fbpx
Свет Свет Страница 271

Свет

Критичар на Путин пронајден мртов во својот дом

Познат руски актер и критичар на претседателот Владимир Путин е пронајден мртов во својот дом во Москва. Телото на Алексеј Девотченко е откриено во неговиот дом, облеано со крв. Според рускиот таблоид „Лајвњус“, Девотченко со рака удрил во стаклен орман при што се расекол. Смртта настанала...

Нови судири на протестите во Хонг Конг

За нови судри меѓу демонстрантите и полицијата во Хонг Конг, по двонеделната пауза од протестите, јавуваат локалните медиуми. Кинескиот весник „Саут Чајна морнинг пост“ јавува дека судирите избиле во бизнис-квартот Монг Кок, а повод, наводно, било тоа што еден од демонстрантите вклучил блиц од фотоапарат...

САД: Милијардер близок до Путин под истрага за перење пари

Руски милијардер, близок до Владимир Путин, се најде под истрага во САД за перење пари и за тргување со нафта, јавува „Њујорк тајмс“. Службеник на американските федерални власти во средата соопшти дека американското министерство за правосудство покренало истрага за перење пари, а во центарот на...

Една жена е повредена во експлозија во Каиро

Една жена е повредена утрово при експлозија во близина на претседателската резиденција во Каиро. Откако армијата го собори од власт исламистичкиот претседател Мохамед Морси во јули 2013 година, Египет е зафатен од серија напади. За нив се одговорни џихадистички групи, кои тврдат дека дејствуваат како...

„Форбс“: Путин е најмоќниот човек на светот

На листата на „Форбс“ се најдоа лидери на 17 држави
Втора година по ред, рускиот претседател Владимир Путн е избран за најмоќна личност во светот на листата што ја прави влијателното списание „Форбс“. Путин се наоѓа пред претседателот на САД, Барак Обама, кој го освои второто место, и пред кинескиот претседател, Кси Гинпинг, кој е...

Донецк: Убиени двајца тинејџери

Двајца тинејџери се убиени при бомбардирањето на Донецк, јавија светските медиуми. Според локалните медиуми, момчињата играле фудбал во школскиот двор кога се случило бомбардирањето. Училиштето се наоѓа на околу три километри од аеродромот во Донецк, каде со месеци се водат борби меѓу проруските сепаратисти и...

Десет уапсени на протестот „Марш на милион маски“

Десет лица се уапсени во Лондон, по судирите со полицијата што избија за време на протестите на хакерската организација „Анономус“ организирани под називот „Марш на милион маски“, соопшти лондонската полиција. „За време на протестите, имаше неколку случаи со насилство. Уапсени се 10 лица“, се наведува во соопштението,...

Единаесет деца убиени во Дамаск

Единаесет деца загинаа во североисточниот дел на Дамаск, во бомбардирање при кое е погодено училиште во квартот што е под контрола на бунтовниците, јавуваат невладини извори и активисти. - Единаесет деца загинаа во бомбардирањето на квартот Кабун, кој е под надзор на власта - соопшти активист за...

Еден загинат и осуммина повредени во терористички напад во Ерусалим

Возач со автомобил денеска удрил во група пешаци на сообраќајница во Ерусалим, а потоа излегол од возилото и почнал да ги напаѓа луѓето со метална шипка сè додека не бил убиен од полицијата, јавуваат израелските медиуми. Девет лица биле повредени во нападот, од кои тројца тешко....

Австрија е против нови санкции кон Русија

Австрија се спротистави на предлогот на германската канцеларка Ангела Меркел, Европска Унија да воведе дополнителни санкции кон Русија поради кризата во Украина. Австрискиот канцелар Вернер Фајман изјави дека не ја поддржува идејата бидејќи австриските компании веќе трпат големи загуби поради ваквите мерки. - Нашиот одлучен став...

