вторник, 18 август, 2026
Meta.mk

Секој втор Германец добива божикна плата

ноември 5, 2014

Педесет и четири проценти од вработените Германци редовно добиваат во различен паричен износ божикна плата, најчесто во ноември, покажа анкетата на синдикалниот архив ВСИ од Диселдорф, пренесуваат германските медиуми. Според анектата, сега, како и порано, постојат разлики меѓу истокот и западот на Германија. На запад од државата, 57 отсто вработени имаа божикна плата, а на […]

АИ го обвини Израел за воени злосторства

ноември 5, 2014

Водечката светска организација за заштита на човековите права, „Амнести интернешенел“ (АИ) го обвини Израел дека летово извршил воени злосторства во Газа. АИ го обвини Израел за „бесчувствителна рамнодушност“ додека ги напаѓал семејните куќи во густо населениот крајбрежен појас Газа и оти таа рамнодушност во одредени случаи е еднаква на воени злосторства. Израелското министерство за надворешни […]

Кина ќе ги казни поддржувачите на далај лама

ноември 5, 2014

Кина остро ќе ги казни претставниците на Тибет кои го поддржуваат далај лама, прогонетиот тибетски духовен лидер и добитник на Нобелова награда. „Глобал тајмс“ објави дека кинеската антикорупциска комисија побарала од претставниците на Тибет да се фокусираат на „уништување на сепаратизмот и на одржување на социјалната стабилност“. Кинескиот дневник, цитирајќи го претставникот на инспекцискиот тим […]

Валенса: Путин му објави војна на светот

ноември 5, 2014

Поранешниот полски претседател, Лех Валенса, го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека му објавил војна на светот. Валенса смета дека Путин не ги почитува меѓународните обврски на Русија кон Украина, ниту нејзините граници. – Ситуацијата на Истокот е особено опасна. Кога се предаваше нуклеарното оружје, големите сили дадоа гаранција дека ќе се почитуваат границите на […]

Деца загинаа во автобуска несреќа во Египет

ноември 5, 2014

Најмалку 16 лица загинаа, од кои повеќето деца, а 18 се повредени, откако школски автобус се судри со три возила на пустинскиот пат во делтата на Нил, 160 километри северно од Каиро. Фотографиите што ги објави една приватна новинска куќа, сугерираат дека жртвите изгореле. Претставник на египетското министерство за здравство, соопшти дека повредените се хоспитализирани во најблиската […]

Могерини: ЕУ ќе ја признае Палестина

ноември 5, 2014

Новоименуваната шефица на дипломатијата на Европска Унија, Фредерика Могерини, истакна дека во рок од пет години ЕУ би можела да ја признае државноста на Палестина. Могерини, во првото интервју откако ја презеде должноста, наведе дека ЕУ мора да тргне понатаму во својата политика кон Блискиот Исток. – Ќе бидам среќна ако до крајот на мојот […]

Републиканците победија на меѓуизборите во САД

ноември 5, 2014

Републиканците однесоа победа во двата дома на американскиот Конгрес на вчерашните меѓуизбори, освојувајќи мнозинство во Сенатот, како и во претставничкиот дом. Републиканците освоија сенаторски места во Арканзас, Колорадо, Ајова, Монтана, Северна Каролина, Јужна Дакота и во Западна Вирџинија, кои досега ги држеа демократите, јавија светските агенции. Републиканците со тоа си обезбедија најмалку 52 гаса во […]

(ВИДЕО) Седум лица загинаа во поплави на Хаити

ноември 4, 2014

Најмалку седум лица, од кои три деца, загинаа во поплавите на Хаити што се последица на поројните дождови, соопштија локалните власти. Претставничката на Управата за цивилна заштита на Хаити, Надија Локард, изјави дека трите деца загинале во престолнината Порт-о-Пренс, кога врз нив паднал ѕид од куќата во која живееле. Останатите четири лица загинале во градот Кап-Хаитјен […]

Уште еден случај на самозапалување во Бугарија

ноември 4, 2014

Четириесет и осумгодишен маж се самозапали во бугарскиот град Сандански, еден ден откако жена во Софија го направи истото пред канцеларијата на претседателот на Бугарија. Мажот, кој се запалил од засега непознати причини, се наоѓа во болница и неговата состојба е критична, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во критична состојба е и жената, која вчера […]

Русија нема да учествува на Самитот за нуклеарна безбедност

ноември 4, 2014

Русија ќе го бојкотира Самитот за нуклеарна безбедност 2016 поради неговата политичка природа, соопштија денеска неименувани дипломатски извори. Претставниците на Москва минатата недела не присуствуваа на седницата во Вашингтон, посветена на подготовките на самитот. Американски дипломатски извори соопштуваат дека засега не е јасно дали Русија планира да присуствува на состанокот. Двајца високи претставници на САД, повикувајќи […]

