петок, 11 септември, 2026
Meta.mk

(ВИДЕО) Пакистан: 58 загинати при судир меѓу автобус и камион

ноември 11, 2014

Педесет и осум лица загинаа, од кои 18 деца, при судир на автобус и на камион на автопат на југот во Пакистан, соопшти локалната полиција. Како што соопшти портпаролот на полицијата, Гулам Џокио, причина за сообраќајката била густата магла. Автобусот со 70 патници се движел од долината Сват кон Карачи, кога се судрил со камионот, […]

Осум Индијки починаа при масовна стерилизација

ноември 11, 2014

Осум жени починаа, а десет се во критична состојба во индиската држава Чатисгар, по спроведувањето на државната програма за масовна стерилизација. Повеќето од 80 жени кои подлегнале на стерилизација во владиниот камп во областа Биласпур, набргу почнале да повраќаат, да им опаѓа пулсот и да имаат други компликации по интервенцијата, јавуваат светските агенции. Властите ќе […]

Еди Рама во Прешево, пречекан со билборди и со знамиња

ноември 11, 2014

Албанскиот премиер Еди Рама денеска ќе ги посети општините Прешево, Бујановац и Медвеѓа. Мерките за безбедност се на високо ниво. За пречекот на Рама во Прешево поставени се и билборди „Добредојде, премиере“ и фотографии со неговиот лик, пренесе српски „Блиц“. Билбордите ги поставила Општина Прешево каде живее албанско население, а на една куќа во центарот […]

Јужна Кореја: Капетанот на потонатиот траект, осуден на 36 години затвор

ноември 11, 2014

Капетанот на потонатиот јужнокорејски траект, во кој починаа повеќе од 300 патници, е осуден на 36 години затвор поради небрежност, но е ослободен е обвинението за убиство, за кое обвинителството побара смртна казна. Главниот инженер на траектот е осуден на 30 години затвор за убиство бидејќи не им помогнал на двајцата повредени членови на екипажот. […]

Убиен новинар на водечки магазин во Перу

ноември 11, 2014

Две непознати лице во неделата навечер убиле новинар на водечкиот перуански магазин „Каретас“, кој истражувал нарачани убиствата во провинциски град јужно од Лима. Уредникот на магазинот „Каретас“, Америко Замбрано, соопшти дека 22-годишниот Фернандо Рајмонди е убиен во бакалницата на својот татко во градот Канете. Убијците му наложиле на пријателот на Рејмонди да ја напушти бакалницата, […]

Бајден ја предупреди Русија за мешањето во Украина

ноември 11, 2014

Потпретседателот на САД, Џо Бајден, денеска ја предупреди Русија дека ќе сноци последици поради влезот на руски тенкови, тешка артилерија и на воени камиони во Донецк, Источна Украина. Бајден, во телефонскиот разговор со украинскиот претседател, Петро Порошенко, истакнал дека „ако Русија продолжи свесно да ја прекршува спогодбата од Минск, тоа дополнително ќе ја чини“. Американскиот […]

Путин и Обама разговараа за Украина, Сирија и за Иран

ноември 11, 2014

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Барак Обама, на маргините на самитот АПЕК во Пекинг, разговараа за билатералните односи, како и на темите Украина, Сирија и Иран, соопшти денеска портпаролот на Путин, Дмитриј Пешков. Како што јавува агенцијата ИТАР-ТАСС, двајцата лидери ги искористиле паузите меѓу состаноците во рамките на самитот за да […]

Единаесет лица исчезнаа во кањонот Итон

ноември 10, 2014

Американските спасувачи трагаа по најмалку десетина планинари од една црковна група кои се упатиле во прошетка во Јужна Калифорнија, но не се вратиле дома, јавува „Фокс њуз“. Десеттина млади, на возраст од 14 до 30 години, во неделата наутро се упатиле во кањонот Итон. Нивното враќање било очекувано навечер, но не се вратиле, по што […]

„Раша тудеј“ отвора нови центри

ноември 10, 2014

Информативната агенција „Раша тудај“ ја покрена мултимедијалната група „Спутник“, која вклучува центри во повеќе од десеттина држави. Според генералниот директор Дмитриј Кисељев, планирано е во текот на 2015 година да бидат емитирани околу 800 часови радиопрограма дневно во 34 држави и во 130 градови во светот. Целта на медиумот ќе биде да ја покаже мултиполарноста […]

Кобољев: Украина може да ја преживее зимата без руски гас

ноември 10, 2014

Украина би можела да ја преживее зимата без рускиот гас, смета директорот на „Нафтогас Украина“, Андреј Кобољев. Според Кобољев, Украина би можела да се обиде зимава, со воведување одредени мерки на штедење, да ја намали потрошувачката и да ја мине зимата без гас од Русија. Заменик директорот на „Нафтогас“, Јуриј Колупаљо, денеска на прес-конефернција истакна […]

