среда, 11 февруари, 2026
Meta.mk

Откриени две нови простории во гробницата на фараонот Тутанкамон

1 октомври 2015

Kралицата Нефертити можно е да е погребана во една од двете новооткринеи простории во гробницата на фараонот Тутанкамон, смета британскиот археолог Николас Ривс, пренесува „Би-Би-Си“. Според Ривс, скeнарањата извршени со специјален радар, за чија употреба британскиот археолог добил дозвола од египетските власти, откриле две дополнителни простории, сокриени во ѕидовите на гробницата. Инаку, Ривс се обидува […]

„Мајкрософт“ го претстави „виндоус 10“

1 октомври 2015

„Мајкрософт“ завчера во кино „Синеплекс“ организираше ден на „виндоус 10“ и официјално го промовираше новиот оперативен систем на деловните корисниците и на партнерите. „Овој „виндоус 10“ e без конкуренција најдобриот „виндоус“ кој досега бил објавен и во него се собрани најдобрите искуства, знаење, технологии и иновации. „Виндоус 10“ им овозможува на луѓето и на организациите […]

НАСА: На Марс е пронајдена вода во течна состојба

28 септември 2015

По многу години шпекулации и озборувања, НАСА официјално објави дека на црвената планета е откриена течна вода. Научниците откриле дека на Марс постојат кањони и кратер од ѕидови на кои за време на летните месеци тече солена вода. Ова значи дека шансите за наоѓање некој облик на живот на оваа планета се многу поголеми од […]

Јапонска ракета стигна на Меѓународната вселенска станица

25 август 2015

Јапонска ракета Х-2Б утринава стигна на Меѓународната вселенска станица со намирници и други потребни продукти наменети за астронаутите на таа станица, соопшти јапонската вселенска агенција. – Ракетата успешно слета во 2 и 28 по јапонско време – се наведува во соопштението во кое се додава дека целата операција за слетување ја надгледувале јапонските космонаути Кими […]

Науници од САД тврдат: Правиме јаглеродни нановлакна од ЦО2 од воздухот

20 август 2015

Американски научници тврдат дека откриле метод за добивање на јаглеродни нановлакна од јаглерод диоксид од воздухот. Како што пренесува „Би-Би-Си“, нивниот соларно напојуван систем користи електрична енергија од само неколку волти, која се спроведува во сад полн со врела, растопена сол, по што јаглерод диоксидот се апсорбира и нановлакната постепено се собираат на една од […]

Откриени три нови вида инсекти во Македонија

13 август 2015

Три нови досега непознати видови водени инсекти се пронајдени во националниот парк „Маврово“. Како што јавува порталот „Балкан риверс“, научниците ги откриле инсектите што спаѓаат во видовите drusus krpachi, potamophylax lemezes и siphonoperla korab во соработка со Волфрам Граф, доцент на виенскиот Универзитет за природни ресурси и природни науки. Засега инсектите не се целосно истрaжени, но […]

Британската библиотека бара некој да ја реши мистеријата со натписот на средновековен меч

10 август 2015

Британската национална библиотека бара помош од јавоста за одгатнување на мистериозен натпис на сечило од средновековен меч, стар околу 800 години, пишува „Хафингтон пост“. Станува збор за меч со двојно сечило, тежок околу еден килограм, со должина на сечилото од околу 96,52 сантиметри и балчак (рачка) долга околу 16,51 сантиметар, кој е дел од изложбата […]

Вештачката интелигенција може да биде „калашников“ на иднината

28 јули 2015

Дел од водечките умови на денешницата предупредуваат дека оружјата целосно напојувани од вештачка интелигенција (artificial intelligence, AI) можат да станат реалност многу наскоро. Астрофизичарот Стивен Хокинг, коосновачот на „Тесла“, Илон Маск, коосновачот на „Епл“, Стив Возниак и уште повеќе од 1.000 други науници од светот се потписници на писмо во кое предупредуваат на заканите од т.н. […]

Најтопла година 2014, на Гренланд температурата повисока за 62 Целзиусови степени

27 јули 2015

2014 година е најтопла во последните 135 години, покажа годишниот извештај за состојбата на климата, а температурата дополнително ќе се зголемува. Климатските промени влијаеле и врз температурата на најголемиот остров на светот, Гренланд. Ако пред осум години, во овој период од година, температурата изнесувала минус 35 Целзиусови степени , во летото 2014 година температурата била плус 27 […]

Капсулата „Сојуз“ со тричлен екипаж се спои со Меѓународната вселенска станица

23 јули 2015

Руското вселенско летало „Сојуз“, со тим астронаути утрово безбедно се споил со Меѓународната вселенска станица, на 400 километри од Земјата, јавува „Би-Би-Си“. Капсулата се споила со станицата околу 1.45 часот по средноевропско време. Лансирањето на „Сојуз“ од рускиот космодром „Бајконур“ во Казахстан, поминало без никакви проблеми и по шестчасовен лет, тројцата астронаути од Русија, Јапонија […]

Откриен вистинскиот гроб на Филип Втори, таткото на Александар Македонски?

