петок, 11 септември, 2026
Meta.mk

„Форбс“: Путин е најмоќниот човек на светот

ноември 6, 2014

Втора година по ред, рускиот претседател Владимир Путн е избран за најмоќна личност во светот на листата што ја прави влијателното списание „Форбс“. Путин се наоѓа пред претседателот на САД, Барак Обама, кој го освои второто место, и пред кинескиот претседател, Кси Гинпинг, кој е трет на листата. Германската канцеларка Ангела Меркел е петта најмоќна личност […]

Обама ќе бара нови воени овластувања од Конгресот

ноември 6, 2014

Американскиот претседател Барак Обама на прес-конференција изјави дека ќе поднесе барање до Конгресот за финансирање на американските војници и лекари во Западна Африка кои се борат против ширењето на еболата. Најавувајќи го неговиот ангажман со Конгресот за нови овластувања околу употребата на воена сила против милитантите на Исламската држава тој рече: – Светот треба да […]

Могерини го поддржа британско-германскиот план за БИХ

ноември 6, 2014

Високата претставничка на Европска Унија за надворешна политика, Фредерика Могерини, денеска го поддржа планот на Велика Британија и на Германија за отстранување на блокадата во евроинтеграциите на Босна и Херцеговина. „Особено ја ценам идејата за напредокот на БИХ која синоќа во Берлин ја изнесоа министрите за надворешни работи на Велика Британија, Филип Хамонд, и на […]

Во Словенија жолт аларм поради поројните дождови

ноември 6, 2014

Во Словенија е прогласен жолт аларм поради поројните дождови што во текот на ноќта ја погодија земјата и кои, според најавите на метеоролозите, ќе продолжат и следните денови. Метеоролозите прогнозираат дека денеска ќе биде прогласен највисок степен на опасност од поплави – црвен аларм. Се прогнозира дека наредните денови ќе паднат повеќе од сто литри дожд на еден […]

Евроинтеграцијата на Балканот не значи и проблем

ноември 6, 2014

Евроинтеграцијата на Балканот не значи повеќе проблеми и во следните пет години ќе треба да се работи на подигнување на довербата во земјите-членки на ЕУ, е пораката од учесниците на Шестата конференција на министрите за надворешни работи од Југоисточна Европа, во организација на реномираниот германско-американски институт „Аспен“, во Берлин, на која учествуваше и шефот на македонската […]

Донецк: Убиени двајца тинејџери

ноември 6, 2014

Двајца тинејџери се убиени при бомбардирањето на Донецк, јавија светските медиуми. Според локалните медиуми, момчињата играле фудбал во школскиот двор кога се случило бомбардирањето. Училиштето се наоѓа на околу три километри од аеродромот во Донецк, каде со месеци се водат борби меѓу проруските сепаратисти и украинските власти. Бомбардирањето на истокот на Украина и понатаму продолжува […]

Десет уапсени на протестот „Марш на милион маски“

ноември 6, 2014

Десет лица се уапсени во Лондон, по судирите со полицијата што избија за време на протестите на хакерската организација „Анономус“ организирани под називот „Марш на милион маски“, соопшти лондонската полиција. „За време на протестите, имаше неколку случаи со насилство. Уапсени се 10 лица“, се наведува во соопштението, во кое стои и дека повеќето луѓе носеле маски и […]

Србија ги намали платите на претседателот и на пратениците

ноември 5, 2014

За десет проценти се намалени платите на претседателот на земјата, на назначените лица во службите на претседателот и во службите на парламентот, како и на пратениците. Административната комисија во српскиот парламент денеска донесе одлука за намалување за десет отсто на платата на претседателот на земјата, на назначените лица во службите на претседателот и во службите […]

Лондон e против испраќање британски полицајци во реонот на Кале

ноември 5, 2014

Британската влада ја отфрли можноста полицајци од Велика Британија да бидат префрлени на француската страна на каналот Ла Манш за да им помогнат на француските власти полесно да се справат  со илегалните имигранти во реонот на градот Кале. За официјален Лондон, безбедносните работи на француска почва се работа на Франција. Според конзервативниот пратеник Џејмс Броукеншир, […]

Единаесет деца убиени во Дамаск

ноември 5, 2014

Единаесет деца загинаа во североисточниот дел на Дамаск, во бомбардирање при кое е погодено училиште во квартот што е под контрола на бунтовниците, јавуваат невладини извори и активисти. – Единаесет деца загинаа во бомбардирањето на квартот Кабун, кој е под надзор на власта – соопшти активист за човекови права, додавајќи дека гранатите паднале врз училиштето. Видеоснимката од […]

