понеделник, 11 мај, 2026
Meta.mk

„Проктер енд Гембл“ непожелна во Аргентина

ноември 4, 2014

Аргентина привремено го забрани работењето на мултинационалната компанија „Проктер енд Гембл“ во земјата, обвинувајќи ја за испумпување пари и за затајување данок. Компанијата, која стои зад десетина најсилни светски марки, меѓу кои се и пелените „памперс“, батериите „дурасел“ и детергентот „тајд“, е обвинета дека испумпала 138 милиони долари од Аргентина, ги прикрила вистинските износи на […]

Жената што се самозапали во Софија е во критична состојба

ноември 4, 2014

Триесет и осумгодишната жена што вчера се самозапали пред претседателската палата во Софија е во животна опасност, соопштија од болница „Пирогов“. Лидија Петрова е самохрана мајка, има едно дете и долги години работи како фоторепортер. Во неколкуте инциденти со самозапалување во Бугарија, во периодот меѓу февруари и мај 2013 година, шест лица го загубија животот.

Самитот на АСЕАН во Мјанмар ќе го обезбедуваат 20.000 полицајци

ноември 4, 2014

Повеќе од 20.000 полицајци ќе го обезбедуваат претстојниот самит на шефови на држави или влади на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН), што ќе се одржи од 12 до 15 ноември, во престолнината на Мјанмар, Јангун. Шефот на мјанмарската полиција денеска најави дека ќе биде зајакната и контролата на аеродоромите и на сите гранични премини. […]

Оланд го повика Путин да не ги признае изборите во Источна Украина

ноември 4, 2014

Францускиот претседател, Франсоа Оланд, го повика претседателот на Русија, Владимир Путин да не ги признае изборите во источниот дел на Украина, бидејќи би можеле да го загрозат територијалниот интегритет на државата. – Го повикувам Путин да остане во рамките на договорот од Минск, со кој е отворен патот за потпишување примирје – изјави Оланд. Тој […]

Братче си ја застрелалo сестричката во Охајо, САД

ноември 4, 2014

Тригодишно девојче се наоѓа во критична состојба откако нејзиниот четригодишен брат ја застрелал со огнено оружје во главата. Инцидентот се случил во градот Лорејн, во американската сојузна држава Охајо, на околу 50 километри западно од Кливленд. Децата си играле сами во соба кога момчето во фиока пронашло наполнет пиштол. Истрагата за овој инцидент ќе ја преземе обвинителската […]

Русија не го прифаќа соопштението од ОН за изборите во Источна Украина

ноември 4, 2014

Јуриј Сергејев, украинскиот амбасадор во Обединети нации, изјави дека Русија се спротиставила на соопштението на Советот за безбедност при ОН, во кое се критикуваат изборите што се одржаа во Донецк и во Луганск на истокот на Украина. Во предлог-текстот на Литванија пишува дека изборите се одржани во спротивност на мировниот договор од Минск, што беше […]

Избори во САД

ноември 4, 2014

Избори во претставничкиот дом се оржуваат во Соединетите Американски Држави, се бираат 435 конгресмени и 36 сенатори. Според анкетите, трката меѓу двете партии била нерешена. Доколку републиканците ја добијат контролата и во двата дома на Конгресот, според аналитичарите, тоа би го принудило претседателот Барак Обама да ги смени приоритетите на неговата политика и да направи некои […]

Блесна новиот и највисок облакодер во Њујорк

ноември 3, 2014

Најновиот и највисок облакодер на Светскиот трговски центар во Њујорк, денеска беше отворен. Тој е изграден на местото на некогашните Кули-близначки урнати во нападите од 11 септември 2001 година. Облакодерот има 104 ката, а неговата изградба чинеше 3,9 милијарди долари. На неколку метри од новата зграда се наоѓа меморијалот и музејот во спомен на загинатите […]

Жена се самозапали пред зградата на бугарскиот претседател

ноември 3, 2014

Триесет и осумгодишна жена попладнево се запали пред зградата на претседателот на Бугарија во Софија, сооопшти Министерството за внатрешни работи, потсетувајќи дека слични драми во оваа земја се случија и минатата 2013 година. Жената доби тешки изгореници, но остана жива, сооопштија од болница. Во моментов не се соопштува нејзиниот идентитет, а не се знае ниту […]

Лекар од Брегот на Слоновата Коска почина од ебола

ноември 3, 2014

Властите на Брегот на Слоновата Коска денеска соопштија дека лекарот Џорџ Годфри починал од ебола, така што тој е четврта жртва на болеста меѓу лекарите во Западна Африка. Починатиот бил надзорник во државната болница на северот на земјата. Странските држави, вклучувајќи ја и Кина, кои испратија свои лекари и медицински персонал за да им помогнат […]

