација  офлајн. На конференцијата што се одржа во Сан Франциско минатиот месец, од „Гугл“ најавија дека сите корисници ќе може да ги користат предностите на апликацијата. Меѓу другото, ќе биде овозможено и добивањето детални патни насоки, преку однапред […]

НАСА распиша конкурс за изградба на населба на Марс

29 мај 2015

Американската вселенска агенција (НАСА) распиша конкурс за да биде сигурна дека идните жители на земјиниот сателит и на црвената планета ќе имаат покрив над глава. Проектот 3ДПХаб, кој е во рамките на програмата „Предизвици на векот“ на НАСА, предвидува развој на технологија за изградба на дом надвор од нашата планета, со користење локални ресурси и материјали […]

Новороденчињата во Италија ќе се проверуваат за наследни болести

5 мај 2015

Лекарите во Италија, во рок од 48 часа по раѓањето ќе ги прегледуваат новороденчињата за да утврдат можна појава на наследни болести, јавуваат италијанските медиуми, повикувајќи се на допис кој Министерството за здравство во Рим им го испратил на регионалните здравствени институции. Раните прегледи ќе им овозможат на здравствените работници да осмислат примена на соодветни третмани […]

Вселенско цунами би можело да ги оживее мртвите галаксии

27 април 2015

Меѓуѕвезденото цунами може да дејствува како дефибрилатор „за црвените и за мртвите галаксии“, откриле астрономите. Експертите велат дека во моментот кога соседните кластери од галаксии ќе се спојат, се создава шок-бран и во воскреснатиот космички систем се создаваат нови генерации на ѕвезди. Според последното истражување, кое го спровеле Андра Строе и Дејвид Собрал од Опсерваторијата „Лајден“, […]

Наскоро вадење крв без игла

24 април 2015

Американските научници осмислиле направа за вадење крв со чија помош целата постапка ќе се одвива едноставно, безболно и без игла, а која би можела да се најде во продажба уште следната година. Апаратот со големина на топче за пинг-понг, функционира така што се поставува на кожата околу две минути, а за тоа време посебниот вакуумски […]

Тестирано шампањско кое на дно на море лежело 170 години

23 април 2015

Шишиња шампањско, кои беа спасени од дното на Балтичкото Море од остатоците од брод стар 170 години, беа тестирани во лабораторија, јавува „Би-Би-Си“, наведувајќи дека резултатите покажале интересни карактеристики на познатиот пијалак. Во јули 2010 година, од дното на Балтичко Море беа спасени 168 шишиња шампањско, кои потонале во бродолом што се случил пред 170 […]

За седум години ќе се судрат две црни дупки

23 април 2015

Научниците од универзитетот во Илиноис ја направиле првата 3Д-симулација на судир на две големи црни дупки. Научниците, повикувајќи се на податоци од други истражувања, наведуваат дека таквиот судир би можел да се случи за седум години. За да ја направат симулацијата поверодостојна, научниците ја користеле теоријата на релативноста на Алберт Ајнштајн. Доктор Стјуард Шапиро, професор по […]

Јапонија планира мисија на Месечината

20 април 2015

Јапонија планира да покрене беспилотна мисија на Месечината, која треба да биде првиот чекор кон идните посети на Марс, најавија претставниците на Јапонската вселенска агенција. Агенцијата го претстави планот за месечевата сонда на владата и на министерството за образование, наука и технологија. Доколку акцијата биде успешна, Јапонија ќе стане четвртата земја што испратила беспилотно летално на […]

Првиот климатски камп во Македонија ги награди најдобрите

19 април 2015

Од 17 до 19 април се оддржа Првиот климатски камп во Македонија, „Од тебе зависи“, кој имаше цел да ги поттикне граѓаните да ги промовираат своите идеи за тоа како може да се намалат штетните влијанија на климатските промени во урбаните средини. Најдобрите два тима, кои ги промовираа своите идејни решенија за темата, добија по […]

Измерена рекордно висока температура на Антарктикот

30 март 2015

На Антарктик на 24 март годинава е забележан најтоплиот ден откога е почнато мерењето на температурата на овој дел од Земјата. Како што јавува американската телевизија „Ен-Би-Си“, повикувајќи се на извештајот на „Ведар андерграунд“, температурата се искачила до 17,5 Целзиусови степени, што е за 0,5 степени повисока температура од претходниот рекорд забележан во 1976 година. […]

Откриени остатоци од непознат вид човек

3 март 2015

Во Кина се пронајдени фосили што не се вклопуваат во ниту еден досега познат човечки вид. Според својот изглед, не спаѓаат во неандерталците, ниту во современите луѓе. Тие се нешто сосема друго, но никој не е сигурен што. Фосилите првпат се откриени во пештерата Ксијиао во 1976 година, а пронајдени се неколку фрагменти од череп и […]

Продал „комодоре 65“ за 20.000 евра

17 февруари 2015

Колекционерите на стари компјутери знаат дека најбараната „старудија“ е „епл 1“, но во чекор го следи и вистинскиот раритет – „комодоре 65“. Се смета дека денеска постојат околу 200 „комодоре 65“, познати и под називот „commodore 64DX“, а овој прототип која настанал во 1990 година требало да биде последниот голем осумбитен систем. Така барем смета […]

„Јутјуб“ воведува гледање од различни агли

6 февруари 2015

„Јутјуб“ воведува нова функција „избери го својот агол“, која овозможува промена на аголот на гледање на одредена видеосодржина. Станува збор за постапка што овозможува гледање содржини и промена на аголот на гледање во кој било момент, што е слично како кај некои ДВД/блу-реј или компјутерски игри. Видеосодржините ќе може да се гледаат од четири различни агли […]

СЗО: Двојно е зголемен бројот на лицата се прекумерна телесна тежина

27 јануари 2015

Новите податоци на Светската здравствена организација (СЗО) покажуваат дека од 1980 година бројот на лицата со прекумерна телесна тежина двојно се зголемил и изнесува 600 милиони. Според податоците на СЗО, околу две милијарди луѓе имаат преголема телесна маса, која може да се окарактеризира како дебелина. Експертите особено се загрижени поради дебелеењето и зголемената телесна маса која […]

Со „Твитер“ против срцевите болести

26 јануари 2015

Микроблог-платформата „Твитер“ може да послужи како алатка за борба против спречување срцеви болести. Новата студија што заедно ја спроведоа научниците од Универзитетот во Пенсилванија и Универзитетот „Нортвест“ во Мелбурн, докажала дека негативните емоции изразени преку „твитови“ може да бидат фактор кој јасно укажува на ризикот за појава на срцеви болести. Истражувањето е спроведено на територија на […]

Страна 5 од 6