Албанска пратеничка поднесе оставка поради вмешаност на нејзиниот син во убиство

ноември 5, 2014

Албанската пратеничка Луиза Џувани денеска поднесе оставка, откако полицијата го приведе нејзиниот син поради престрелката во ноќен клуб, во која загинаа четири лица. Како што соопшти полицијата, пукањето во тиранскиот ноќен клуб „Анте гранд“ почнало по жолчна расправија, во која учествувал и синот на пратеничката од владејачката Социјалистичка партија. Во престрелката се убиени четири лица, […]

Еден загинат и осуммина повредени во терористички напад во Ерусалим

ноември 5, 2014

Возач со автомобил денеска удрил во група пешаци на сообраќајница во Ерусалим, а потоа излегол од возилото и почнал да ги напаѓа луѓето со метална шипка сè додека не бил убиен од полицијата, јавуваат израелските медиуми. Девет лица биле повредени во нападот, од кои тројца тешко. Тие биле пренесени во болницата „Хадаш“, каде еден им подлегнал […]

Хаг бара гаранции за ослободување на Шешељ

ноември 5, 2014

Меѓународниот суд за воени злосторства извршени на територија на поранешна Југославија, денеска во Хаг побара од Холандија и од Србија до 18 часот да дадат свое мислење за евентуалното привремено пуштање на слобода на Воислав Шешељ. Судот ја повика владата на Србија да потврди дека може да гарантира оти Шешељ нема да дојде во контакт […]

Австрија е против нови санкции кон Русија

ноември 5, 2014

Австрија се спротистави на предлогот на германската канцеларка Ангела Меркел, Европска Унија да воведе дополнителни санкции кон Русија поради кризата во Украина. Австрискиот канцелар Вернер Фајман изјави дека не ја поддржува идејата бидејќи австриските компании веќе трпат големи загуби поради ваквите мерки. – Нашиот одлучен став е дека исправен е патот во кој и Русија […]

Секој втор Германец добива божикна плата

ноември 5, 2014

Педесет и четири проценти од вработените Германци редовно добиваат во различен паричен износ божикна плата, најчесто во ноември, покажа анкетата на синдикалниот архив ВСИ од Диселдорф, пренесуваат германските медиуми. Според анектата, сега, како и порано, постојат разлики меѓу истокот и западот на Германија. На запад од државата, 57 отсто вработени имаа божикна плата, а на […]

АИ го обвини Израел за воени злосторства

ноември 5, 2014

Водечката светска организација за заштита на човековите права, „Амнести интернешенел“ (АИ) го обвини Израел дека летово извршил воени злосторства во Газа. АИ го обвини Израел за „бесчувствителна рамнодушност“ додека ги напаѓал семејните куќи во густо населениот крајбрежен појас Газа и оти таа рамнодушност во одредени случаи е еднаква на воени злосторства. Израелското министерство за надворешни […]

Кина ќе ги казни поддржувачите на далај лама

ноември 5, 2014

Кина остро ќе ги казни претставниците на Тибет кои го поддржуваат далај лама, прогонетиот тибетски духовен лидер и добитник на Нобелова награда. „Глобал тајмс“ објави дека кинеската антикорупциска комисија побарала од претставниците на Тибет да се фокусираат на „уништување на сепаратизмот и на одржување на социјалната стабилност“. Кинескиот дневник, цитирајќи го претставникот на инспекцискиот тим […]

Валенса: Путин му објави војна на светот

ноември 5, 2014

Поранешниот полски претседател, Лех Валенса, го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека му објавил војна на светот. Валенса смета дека Путин не ги почитува меѓународните обврски на Русија кон Украина, ниту нејзините граници. – Ситуацијата на Истокот е особено опасна. Кога се предаваше нуклеарното оружје, големите сили дадоа гаранција дека ќе се почитуваат границите на […]

Деца загинаа во автобуска несреќа во Египет

ноември 5, 2014

Најмалку 16 лица загинаа, од кои повеќето деца, а 18 се повредени, откако школски автобус се судри со три возила на пустинскиот пат во делтата на Нил, 160 километри северно од Каиро. Фотографиите што ги објави една приватна новинска куќа, сугерираат дека жртвите изгореле. Претставник на египетското министерство за здравство, соопшти дека повредените се хоспитализирани во најблиската […]

Могерини: ЕУ ќе ја признае Палестина

ноември 5, 2014

Новоименуваната шефица на дипломатијата на Европска Унија, Фредерика Могерини, истакна дека во рок од пет години ЕУ би можела да ја признае државноста на Палестина. Могерини, во првото интервју откако ја презеде должноста, наведе дека ЕУ мора да тргне понатаму во својата политика кон Блискиот Исток. – Ќе бидам среќна ако до крајот на мојот […]

Страна 959 од 962