Мексико: Уапсени градоначалникот и неговата сопруга, осомничени за исчезнувањето на студентите

ноември 4, 2014

Мексиканската полиција ги приведе поранешниот градоначалник на Игуала и неговата сопруга, кои се осомничени за смртта на шест лица во полицискиот напад и за исчезнувањето на 43 студенти. Поранешниот градоначалник Хозе Луиз Абарка и Марија де лос Анхелес Пинда се уапсени во Мексико Сити. – Немаше насилство при полициската операција – соопшти портпаролот на полицијата, […]

Израел донесе закон кој ќе го блокира ослободувањето затвореници

ноември 4, 2014

Израелскиот парламент го усвои законот кој би можел да го блокира ослободувањето на палестинските затвореници обвинети за убиство во некои идни мировни преговори, соопшти портпаролот на парламентот. Израелскиот парламент, Кнесет, доцна синоќа, со 35 гласови „за“ и со 15 „против“, го донесе законот што го предложи една од партиите од десницата, а владата го одобри во […]

(ВИДЕО) Бан Ки-Mун ги смеша Австрија и Австралија

ноември 4, 2014

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Mун, за време на посетата на Виена, ги помеша Австрија и Австралија. – Посебно му благодарам на претседателот Фишер и на владата на Австралија – изјави Бан на конференцијата на ОН посветена на земјите кои не излегуваат на море, која се одржува во главниот град на Австрија. https://www.youtube.com/watch?v=QhIrTDpU1Hs Генералниот секретар подоцна […]

Бојко Борисов е новиот бугарски премиер

ноември 4, 2014

Реформаторскиот блок на Бугарија денеска одлучи за нов премиер на нашиот источен сосед да биде именуван Бојко Борисов. На средбата на здружените партии во реформатоскиот блок, одлучено е идната бугарска влада да има тројца вицепремиери и 18 министри.

Хрватска и официјално со најлоши економски прогнози во ЕУ

ноември 4, 2014

Хрватска има најлоши економски прогнози од сите членки во Европска Унија, се наведува во есенските прогнози на Европската комисија, а прогнозираниот пад на домашниот бруто-производ (БДП) е зголемен од 0,6 на 0,7 отсто за оваа година. Зголемена е и процената на стапката на невработеност, од минатогодишните 17,3 отсто на 17,7 отсто, јавуваат хрватските медиуми. Европската комисија […]

(ВИДЕО) Захарченко положи заклетва

ноември 4, 2014

Лидерот на проруските сили и премиер на самопрогласената народна република Донецк, Александар Захарченко, денеска и официјално положи заклетва на церемонијата на која беше инаугуриран за претседател на републиката, јави руската агенција ИТЕР-ТАСС. Руската агенција наведува дека Захарченко, на церемонијата во музичкиот и драмски театар, ја положил заклетвата на Библија, а потоа четири казаци, во традиционална носија, […]

„Проктер енд Гембл“ непожелна во Аргентина

ноември 4, 2014

Аргентина привремено го забрани работењето на мултинационалната компанија „Проктер енд Гембл“ во земјата, обвинувајќи ја за испумпување пари и за затајување данок. Компанијата, која стои зад десетина најсилни светски марки, меѓу кои се и пелените „памперс“, батериите „дурасел“ и детергентот „тајд“, е обвинета дека испумпала 138 милиони долари од Аргентина, ги прикрила вистинските износи на […]

Жената што се самозапали во Софија е во критична состојба

ноември 4, 2014

Триесет и осумгодишната жена што вчера се самозапали пред претседателската палата во Софија е во животна опасност, соопштија од болница „Пирогов“. Лидија Петрова е самохрана мајка, има едно дете и долги години работи како фоторепортер. Во неколкуте инциденти со самозапалување во Бугарија, во периодот меѓу февруари и мај 2013 година, шест лица го загубија животот.

Самитот на АСЕАН во Мјанмар ќе го обезбедуваат 20.000 полицајци

ноември 4, 2014

Повеќе од 20.000 полицајци ќе го обезбедуваат претстојниот самит на шефови на држави или влади на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН), што ќе се одржи од 12 до 15 ноември, во престолнината на Мјанмар, Јангун. Шефот на мјанмарската полиција денеска најави дека ќе биде зајакната и контролата на аеродоромите и на сите гранични премини. […]

Оланд го повика Путин да не ги признае изборите во Источна Украина

ноември 4, 2014

Францускиот претседател, Франсоа Оланд, го повика претседателот на Русија, Владимир Путин да не ги признае изборите во источниот дел на Украина, бидејќи би можеле да го загрозат територијалниот интегритет на државата. – Го повикувам Путин да остане во рамките на договорот од Минск, со кој е отворен патот за потпишување примирје – изјави Оланд. Тој […]

Страна 954 од 956