среда, 14 октомври, 2026
Meta.mk

Шефот на летонската дипломатија јавно призна дека е хомосексуалец

ноември 7, 2014

Летонскиот министер за надворешни работи, Едгард Ринкевичс, вчера на „Твитер“ обелодени дека е хомосексуалец. „Со гордост објавувам дека сум геј… Со среќа на сите“, напиша Ринкевичс. Министерството за надворешни работи на Летонија ја потврди автентичноста на твитот. Летонија е една од ретките европски земји во која уставните амандмани го забрануваат истополовиот брак. Парламентот на оваа земја […]

Обама испратил писмо до Иран за заедничка борба против ИСИС

ноември 7, 2014

Американскиот претседател Барак Обама му испратил писмо на иранскиот врховен лидер Јаменеи во кое го истакнува заедничкиот интерес на двете земји во борбата против екстремистичкото движење Исламистичка држава, пишува „Вол стрит џурнал“. Весникот, кој се повикува на дипломатски извори, во текстот наведува дека писмото е испратено кон средината на октомври, што претставува преседан во односите […]

Бугарскиот парламент ја потврди владата на Борисов

ноември 7, 2014

Бугарскиот парламент ја потврди малцинската влада на десниот центар, под водство на поранешниот премиер Бојко Босирсов, чија конзервативна партија ГЕРБ победи на предвремените парламентарни избори на 5 октомври. Од вкупно 234 присутни пратеници, 136 се изјаснија во полза на владата на Борисов, кој својот кабинет го нарече „проевропски и реформистички, за стабилност на Бугарија“. – […]

Орбан: САД вршат притисок врз Унгарија поради соработката со Русија

ноември 7, 2014

САД вршат притисок врз Унгарија поради нејзината соработка со Русија околу енергетските прашања, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. – САД вршат голем притисок врз Унгарија затоа што имаат погрешен впешаток дека е блиска со Русија – изјави синоќа, во Минхен, Орбан, по средбата со шефот на регионалната баварска влада, Хорс Зехофер. Орбан истакна дека неговата политика „не е проруска, […]

Силен замјотрес ја погоди Папуа, Нова Гвинеја

ноември 7, 2014

Силен земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала изутринава ја погоди  Папуа во Нова Гвинеја. Според податоците од Геофизичкиот институт на САД, епицентарот на земјотресот се наоѓал на 65 километри длабочина, во близина на островот Нова Британија. Засега нема податоци за жртви и за причинета материјална штета ниту, пак, е издадено предупрадување за можна […]

САД со порака до косовските лидери: Немојте да упропастите

ноември 6, 2014

Амбасадорот на САД во Приштина, Трејси Ен Џејкобсон, денеска го прекрши дипломатскиот протокол за да го изрази незадовлството на САД од косовските политичари кои не можат да се договарат за формирање нова влада. Џејкобсон во дебатата во седиштето на невладината организација „Фољ“ во Приштина, на албански јазик рече „Немојте да упропастите“. – Пораката што ја упатив […]

Масовни протести во Брисел поради мерките за штедење, полицијата употреби солзавец

ноември 6, 2014

Белгиската полиција употреби солзавец и водени топови во судирот со демонстрантите кои денеска протестираат во главниот град Брисел, пренесуваат светските медиуми. На улиците на Брисел, на протести излегоа најмалку сто илјади луѓе, кои се против владините реформи за слободен пазар и мерките за штедење. Според демонстрантите, реформите ги поткопуваат принципите на Белгија како социјална држава. […]

Потпишан договор за формирање влада во Бугарија

ноември 6, 2014

Политичката партија Граѓани за европски развој на Бугарија(ГЕРБ), по едномесечни преговори, денеска потпиша договор за формирање малцинска коалициска влада, пренесуваат бугарските медиуми. Според соопштението на бугарски официјални претставници, документот е потпишан во парламентот од лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, и од лидерите на пет мали партии во составот на Реформскиот блок. – Направивме голем напор. […]

Маринецот кој го уби Бин Ладен ќе го открие својот идентитет

ноември 6, 2014

Припадникот на специјалната единица на војската на САД, „Морнарички фоки“, кој го уби водачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, одлучил да го открие својот идентитет, револтиран поради губењето на здравственото осигурување и пензијата бидејќи предвреме ја напуштил воената служба, пренесуваат светските медиуми. Се очекува тој да има големо интервју за телевизијата „Фокс њуз“, овој […]

Горбачов со поддршка за политиката на Путин

ноември 6, 2014

Порашениот советски лидер Михаил Горбачов (83), денеска изјавил дека ќе ја брани политиката на рускиот претседател Владимир Путин кога ќе отпатува во Германија на одбележувањето на 25-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, пренесуваат светските медиуми. Според Горбачов, кога станува збор за интересите на Русија, Путин е најдобриот човек за нивна одбрана. Овој викенд, Горбачов ќе […]

