сабота, 6 јуни, 2026
Meta.mk

Си Џинпинг и Владимир Путин се сретнаа во Пекинг помалку од една недела по посетата на Трамп

мај 20, 2026

Кинеските државни медиуми објавија дека Си, во своите воведни зборови, рекол дека двете земји треба да си помагаат една на друга во националниот развој и ревитализација

Министерството за правда воведува „фонд против вооружување“ од речиси 1,8 милијарди долари како дел од спогодбата на Трамп со СВП

мај 19, 2026

Според објавениот договор, Министерството за правда формира „Фонд против вооружување“ од 1,776 милијарди долари за исплата на побарувања на луѓе што вршителот на должноста државен обвинител Тод Бланш ги нарече „жртви на законот и вооружувањето“

Пет лица, меѓу кои и двајца осомничени, убиени во пукотница во најголемата џамија во Сан Диего

мај 19, 2026

Пукањето се случило кратко пред пладневната молитва во Исламскиот центар, кој се наоѓа во областа Клермонт во Сан Диего. ICSD е најголемата џамија во округот Сан Диего

САД и Иран имаат напредок во нуклеарните преговори, Трамп вели дека го запрел планот за напад

мај 19, 2026

Лидерите на Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати побарале да се одложи нападот бидејќи ќе се постигне договор, кој ќе биде многу прифатлив за САД, како и за сите земји на Блискиот Исток

Телата на исчезнатите италијански нуркачи пронајдени на Малдивите

мај 18, 2026

Министерството за надворешни работи на Италија соопшти дека четирите тела се наоѓаат во третиот дел од пештерата - најоддалечениот од влезот - и дека ќе бидат потребни дополнителни нуркања за да се пронајдат

СЗО: Еболата во Конго не е пандемија, но може да почне да се шири, заболени Американци се транспортираат во Германија

мај 18, 2026

Епидемијата е вонредна бидејќи нема одобрени терапии или вакцини специфични за вирусот Бундибугио, за разлика од соевите ебола-Заир, соопшти СЗО

Трамп: Вториот човек на ИСИС, Абу Билал ал-Минуки, убиен во операција на САД и Нигерија

мај 16, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Абу Билал ал-Минуки, втор човек во глобалната хиерархија на ИСИС, бил убиен во заедничка операција на американските и нигериските сили. Ал-Минуки, државјанин на Нигерија, во 2023 година бил означен од администрацијата на Џо Бајден како „специјално назначен глобален терорист“

Пукање во филипинскиот Сенат каде властите се обидоа да уапсат сенатор

мај 13, 2026

Претседателот на Сенатот, Алан Кајетано, накратко се појави пред новинарите во Сенатот и потврди дека обезбедувањето на зградата му кажало дека имало истрели, но не даде други детали и брзо си замина

Поранешниот директор на приватна затворска компанија назначен за нов лидер на агенцијата за имиграција и царинска контрола

мај 13, 2026

Министерството за внатрешна безбедност во вторник соопшти дека Дејвид Вентурела, кој ги надгледуваше договорите за центрите за притвор во агенцијата, ќе биде вршител на должноста директор на Одделот за имиграција и царина

Средба на Трамп и Си во Кина, најголемите економии ќе разговараат за технологија и трговија, но и за политички прашања

мај 13, 2026

Трамп и кинескиот лидер Си Џинпинг мора да се справат со сложени тензии, почнувајќи од технологијата, трговијата, ретките минерали и Тајван

Страна 3 од 381