петок, 11 септември, 2026
Meta.mk

Тешко ранет познат бизнисмен во Белград

ноември 14, 2014

Милан Беко, познат бизнисмен од Белград, денеска, пред својата куќа, бил ранет со два куршума. Беко веднаш бил префрлен во ургентен центар, во исклучително тешка состојба. Во него било стрелано од непознато лице, кое го сочекало пред неговиот дом. Бизнисменот Милан Беко не е член на ниту една политичка партија, иако бил министер во владите на СПС, […]

Еди Рама во болница во Шведска?!

ноември 14, 2014

Албанскиот премиер Еди Рама е тешко болен, па поради тоа денеска отпатувал во клиника во Шведска, пишуваат албанските медиуми. Според некои од нив, Рама  е во позната шведска клиника поради проблеми со белите дробови. Други медиуми шпекулираат дека ненадејното заминување на Рама во Шведска отворило многу сомнежи. Како што пишуваат медиумите во Албанија, Рама попладнево на својот […]

Патријарх Кирил: Во Србија сум како дома

ноември 14, 2014

Патријархот московски и на цела Русија, Кирил, пристигна денеска во тридневна посета на Србија. На аеродромот „Никола Тесла“, Кирил беше пречекан од српскиот патријарх Иринеј и од српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, јавуваат српските медиуми. – Нашите цркви се поврзани, ја сочуваа довербата меѓу народите, што е од големо значење –  рече Кирил по пристигнувањето. […]

Северна Кореја ќе испрати амбасадор во Русија

ноември 14, 2014

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ќе го испрати свој специјален претставник Чое Рионг-хае во Русија. Севернокорејските медуми објавија соопштение за планираното заминување на Чое, но не прецизираа детали за датумот или за точната цел на патувањето.  

Француската полиција сè уште трага по тигарот

ноември 14, 2014

Со шок-пиштоли и со помош на хеликоптер, голем број француски полицајци денеска цел дена го бараат тигарот што вчера изутрината бил забележан во близина на Париз. Властите издадоа соопштение жителите од таа област да не излегуваат од своите домови. Надлежните сè уште не знаат од каде се појавил тигарот. Тигарот бил забележан во Монтеврен, кој се наоѓа во близина […]

Индија: Уапсен директор на фабрика за лекови поради смртта на стерилизираните жени

ноември 14, 2014

Полицијата во Индија го уапси директорот на фабриката за лекови и неговите синови под обвинение дека ги снабдувале со лекови жените што подлегнале на масовна стерилизација, од кои 13 починаа. Приведените се товарат за измама. Властите сè уште го истражуваат случајот и утврдуваат дали антибиотиците и лековите против болки се одговорни за трагичниот крај на жените. […]

ОН: ИСИС врши масовни воени злосторства

ноември 14, 2014

Џихадистите на Исламска држава се одговорни за злосторства од масовни размери во Сирија, каде вршат терор, обезглавуваат, каменуваат и стрелаат цивили и војници, стои во извештајот на истражителите на Обединетите нации. Извештајот на ОН се темели на разговори со повеќе од 300 мажи, жени и деца кои побегнале или сè уште живеат во упориштата на ИСИС […]

Харадинај претендира на премиерската позиција

ноември 14, 2014

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, изјави дека не се откажал од кандидатурата за косовски премиер. За време на посетата на општина Дечане, тој  изјави дека одлуката на уставниот суд ги променила односите во коалицијата ВЛАН и за вечерва најави состанок на лидерите од блокот, на кој ќе бидат разгледани барањата на […]

Нигерија: Се урна хеликоптер пред студентски дом

ноември 14, 2014

Воен хеликоптер се урна и експлодира пред студентски дом на североистокот на Нигерија, подрачје на кое нигериската војска се бори со исламските екстремисти. Портпаролот на полицијата во нигериската сојузна Адамава не ги изнесе деталите, ниту наведе дали има преживеани, додека сведоците на несреќата велат дека нема преживеани. Очевидецот Хабу Малам изјави дека хеликоптерот паднал и експлодирал […]

Пензиониран војник се заканувал со пиштол пред владата на Србија

ноември 14, 2014

Пензиониран потполковник на војската на Србија мавтал со пиштол помеѓу главниот и помошниот влез на зградата на Владата и се заканувал дека ќе се убие. По преговорите со полицијата, тој го предал пиштолот, а надлежните го собрале оружјето и мажот го внеле во владината зграда. За време на инцидентот, делови од улиците околу владата на […]