(ВИДЕО) Израел: Еден загинат и тројца повредени со нож

ноември 10, 2014

Четиринаесетгодишно израелско девојче е избодено со нож на Западниот Брег, неколку часа откако израелски војник со нож беше ранет во Тел Авив. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се закани дека ќе одговори на насилството на Арапите. Две други лица беа избодени на автобуска станица во близина на еврејската населба Алон Швут. Лицата се полесно повредени, а […]

Бразил: Возач прегазил 15 лица пред црква

ноември 10, 2014

Најмалку две лица се тешко повредени, кога возач изгуби контрола над возилото и влета во група луѓе кои стоеле на тротоар пред црква во Сао Паоло. Возачот со полна брзина ја прегазил групата, во која имало најмалку седум деца, по што побегнал, соопшти полицијата, која сè уште трага по сторителот. Полицијата се сомнева дека лицети […]

Со дронови нападнати позициите на ИСИС

ноември 10, 2014

Британското министерство за одбрана соопшти дека беспилотни летала првпат се употребени при напади на цели на екстремистите на Исламсистичка држава во Ирак. Дронот „рипер“, за време на викендот, успешно ги нападна припадниците на ИСИС, се наведува во соопштението. Леталото истрелало проектили „хелфајр“ на цели на ИСИС во близина на Бејџија, северно од Багдад, во момент […]

Иран му нуди помош на Ирак во борбата протов ИСИС

ноември 10, 2014

Владата во Техеран денеска соопшти дека им стои на располагање на ирачките власти во борбата против Исламистичка држава (ИСИС), соопштија иранските медиуми. Потпретседателот на Иран, Ешак Џахагири, го даде ветувањето на поранешниот ирачки премиер, Нури ал Малики, за време на разговорите во Техеран. – Во борбата против тероризмот мора да ги употребиме сите средства. Иран […]

Путин и Обама имаа средба во Пекинг

ноември 10, 2014

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Барак Обама, денеска се сретнаа на маргините на самитот на АПЕК во Пекинг. Како што јавуваат руските медиуми, темата на средбата, која траела помалку од пет минути, засега не е позната, но се претпоставува дека претседателите размениле ставови за украинската криза. Путин и Обама се сретнале […]

Брисел: Повици за оставка на новиот претседател на ЕК

ноември 10, 2014

Се зголемува притисокот врз новоизбраниот претседател на Европската комисија, Жан Клод Јункер, откако меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари ги откри минатата недела тајните договори кои луксембуршката влада редовно ги склучува со големи меѓународни приватни компании за да им овозможи минимално плаќање данок. Шемата наречена „такс рулинг“, иако не е нелегална, била чувана во тајност, отворајќи низа […]

Горбачов: Не е сè изгубено меѓу Западот и Русија

ноември 10, 2014

Поранешниот претседател на СССР, Михаил Горбачов, смета дека е неопходно Западот и Русија да направат заедничка работна група која би создала мир во Европа. – Сметам дека прва работа што мора да ја направиме е да ги оживееме заедничките интереси и идеи за изградба на Европа како наш дом, а не како театар на антагонизам – наведе Горбачов […]

Шаровиќ: Шешељ ќе го дестабилизира режимот во Србија

ноември 10, 2014

Заменик претседателот на Српската радикална странка (СРС), Немања Шаровиќ, смета дека доаѓањето на Воислав Шешељ нема да предизвика хаос, туку ќе го дестабилизира „издајничкиот режим“. – Приказните дека Шешељ ќе предизвика дестабилизација или хаос, не се точни. Единствено што ќе дестабилизира е издајничкиот режим во Србија. Ние и понатаму го проверуваме секој лет од Хаг, […]

(ВИДЕО) Десет полицајци убиени во серија напади во Авганистан

ноември 10, 2014

Најмалку 10 полицајци денеска загинаа во серија бомбашки напади на истокот на Авганистан, соопштија властите во Кабул. Седум полицајци утринава загинаа во провинцијата Логар, каде бомбаш-самоубиец влезе во седиштето на полицијата и ја активира експлозивната направа што му била врзана околу појасот. Тројца полицајци се убиени во провинцијата Нангархар, при екслозија на автомобил-бомба. Главното седиште на […]

(ВИДЕО) Терористички напад во Харков

ноември 10, 2014

Украинските власти денеска отворија истрага за тероризам, по бомбашкиот напад во Харков, при кој беа повредени 11 лица. Бомбашкиот напад во Харков, град во Источна Украина, е прв поголем напад од почетокот на судирите со проруските бунтовници. Најмалку 11 лица се повредени во синоќешната експлозија на бомба во бар во центарот на Харков, објави полицијата […]

Страна 955 од 962