среда, 14 октомври, 2026
Meta.mk

Обама испратил писмо до Иран за заедничка борба против ИСИС

ноември 7, 2014

Американскиот претседател Барак Обама му испратил писмо на иранскиот врховен лидер Јаменеи во кое го истакнува заедничкиот интерес на двете земји во борбата против екстремистичкото движење Исламистичка држава, пишува „Вол стрит џурнал“. Весникот, кој се повикува на дипломатски извори, во текстот наведува дека писмото е испратено кон средината на октомври, што претставува преседан во односите […]

Орбан: САД вршат притисок врз Унгарија поради соработката со Русија

ноември 7, 2014

САД вршат притисок врз Унгарија поради нејзината соработка со Русија околу енергетските прашања, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. – САД вршат голем притисок врз Унгарија затоа што имаат погрешен впешаток дека е блиска со Русија – изјави синоќа, во Минхен, Орбан, по средбата со шефот на регионалната баварска влада, Хорс Зехофер. Орбан истакна дека неговата политика „не е проруска, […]

Силен замјотрес ја погоди Папуа, Нова Гвинеја

ноември 7, 2014

Силен земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала изутринава ја погоди  Папуа во Нова Гвинеја. Според податоците од Геофизичкиот институт на САД, епицентарот на земјотресот се наоѓал на 65 километри длабочина, во близина на островот Нова Британија. Засега нема податоци за жртви и за причинета материјална штета ниту, пак, е издадено предупрадување за можна […]

Маринецот кој го уби Бин Ладен ќе го открие својот идентитет

ноември 6, 2014

Припадникот на специјалната единица на војската на САД, „Морнарички фоки“, кој го уби водачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, одлучил да го открие својот идентитет, револтиран поради губењето на здравственото осигурување и пензијата бидејќи предвреме ја напуштил воената служба, пренесуваат светските медиуми. Се очекува тој да има големо интервју за телевизијата „Фокс њуз“, овој […]

Горбачов со поддршка за политиката на Путин

ноември 6, 2014

Порашениот советски лидер Михаил Горбачов (83), денеска изјавил дека ќе ја брани политиката на рускиот претседател Владимир Путин кога ќе отпатува во Германија на одбележувањето на 25-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, пренесуваат светските медиуми. Според Горбачов, кога станува збор за интересите на Русија, Путин е најдобриот човек за нивна одбрана. Овој викенд, Горбачов ќе […]

Швајцарија: Свлечиште усмрти мајка и дете

ноември 6, 2014

Свлечиште кое прекрило куќа на југот од Швајцарија, усмрти 31-годишна жена и нејзината тригодишна ќерка, соопштија денеска швајцарските власти. Циришкиот весник „20 минутен“ на својата веб-страница објави дека спасувачите ги пронашле жената и детето во урнатините на куќата, во зафрлен дел во близна на Лугано. Полицајци, пожарникари и спасувачи со помош на кучиња-трагачи цела ноќ го пребарувале местото, надевајќи […]

Критичар на Путин пронајден мртов во својот дом

ноември 6, 2014

Познат руски актер и критичар на претседателот Владимир Путин е пронајден мртов во својот дом во Москва. Телото на Алексеј Девотченко е откриено во неговиот дом, облеано со крв. Според рускиот таблоид „Лајвњус“, Девотченко со рака удрил во стаклен орман при што се расекол. Смртта настанала како последица на голема загуба на крв. Порталот јавува дека […]

Нови судири на протестите во Хонг Конг

ноември 6, 2014

За нови судри меѓу демонстрантите и полицијата во Хонг Конг, по двонеделната пауза од протестите, јавуваат локалните медиуми. Кинескиот весник „Саут Чајна морнинг пост“ јавува дека судирите избиле во бизнис-квартот Монг Кок, а повод, наводно, било тоа што еден од демонстрантите вклучил блиц од фотоапарат кон полицајците. Нови судири избија откако десеттина лица излегоа на […]

САД: Милијардер близок до Путин под истрага за перење пари

ноември 6, 2014

Руски милијардер, близок до Владимир Путин, се најде под истрага во САД за перење пари и за тргување со нафта, јавува „Њујорк тајмс“. Службеник на американските федерални власти во средата соопшти дека американското министерство за правосудство покренало истрага за перење пари, а во центарот на истрагата се наоѓа Генадиј Тимченко. – Случајот е кај федералниот […]

Една жена е повредена во експлозија во Каиро

ноември 6, 2014

Една жена е повредена утрово при експлозија во близина на претседателската резиденција во Каиро. Откако армијата го собори од власт исламистичкиот претседател Мохамед Морси во јули 2013 година, Египет е зафатен од серија напади. За нив се одговорни џихадистички групи, кои тврдат дека дејствуваат како одговор на жестоките репресии против приврзаниците на Морси. Во текот […]