Рускиот патријарх Кирил пристигна во Србија

ноември 14, 2014

Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, денеска ја почна тридневната посета на Србија. На аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, патријархот Кирил беше пречекан од министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, српскиот патријарх Иринеј и од амбасадорот на Русија во Србија, Александар Чепурин. Во попладневните часови ќе биде организирана средба на патријархот со претседателот на […]

Путин: Санкциите кон Русија се противправни

ноември 14, 2014

Рускиот претседател Владимир Путин се надева дека земјите што воведоа санкции кон Москва ќе сфатат дека тие им нанесуваат штета на меѓународните економски односи. – Ова е штетно и секако дека ни нанесува штета и нам, но и на САД, затоа што со тоа се поткопува целокупниот систем на меѓународните економски односи – изјави Путин во […]

Експлодирала бомба пред објектот на даночната служба во Атина

ноември 14, 2014

Пред објектот на даночната служба во Атина вчера експлодирала бомба. Како што јавуваат грчките медиуми, бомбата, која била изработена рачно, причинила само материјална штета. Полицијата вчера ја затворила елитната населба Кифисија откако анонимен човек се јавил во грчки весник и интернтет-портал и рекол дека за половина час ќе експлодира бомба. Сè уште никој не презел одговорност […]

Иса Мустафа ќе биде кандидат за премиер на Косово

ноември 14, 2014

Иса Мустафа од Демократски сојуз на Косово ќе биде кандидат за премиер на Косово, пренесува приштинската телевизија „Кохавижн“. Се очекува лидерите на коалицијата ВЛАН денеска да одржат состанок, на кој ќе биде објавен нов политички договор на коалицискиот блок, во кој освен АИК и ДСК, дел се и Иницијативата за Косово и движењето „Самоопределување“. Изборите […]

Ферхојген: ЕУ мора да направи нешто против заморот од проширување

ноември 13, 2014

Поранешниот европски комесар за проширување, Гинтер Ферхојген, денеска во Братислава порача дека Европска Унија мора да направи нешто против заморот од проширување и јасно да каже дека тој процес не беше оптоварување за старите земји-членки, туку дека од него корист имаа сите, пренесуваат медиумите. – Треба да им се порача на европските земји кои сè уште […]

Загрепскиот суд ја прифатил гаранцијата на Бандиќ за излегување од притвор

ноември 13, 2014

Истражниот судија на загрепскиот жупаниски суд ја прифати гаранцијата што за бранење од слобода ја понудиле загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ и другите осомничени во аферата „Аграм“, кои сè уште се наоѓаат во затворот „Реметинeц“, пренесуваат хрватските медиуми. Истражниот судија, Зденко Посавац, на осомничените им забранил контакт со сведоци, но и да ги извршуваат своите професионални работни обврски, […]

САД: Чак Хејгел најави засилување на нападите врз ИСИС

ноември 13, 2014

Секретарот за одбрана на САД, Чак Хејгел, денеска најави интензивирање на воздушните напади против ИСИС во Ирак. Хејгел, образложувајќи ја стратегијата на САД во Конгресот, изјави дека ирачките сили се сè поефикасни и дека коалицијата што ја предводат САД, ќе го засили темпото и интензитетот на воздушната кампања против исламските екстремисти. Тој оцени дека борбата против […]

ЕП ја ратификуваше спогодбата за асоцијација со Молдавија

ноември 13, 2014

Европскиот парламент денеска го ратификуваше политичкиот и трговски договор меѓу Молдавија и Европска Унија, пренесува „Радио Слободна Европа“. За sпогодбата за асоцијација, која Молдавија ја потпиша во јуни годинава, гласаа 535 пратеници, а 94 беа против. Пред да стапи на сила, спогодбата за асоцијација треба да биде ратификувана од парламентите на сите 28 членки на […]

Истанбул: Кривични пријави за напаѓачите на војниците на САД

ноември 13, 2014

Дванаесет турски државјани, кои се уапсени по нападот на американските војници во Истанбул, пуштени се денеска на слобода, но постои можност против нив да биде покрената кривична пријава за навреда и за нанесување телесни повреди, јавуваат турските медиуми. Група демонстранти, извикувајќи „Јенки одете си дома“, нападнаа тројца американски морнари во Истанбул, во близина на воениот […]

БИХ: Уапсени 11 осомничени за тероризам

ноември 13, 2014

Најмалку 11 лица се уапсени во Босна и Херцеговина под сомневање за тероризам, соопштија босанските власти. Повеќе од 100 полицајци учествуваа во акцијата „Дамаск“ на босанската Агенција за разузнавање и заштита (СИПА). При претресот на објектите, спроведен во неколку населени места, се конфискувале предмети кои можат да послужат како доказен материјал. Од септември годинава, кога почна […]

Страна 952 од 962