петок, 11 септември, 2026
Meta.mk

САД: Медицински сестри штрајкуваат за подобра заштита од ебола

ноември 13, 2014

Најмалку 100.000 медицински сестри протестираа во 15 сојузни американски држави, барајќи подобра заштита на здравствените работници што работат со заболени од ебола. Американскиот Национален сојуз на медицински сестри бара медицинските установи да купат специјална заштитна облека и респиратори, како и да спроведат обука на лицата што се грижат за болните од ебола. Американскиот Центар за контрола и […]

Египет ќе ги депортира затворените странски државјани

ноември 13, 2014

Египет ќе ги депортира странските државјани кои се осудени на затворски казни во земјата, јавија светските агенции. Одлуката за депортација, која следува по указот на египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, се донесува и на австралискиот новинар на телевизија „Ал Џазира“, Питер Грест. Грест во декември минатата година беше уапсен заедно со шефот на египетското […]

Либија: Експлозија на бомби пред амбасадите на Египет и на Емиратите

ноември 13, 2014

Бомби експлодираа пред амбасадите на Египет и на Обединетите Арапски Емирати во либискиот главен град Триполи. Засега нема информации за жртви, ниту за предизвикани посериозни материјални штети. Експлозиите следуваа по серијата експлозии на автомобил-бомби, кои во средата експлодираа во неколку града во Лидија што се под контрола на меѓународно признаената власт. Египет и Обединетите Арапски Емирати летоска го […]

Азербејџанските сили собориле ерменски хеликоптер

ноември 13, 2014

Азербејџанските воени власти соопштија дека собориле ерменски борбен хеликоптер во близина на отцепената територија Нагорно-Карабах, која е контролирана од етнички Ерменци. Прес-службата на министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека соборениот хеликоптер од типот „МИ-24“, им припаѓал на вооружените сили на Ерменија и дека „се обидел да нападне позиции на Азербејџан“, односно дека било стрелано кон […]

ЈЕМЕН: Убиени седум припадници на Ал Каеда

ноември 12, 2014

Седум припадници на Ал Каеда, меѓу кои и жени, загинаа при нападите на американските беспилотни летала во Јемен, соопшти јеменското министерство за одбрана. Мета на нападите, според племенските извори, биле неколку припадници на Ал Каеда кои се собирале „под група дрва“ во близина на Азана, покраината Шабви. Истиот извор потврди дека седум припадници се убиени. […]

Во Мјанмар почна самитот на АСЕАН

ноември 12, 2014

Лидерите на земјите од Југоисточна Азија денеска се собраа во Мјанмар на Самитот на Сојузот на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН), кој ќе биде насочен на зајакнување на регионалната соработка и на решавањето на територијалните спорови во регионот. Самитот на групата, која ја сочинуваат Брунеи, Индонезија, Малезија, Филипини, Сингапур, Тајланд, Виетнам, Лаос и Мјанмар, го […]

Сирија: Убиени 800 екстремисти

ноември 12, 2014

Повеќе од 800 екстремисти и околу 50 цивили загинаа од средината на септември во воздушните напади на коалицијата предводена од САД врз позициите на ИСИС и другите екстремисти, соопшти опозициската Сириска опсервација за човекови права. Како што прецизираше организацијата, чие седиште е во Лондон, меѓу убиените 746 биле припадници на ИСИС, а 68 членови на сирискиот […]

Даријо Срна донираше 20 тона мандарини за децата во Донецк

ноември 12, 2014

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација и играч на украинскиот „Шахтјор“, Дариjо Срна подари 20 тона мандарини на децата во Донецк, град во Источна Украина каде се водат борби меѓу проруски бунтовници и украинските сили, соопшти клубот од Донецк. – Кога бев дете во Хрватска, ми беше потребна помош. Особено е важно луѓето да ве поддржуваат […]

Секој случај на насилство врз дете е премногу

ноември 12, 2014

Мари-Пјер Поарие, регионален директор на УНИЦЕФ за Централна и за Источна Европа, на регионалната конференција на тема „Зајакнување на системите за заштита на децата за да се заштитат децата од запоставување, злоупотреба, насилство и од експлоатација“, која се одржува во Минск, Белорусија, вели дека секој случај на насилство врз децата е премногу. Според неа, владите […]

Запалена џамија на Западниот Брег

ноември 12, 2014

Еврејските доселеници синоќа запалија џамија кај Рамала на Западниот Брег, соопштија денеска палестинските безбедносни претставници. Запален е целиот прв кат на верскиот објект во селото Ал Магајир, во близина на еверјската населба Шило, соопштија истите извори. Друга џамија во истото село на сличен начин беше запалена во 2012 година. Еврејските доселеници, кои се приврзаници на […]