21 јули 2015

Тим научници од Универзитетот „Демокрит“ во Тракија, Грција, тврдат дека успеале да го лоцираат вистинскиот гроб во кој лежат останките на Филип Втори Македонски, таткото на Александар Трети Македонски, пишува „ИФЛ Саенс“ (IFL Scinece). Според резултатите од нивното истражување, во кое биле користени најсовремени форензички техники за анализа на остатоци од човечки скелет, таткото на […]

Стивен Хокинг ја најави досега најголемата потрага по интелигентен вонземски живот

20 јули 2015

Британскиот физичар Стивен Хокинг го најави новиот обид што треба да одговори на прашањето дали има живот на друго место во вселената. Како што јавува „Би-Би-Си“, станува збор за проект за потрага по вонземски живот, кој е најголем досега и ќе трае 10 години, а ќе бидат следени сигналите, емитувани од милиони ѕвездени системи, кои се […]

Објавени првите фотографии од Плутон: Џуџестата планета покажува знаци на геолошка активност

16 јули 2015

На Плутон има планини од мраз високи колку Карпестите Планини во Северна Америка, покажуваат фотографиите од сондата „Нови хоризонти“, а кои вчеравечер беа објавени од НАСА. Исто така, на џуџестата планета биле забележани знаци на геолошка активност, како и на нејзиниот природен сателит Харон. Сондата „Нови хорзиноти“ во вторникот помина покрај Плутон, доближувајќи се на […]

Научниците во ЦЕРН открија нова субатомска честичка

14 јули 2015

Научниците што ги водат експериментите во големиот хадронски колајдер (Large Hadron Collider) во ЦЕРН објавија дека откриле нова субатомска честичка, наречена пентакварк, јавува „Би-Би-Си“. Постоењето на честичката првпат беше теоретски претпоставено уште во 1960 година, но како и случајот со Хигсовиот бозон, науката со децении го проблематизираше пентакваркот сè до неговото детектирање во хадронскиот колајдер. Откритието […]

Средба со организаторите на „Доку-тек“ на 15 јули

7 јули 2015

Фондацијата „Метаморфозис“ на 15 јули ќе организира средба со тимот на „Доку-тек“ (Doku: Tech) на која технолошките ентузијасти од Македонија ќе добијат шанса да учествуваат на уникатната технолошка конференција во регионот, што ќе се одржи во Призрен, Косово, на 8 и на 9 август. „Доку-тек“ ги истражува социјалните импликации на технолошките иновации преку поврзување, содржина, отвореност […]

Руски вселенски брод на пат кон Меѓународната вселенска станица

3 јули 2015

Руска вселенска ракета од типот „Сојуз“, која носи товарен брод без човечки екипаж, денеска успешно полетала од космодромот „Бајконур“ во Казакстан и е на пат кон Меѓународната вселенска станица, јавуваат светските агенции. Лансирањето на „Сојуз“ поминало беспрекорно. Ракетата го однела бродот „Прогрес М-28М“ во назначената орбита, на безбеден пат кон вселенската станица, со која, според […]

Заврши Летната школа за електроника на ФЕИТ

3 јули 2015

Теоретско запознавање и практично искуство со вградливи микрокомпјутерски системи е придобивката за сите слушатели (студенти и средношколци) на Летната школа „Дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи“, што денеска заврши на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). Според професор Јосиф Ќосев од Институтот за електроника при ФЕИТ, организатор на Летната школа, студентите, всушност, имаа можност својата замисла да […]

Руски космонаут постави рекорд во вселената

30 јуни 2015

Рускиот космонаут Генадиј Падалка, командант на Меѓународната вселенска станица, постави нов рекорд за должината на времето поминато во вселената од вкупно 803 дена, соопшти руската вселенска агенција. – Рекородот е официјален, Генадиј Падалка стана човекот кој помина најмногу време во вселената – изјави портпаролот на руската вселенска агенција „Роскосмос“. Падалка, кој наполни 57 години на […]

„Солар импулс“ го почна својот лет преку Тихи Океан

29 јуни 2015

Швајцарското експериментално летало на соларен погон, за долги дестинации, „Солар импулс“, го почна својот историски лет преку Тихи Океан, јавува „Би-Би-Си“. Ова е втор обид на соларниот авион да го прелета Пацификот. „Солар импулс“ полета од аеродромот во Нагоја, Јапонија, вчера во 18.03 часот, според средноевропско време и, според плановите, на Хаваи треба да слета по […]

„Лексус“ направи вистинскa лебдечка штица

25 јуни 2015

Тим на „Лексус“ развил прототип на лебдечка штица (ховерборд), налик на онаа од второто продолжение на филмскиот хит од 1980-тите „Враќање во иднината“, соопштиле вчера од компанијата, пренесува „Би-Би-Си“. Во изработката на вистинска, реална лебдечка штица, која функционира, проектниот тим на „Лексус“ соработувал со експерти во технологијата на суперпроводници. Како што соопштиле од компанијата за […]

Страна 4 од 6