Кина произведе ласерски уништувач на дронови

ноември 3, 2014

Кина создала ласерско оружје кое може да уништи беспилотни летала во лет, јавуваат светските медиуми. Оружјето има домет до два километри и може да ја погоди метата и на најниска висина за помалку од пет секунди од лоцирањето, јавува кинеската новинска агенција „Ксинхуа“. Уредот се состои од големи подвижни коцки, премачкани со маскирна боја, на […]

(ВИДЕО) Турција: 24 загинати при превртување на брод

ноември 3, 2014

Дваесет и четири лица загинаа откако брод со илегални имигранти се превртел во теснецот Босфор. Спасувачките екипи успеале да спасат седум лица од бродот, за кој се претпоставува дека превезувал 40 илегални имигранти, вклучувајќи и деца. Потрагата по останатите патници на превртениот брод е во тек, а во неа се вклучени чамци од крајбрежната стража […]

РУСИЈА: Киев да ги прекине воените операции во источна Украина

ноември 3, 2014

Русија го повика Киев да ја прекине воената офанзива на истокот на Украина и нагласи дека новоизбраните проруски лидери имаат доволно авторитет и овластувања за да преговараат со Киев. „Проруските лидери, кои вчера се избрани, имаат доволен авторитет да воспостават широко одржлив дијалог со киевските власти“, соопшти заменик шефот на руската дипломатија, Григориј Карасин, за […]

Европскиот суд ќе пресуди дали ИП-адресите се лични податоци

ноември 3, 2014

Европскиот суд ќе треба да одлучи дали ИП-адресите ќе се сметаат за лични податоци, откако германскиот федерален суд одлучи да ја префрли надлежноста на Европскиот суд на правдата на ЕУ. – Пресудата на судот ќе биде од клучно значење за тековната дебата за реформите на законот за заштита на податоци на ЕУ, како за практиката […]

Рускиот гас ќе протече кон Украина

ноември 3, 2014

Испораките на руски гас во Украина ќе бидат обновени кога Киев оваа недела ќе го отплати првиот дел од долгот на „Газпром“, изјави директорот на рускиот гасен гигант, Алексеј Милер. Неговата изјава дојде откако Русија, Украина и Европска Унија постигнаа договор за продолжување на испораките на руски гас за Украина и за ЕУ. Овој договор […]

Сорос: Узбекистанската власта профитира од принудната работа на памучните полиња

ноември 3, 2014

Узбекистан секоја година принудно мобилизира повеќе од еден милион граѓани за собирање памук. Поради последниот притисок на меѓународната заедница, властите на Ташкент престанаа да ги принудуваат децата да собираат памук. Сепак, собирањето на памукот зависи од возрасните, кои, според претставници на организациите за заштита на човековите права, се своевидни робови на власта. Фондацијата „Отворено општество“, во […]

Педесет и пет загинати при напад на индиско-пакистанската граница

ноември 3, 2014

Најмалку 55 лица загинаа, а 200 се ранети при вчерашниот напад на бомбаш-самоубиец на граничниот премин Вагах, меѓу Индија и Пакистан, јавува „Хиндустан тајмс“. По нападот, зголемени се безбедносните мерки и контролата долж индиско-пакистанската граница. Патак, челникот на пакистанските Сили за заштита на границата, соопшти дека уште во неделата постоеле индикации дека се подготвува терористички […]

САД: Изборите за Конгресот се тест за политиката на Обама

ноември 3, 2014

Американците во вторник ќе го избираат новиот состав на Конгресот и една третина од Сенатот. Сегашната слаба популарност на актуелниот претседател Барак Обама им штети на демократите. Сепак, според последните анкети, Американците целосно ја губат вербата во политичарите, а и популарноста на Конгресот, со кој владеат републиканците, ја има најниската популарност во историјата. Во пресрет […]

ИСИС зазеде уште едно нафтено поле во Сирија

ноември 3, 2014

Борците на исламската држава (ИСИС) во Сирија, денеска соопштија дека заземале нафтено поле во покраината Хомс. Ова е второ плинско поле освоено во последната недела во борбите со владините сили. Радикалната сунитска група на социјалните мрежи објави 18 фотографии на кои се гледа знамето на ИСИС на нафтеното поле во Јаха, како и запленети оружје и […]

Европска Унија не ги признава изборите во Доњецк и во Лугањск

ноември 3, 2014

Федерика Могерини, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европска Унија, изјави дека ЕУ не ги признава изборите во Источна Украина, јави дописникот на МИА од Брисел. – Сметам дека „претседателските и парламентарните избори“ во самопрогласените „народни републики“ на Доњецк и на Лугањск се нова пречка на патот кон мирот во Украина. Гласањето е нелегално […]

Страна 932 од 933