Нови напади на Донецк

ноември 12, 2014

Подрачјето на градот Донецк на истокот на Украина, кој е под контрола на проруските сили, во текот на ноќта било гранатирано иако е потпишано примирје. Како што јавуваат светските медиуми, се слушнале силни експлозии и тешка артилерија. Артилерискиот оган е речиси секојдневна појава во подрачјето на донецкиот аеродром, а гранатирањето на Донецк се интензивираше минатата […]

Иран покрена нов радарски систем

ноември 12, 2014

Иран активира нов радарски систем со голем дострел, способен да детектира мали беспилотни летала и балистички ракети, соопштија иранските медиуми. Дометот на новиот систем е поголем од 2.500 километри, јави иранската агенција „Фарс“. Иран од 1992 година ја иницира домашната индустрија за одбрана, која произведува лесно и тешко вооружување од минофрлачи и од торпеда, па до тенкови […]

Шпанија: Запленети 600 килограми кокаин на јахта

ноември 12, 2014

Шестотини килограми кокаин се запленети на чешка јахта во водите на Атлантски Океан, соопшти шпанската полиција. Дрогата е запленета на 830 километри југозападно од Канарски Острови. Четворицата членови на екипажот се уапсени откако полицијата, при претрес на бродот, пронашла херметички затворен контејнер во еден од бродските резервоари за вода. Според информациите на шпански медиуми, јахтата пловела од […]

Хојзген: Не треба да се разговара со Асад само затоа што ИСИС е полоша

ноември 11, 2014

Сирискиот претседател Башар ал-Асад е одговорен за војната во својата земја и Западот не треба да разговара со него само затоа што Исласката држава е „уште полоша“, изјави денеска советникот на германската канцеларка, Кристоф Хојзген. – Без разлика на фактот што сега постои организација ИСИС, која во поглед на кршењето на хуманитарните и на човековите […]

(ВИДЕО) Хаваи: Лава од вулканот Килауе ја голтна првата куќа

ноември 11, 2014

Река лава, која со месеци се слева кон хавајскиот град Пахоа, ја уништи првата куќа, јавува „Би-Би-Си“. – Вулканската лава запали куќа во градот Пахоа на Големиот остров. Куќата, за среќа, била празна и горела 45 минути – соопшти шефот на цивилната одбрана, Дерил Оливер. Лавата која ја исфрла вулканот Килауе, пред две недели дојде до населбите, […]

Словенија се подготвува да ја признае Палестина

ноември 11, 2014

Одборот за надворешна политика на словенечкиот парламент наскоро ќе расправа за иницијативата Словенија да ја признае независноста на палестинската држава, а сега за тоа се залагаат две партии на левицата. Партијата Здружена левица (ЗЛ), која во парламентот има пет претставници, во вторникот побара итно свикување седница на одборот за надворешна политика за признавање на Палестина. […]

Русија ќе гради нуклеарни реактори во Иран

ноември 11, 2014

Руската државна компанија „Росатом“ ќе изгради два нови нуклеарни реактори во рамките на иранската нуклеарка „Бушер“, јавуваат светските медиуми. Претставниците на Русија и на Иран денеска во Москва го потпишаа договорот за соработка, во кој освен изградбата на двата реактори, се наведува дека руските експерти би можеле да бидат ангажирани за градење дополнителни четири реактори […]

Поштата на САД, мета на хакерски напад

ноември 11, 2014

Поштата на Соединетите Американски Држави соопшти дека била на удар на сајбер-напад и дека е можно да се загрозени податоците на околу половина милион нивни вработени и на клиентите со кои контактирал повикувачкиот центар од јануари до средина на август. Поштата на САД соработува со ФБИ во истражувањето на случајот и на обемот на штетата. Дел […]

(ВИДЕО) Припадниците на ИСИС бегаат од Беиџи

ноември 11, 2014

Ирачката војска ги принудила џихадистите на Исламска држава да се повлечат од центарот на градот Беиџи, во кој се наоѓа најголемата ирачка рафинерија за нафта. Командантот на воените сили во Беиџи, генерал Абдул Вајаб ал-Сади, изјави дека воените единици ги зазеле зградите на локалната влада и седиштето на полицијата, соопшти државната ирачка телевизија. Градот Беиџи, […]

Јацењук победи на изборите во Украина

ноември 11, 2014

Народниот фронт на премиерот Арсениј Јацењук победи на парламентарните избори во Украина, освојувајќи 22,14 отсто од гласовите. Украинската Централна изборна комисија синоќа ги соопшти конечните резултати, откако ги избори сите гласови. Блок на Петро Порошенко освои 21,81 отсто од гласовите, јави ИТАР-ТАСС. Партијата Самопомош, на градоначалникот Лавов Андреј Садовиј, освои 10,97 отсто од гласовите, Опозицискиот […]

Страна 389 од 394