„Форбс“: Путин е најмоќниот човек на светот

ноември 6, 2014

Втора година по ред, рускиот претседател Владимир Путн е избран за најмоќна личност во светот на листата што ја прави влијателното списание „Форбс“. Путин се наоѓа пред претседателот на САД, Барак Обама, кој го освои второто место, и пред кинескиот претседател, Кси Гинпинг, кој е трет на листата. Германската канцеларка Ангела Меркел е петта најмоќна личност […]

Донецк: Убиени двајца тинејџери

ноември 6, 2014

Двајца тинејџери се убиени при бомбардирањето на Донецк, јавија светските медиуми. Според локалните медиуми, момчињата играле фудбал во школскиот двор кога се случило бомбардирањето. Училиштето се наоѓа на околу три километри од аеродромот во Донецк, каде со месеци се водат борби меѓу проруските сепаратисти и украинските власти. Бомбардирањето на истокот на Украина и понатаму продолжува […]

Десет уапсени на протестот „Марш на милион маски“

ноември 6, 2014

Десет лица се уапсени во Лондон, по судирите со полицијата што избија за време на протестите на хакерската организација „Анономус“ организирани под називот „Марш на милион маски“, соопшти лондонската полиција. „За време на протестите, имаше неколку случаи со насилство. Уапсени се 10 лица“, се наведува во соопштението, во кое стои и дека повеќето луѓе носеле маски и […]

Единаесет деца убиени во Дамаск

ноември 5, 2014

Единаесет деца загинаа во североисточниот дел на Дамаск, во бомбардирање при кое е погодено училиште во квартот што е под контрола на бунтовниците, јавуваат невладини извори и активисти. – Единаесет деца загинаа во бомбардирањето на квартот Кабун, кој е под надзор на власта – соопшти активист за човекови права, додавајќи дека гранатите паднале врз училиштето. Видеоснимката од […]

Еден загинат и осуммина повредени во терористички напад во Ерусалим

ноември 5, 2014

Возач со автомобил денеска удрил во група пешаци на сообраќајница во Ерусалим, а потоа излегол од возилото и почнал да ги напаѓа луѓето со метална шипка сè додека не бил убиен од полицијата, јавуваат израелските медиуми. Девет лица биле повредени во нападот, од кои тројца тешко. Тие биле пренесени во болницата „Хадаш“, каде еден им подлегнал […]

Австрија е против нови санкции кон Русија

ноември 5, 2014

Австрија се спротистави на предлогот на германската канцеларка Ангела Меркел, Европска Унија да воведе дополнителни санкции кон Русија поради кризата во Украина. Австрискиот канцелар Вернер Фајман изјави дека не ја поддржува идејата бидејќи австриските компании веќе трпат големи загуби поради ваквите мерки. – Нашиот одлучен став е дека исправен е патот во кој и Русија […]

Секој втор Германец добива божикна плата

ноември 5, 2014

Педесет и четири проценти од вработените Германци редовно добиваат во различен паричен износ божикна плата, најчесто во ноември, покажа анкетата на синдикалниот архив ВСИ од Диселдорф, пренесуваат германските медиуми. Според анектата, сега, како и порано, постојат разлики меѓу истокот и западот на Германија. На запад од државата, 57 отсто вработени имаа божикна плата, а на […]

АИ го обвини Израел за воени злосторства

ноември 5, 2014

Водечката светска организација за заштита на човековите права, „Амнести интернешенел“ (АИ) го обвини Израел дека летово извршил воени злосторства во Газа. АИ го обвини Израел за „бесчувствителна рамнодушност“ додека ги напаѓал семејните куќи во густо населениот крајбрежен појас Газа и оти таа рамнодушност во одредени случаи е еднаква на воени злосторства. Израелското министерство за надворешни […]

Кина ќе ги казни поддржувачите на далај лама

ноември 5, 2014

Кина остро ќе ги казни претставниците на Тибет кои го поддржуваат далај лама, прогонетиот тибетски духовен лидер и добитник на Нобелова награда. „Глобал тајмс“ објави дека кинеската антикорупциска комисија побарала од претставниците на Тибет да се фокусираат на „уништување на сепаратизмот и на одржување на социјалната стабилност“. Кинескиот дневник, цитирајќи го претставникот на инспекцискиот тим […]

Валенса: Путин му објави војна на светот

ноември 5, 2014

Поранешниот полски претседател, Лех Валенса, го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека му објавил војна на светот. Валенса смета дека Путин не ги почитува меѓународните обврски на Русија кон Украина, ниту нејзините граници. – Ситуацијата на Истокот е особено опасна. Кога се предаваше нуклеарното оружје, големите сили дадоа гаранција дека ќе се почитуваат границите на […]

Страна 397 од 399