Секој втор Германец добива божикна плата

Според анектата, сега како и порано, постојат разлики меѓу истокот и западот на Германија
Педесет и четири проценти од вработените Германци редовно добиваат во различен паричен износ божикна плата, најчесто во ноември, покажа анкетата на синдикалниот архив ВСИ од Диселдорф, пренесуваат германските медиуми. Според анектата, сега, како и порано, постојат разлики меѓу истокот и западот на Германија. На запад од...

АИ го обвини Израел за воени злосторства

Водечката светска организација за заштита на човековите права, „Амнести интернешенел“ (АИ) го обвини Израел дека летово извршил воени злосторства во Газа. АИ го обвини Израел за „бесчувствителна рамнодушност“ додека ги напаѓал семејните куќи во густо населениот крајбрежен појас Газа и оти таа рамнодушност во одредени...

Кина ќе ги казни поддржувачите на далај лама

Кина остро ќе ги казни претставниците на Тибет кои го поддржуваат далај лама, прогонетиот тибетски духовен лидер и добитник на Нобелова награда. „Глобал тајмс“ објави дека кинеската антикорупциска комисија побарала од претставниците на Тибет да се фокусираат на „уништување на сепаратизмот и на одржување на...

Валенса: Путин му објави војна на светот

Поранешниот полски претседател, Лех Валенса, го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека му објавил војна на светот. Валенса смета дека Путин не ги почитува меѓународните обврски на Русија кон Украина, ниту нејзините граници. - Ситуацијата на Истокот е особено опасна. Кога се предаваше нуклеарното оружје, големите...

Деца загинаа во автобуска несреќа во Египет

Најмалку 16 лица загинаа, од кои повеќето деца, а 18 се повредени, откако школски автобус се судри со три возила на пустинскиот пат во делтата на Нил, 160 километри северно од Каиро. Фотографиите што ги објави една приватна новинска куќа, сугерираат дека жртвите изгореле. Претставник на египетското министерство...

Могерини: ЕУ ќе ја признае Палестина

Новоименуваната шефица на дипломатијата на Европска Унија, Фредерика Могерини, истакна дека во рок од пет години ЕУ би можела да ја признае државноста на Палестина. Могерини, во првото интервју откако ја презеде должноста, наведе дека ЕУ мора да тргне понатаму во својата политика кон Блискиот...

Републиканците победија на меѓуизборите во САД

Републиканците однесоа победа во двата дома на американскиот Конгрес на вчерашните меѓуизбори, освојувајќи мнозинство во Сенатот, како и во претставничкиот дом. Републиканците освоија сенаторски места во Арканзас, Колорадо, Ајова, Монтана, Северна Каролина, Јужна Дакота и во Западна Вирџинија, кои досега ги држеа демократите, јавија светските...

(ВИДЕО) Седум лица загинаа во поплави на Хаити

Најмалку седум лица, од кои три деца, загинаа во поплавите на Хаити што се последица на поројните дождови, соопштија локалните власти. Претставничката на Управата за цивилна заштита на Хаити, Надија Локард, изјави дека трите деца загинале во престолнината Порт-о-Пренс, кога врз нив паднал ѕид од куќата...

Русија нема да учествува на Самитот за нуклеарна безбедност

Русија ќе го бојкотира Самитот за нуклеарна безбедност 2016 поради неговата политичка природа, соопштија денеска неименувани дипломатски извори. Претставниците на Москва минатата недела не присуствуваа на седницата во Вашингтон, посветена на подготовките на самитот. Американски дипломатски извори соопштуваат дека засега не е јасно дали Русија планира...

Мексико: Уапсени градоначалникот и неговата сопруга, осомничени за исчезнувањето на студентите

Мексиканската полиција ги приведе поранешниот градоначалник на Игуала и неговата сопруга, кои се осомничени за смртта на шест лица во полицискиот напад и за исчезнувањето на 43 студенти. Поранешниот градоначалник Хозе Луиз Абарка и Марија де лос Анхелес Пинда се уапсени во Мексико Сити. - Немаше...

Штајнмајер: Германија е овде за поддршка на Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер кој престојува во официјална посета на земјава. Покрај тет-а-тет средбата,...