Штрајк на германските железничари, хаос на патиштата

ноември 6, 2014

Денеска штрајкуваат германските железничари, што предизвика голем метеж на автопатиштата. Поради тоа, пишуваат германските медиуми, во текот на викендот, во Германија ќе има недостиг на бензин. Поради штрајкот, реагираше и германската кацеларка Ангела Меркел, која побара посредник за решавање на проблемот. – Може само да апелирам на нивното чувство за одговорност да пронајдат решение што ќе […]

Швајцарија: Свлечиште усмрти мајка и дете

ноември 6, 2014

Свлечиште кое прекрило куќа на југот од Швајцарија, усмрти 31-годишна жена и нејзината тригодишна ќерка, соопштија денеска швајцарските власти. Циришкиот весник „20 минутен“ на својата веб-страница објави дека спасувачите ги пронашле жената и детето во урнатините на куќата, во зафрлен дел во близна на Лугано. Полицајци, пожарникари и спасувачи со помош на кучиња-трагачи цела ноќ го пребарувале местото, надевајќи […]

Критичар на Путин пронајден мртов во својот дом

ноември 6, 2014

Познат руски актер и критичар на претседателот Владимир Путин е пронајден мртов во својот дом во Москва. Телото на Алексеј Девотченко е откриено во неговиот дом, облеано со крв. Според рускиот таблоид „Лајвњус“, Девотченко со рака удрил во стаклен орман при што се расекол. Смртта настанала како последица на голема загуба на крв. Порталот јавува дека […]

Австријците стравуваат од ебола

ноември 6, 2014

Австријците стравуваат дека еболата би можела да се прошири и во нивната земја, покажува денеска објавеното истражување на институтот „Маркет“. Според истражувањето, дури 61 процент од населението стравува дека еболата може да стигне во Австрија преку меѓународните авиолетови и другите видови сообраќај. Доколку дојде до појава на ебола, 70 проценти од Австријците имаат доверба во домашниот […]

Нови судири на протестите во Хонг Конг

ноември 6, 2014

За нови судри меѓу демонстрантите и полицијата во Хонг Конг, по двонеделната пауза од протестите, јавуваат локалните медиуми. Кинескиот весник „Саут Чајна морнинг пост“ јавува дека судирите избиле во бизнис-квартот Монг Кок, а повод, наводно, било тоа што еден од демонстрантите вклучил блиц од фотоапарат кон полицајците. Нови судири избија откако десеттина лица излегоа на […]

САД: Милијардер близок до Путин под истрага за перење пари

ноември 6, 2014

Руски милијардер, близок до Владимир Путин, се најде под истрага во САД за перење пари и за тргување со нафта, јавува „Њујорк тајмс“. Службеник на американските федерални власти во средата соопшти дека американското министерство за правосудство покренало истрага за перење пари, а во центарот на истрагата се наоѓа Генадиј Тимченко. – Случајот е кај федералниот […]

Една жена е повредена во експлозија во Каиро

ноември 6, 2014

Една жена е повредена утрово при експлозија во близина на претседателската резиденција во Каиро. Откако армијата го собори од власт исламистичкиот претседател Мохамед Морси во јули 2013 година, Египет е зафатен од серија напади. За нив се одговорни џихадистички групи, кои тврдат дека дејствуваат како одговор на жестоките репресии против приврзаниците на Морси. Во текот […]

„Форбс“: Путин е најмоќниот човек на светот

ноември 6, 2014

Втора година по ред, рускиот претседател Владимир Путн е избран за најмоќна личност во светот на листата што ја прави влијателното списание „Форбс“. Путин се наоѓа пред претседателот на САД, Барак Обама, кој го освои второто место, и пред кинескиот претседател, Кси Гинпинг, кој е трет на листата. Германската канцеларка Ангела Меркел е петта најмоќна личност […]

Обама ќе бара нови воени овластувања од Конгресот

ноември 6, 2014

Американскиот претседател Барак Обама на прес-конференција изјави дека ќе поднесе барање до Конгресот за финансирање на американските војници и лекари во Западна Африка кои се борат против ширењето на еболата. Најавувајќи го неговиот ангажман со Конгресот за нови овластувања околу употребата на воена сила против милитантите на Исламската држава тој рече: – Светот треба да […]

Могерини го поддржа британско-германскиот план за БИХ

ноември 6, 2014

Високата претставничка на Европска Унија за надворешна политика, Фредерика Могерини, денеска го поддржа планот на Велика Британија и на Германија за отстранување на блокадата во евроинтеграциите на Босна и Херцеговина. „Особено ја ценам идејата за напредокот на БИХ која синоќа во Берлин ја изнесоа министрите за надворешни работи на Велика Британија, Филип Хамонд, и на […]

Страна 967 од 971