fbpx
Свет Страница 752

Свет

Маринецот кој го уби Бин Ладен ќе го открие својот идентитет

Припадникот на специјалната единица на војската на САД, „Морнарички фоки“, кој го уби водачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, одлучил да го открие својот идентитет, револтиран поради губењето на здравственото осигурување и пензијата бидејќи предвреме ја напуштил воената служба, пренесуваат светските медиуми. Се очекува...

Горбачов со поддршка за политиката на Путин

Порашениот советски лидер Михаил Горбачов (83), денеска изјавил дека ќе ја брани политиката на рускиот претседател Владимир Путин кога ќе отпатува во Германија на одбележувањето на 25-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, пренесуваат светските медиуми. Според Горбачов, кога станува збор за интересите на Русија, Путин...

Штрајк на германските железничари, хаос на патиштата

Поради штрајкот реагираше и германскара кацеларка Ангела Меркел
Денеска штрајкуваат германските железничари, што предизвика голем метеж на автопатиштата. Поради тоа, пишуваат германските медиуми, во текот на викендот, во Германија ќе има недостиг на бензин. Поради штрајкот, реагираше и германската кацеларка Ангела Меркел, која побара посредник за решавање на проблемот. - Може само да апелирам...

Швајцарија: Свлечиште усмрти мајка и дете

Свлечиште кое прекрило куќа на југот од Швајцарија, усмрти 31-годишна жена и нејзината тригодишна ќерка, соопштија денеска швајцарските власти. Циришкиот весник „20 минутен“ на својата веб-страница објави дека спасувачите ги пронашле жената и детето во урнатините на куќата, во зафрлен дел во близна на Лугано. Полицајци, пожарникари и спасувачи со...

Критичар на Путин пронајден мртов во својот дом

Познат руски актер и критичар на претседателот Владимир Путин е пронајден мртов во својот дом во Москва. Телото на Алексеј Девотченко е откриено во неговиот дом, облеано со крв. Според рускиот таблоид „Лајвњус“, Девотченко со рака удрил во стаклен орман при што се расекол. Смртта настанала...

Австријците стравуваат од ебола

Австријците стравуваат дека еболата би можела да се прошири и во нивната земја, покажува денеска објавеното истражување на институтот „Маркет“. Според истражувањето, дури 61 процент од населението стравува дека еболата може да стигне во Австрија преку меѓународните авиолетови и другите видови сообраќај. Доколку дојде до појава на...

Нови судири на протестите во Хонг Конг

За нови судри меѓу демонстрантите и полицијата во Хонг Конг, по двонеделната пауза од протестите, јавуваат локалните медиуми. Кинескиот весник „Саут Чајна морнинг пост“ јавува дека судирите избиле во бизнис-квартот Монг Кок, а повод, наводно, било тоа што еден од демонстрантите вклучил блиц од фотоапарат...

САД: Милијардер близок до Путин под истрага за перење пари

Руски милијардер, близок до Владимир Путин, се најде под истрага во САД за перење пари и за тргување со нафта, јавува „Њујорк тајмс“. Службеник на американските федерални власти во средата соопшти дека американското министерство за правосудство покренало истрага за перење пари, а во центарот на...

Една жена е повредена во експлозија во Каиро

Една жена е повредена утрово при експлозија во близина на претседателската резиденција во Каиро. Откако армијата го собори од власт исламистичкиот претседател Мохамед Морси во јули 2013 година, Египет е зафатен од серија напади. За нив се одговорни џихадистички групи, кои тврдат дека дејствуваат како...

„Форбс“: Путин е најмоќниот човек на светот

На листата на „Форбс“ се најдоа лидери на 17 држави
Втора година по ред, рускиот претседател Владимир Путн е избран за најмоќна личност во светот на листата што ја прави влијателното списание „Форбс“. Путин се наоѓа пред претседателот на САД, Барак Обама, кој го освои второто место, и пред кинескиот претседател, Кси Гинпинг, кој е...

Обама ќе бара нови воени овластувања од Конгресот

Американскиот претседател Барак Обама на прес-конференција изјави дека ќе поднесе барање до Конгресот за финансирање на американските војници и лекари во Западна Африка кои се борат против ширењето на еболата. Најавувајќи го неговиот ангажман со Конгресот за нови овластувања околу употребата на воена сила против...

Могерини го поддржа британско-германскиот план за БИХ

Високата претставничка на Европска Унија за надворешна политика, Фредерика Могерини, денеска го поддржа планот на Велика Британија и на Германија за отстранување на блокадата во евроинтеграциите на Босна и Херцеговина. „Особено ја ценам идејата за напредокот на БИХ која синоќа во Берлин ја изнесоа министрите...

Во Словенија жолт аларм поради поројните дождови

Во Словенија е прогласен жолт аларм поради поројните дождови што во текот на ноќта ја погодија земјата и кои, според најавите на метеоролозите, ќе продолжат и следните денови. Метеоролозите прогнозираат дека денеска ќе биде прогласен највисок степен на опасност од поплави - црвен аларм. Се прогнозира дека...

Евроинтеграцијата на Балканот не значи и проблем

Ќе треба да се работи на подигнување на довербата во земјите членки на ЕУ
Евроинтеграцијата на Балканот не значи повеќе проблеми и во следните пет години ќе треба да се работи на подигнување на довербата во земјите-членки на ЕУ, е пораката од учесниците на Шестата конференција на министрите за надворешни работи од Југоисточна Европа, во организација на реномираниот германско-американски...

Донецк: Убиени двајца тинејџери

Двајца тинејџери се убиени при бомбардирањето на Донецк, јавија светските медиуми. Според локалните медиуми, момчињата играле фудбал во школскиот двор кога се случило бомбардирањето. Училиштето се наоѓа на околу три километри од аеродромот во Донецк, каде со месеци се водат борби меѓу проруските сепаратисти и...

Десет уапсени на протестот „Марш на милион маски“

Десет лица се уапсени во Лондон, по судирите со полицијата што избија за време на протестите на хакерската организација „Анономус“ организирани под називот „Марш на милион маски“, соопшти лондонската полиција. „За време на протестите, имаше неколку случаи со насилство. Уапсени се 10 лица“, се наведува во соопштението,...

Србија ги намали платите на претседателот и на пратениците

За десет проценти се намалени платите на претседателот на земјата, на назначените лица во службите на претседателот и во службите на парламентот, како и на пратениците. Административната комисија во српскиот парламент денеска донесе одлука за намалување за десет отсто на платата на претседателот на земјата,...

Лондон e против испраќање британски полицајци во реонот на Кале

Британската влада ја отфрли можноста полицајци од Велика Британија да бидат префрлени на француската страна на каналот Ла Манш за да им помогнат на француските власти полесно да се справат  со илегалните имигранти во реонот на градот Кале. За официјален Лондон, безбедносните работи на француска...

Единаесет деца убиени во Дамаск

Единаесет деца загинаа во североисточниот дел на Дамаск, во бомбардирање при кое е погодено училиште во квартот што е под контрола на бунтовниците, јавуваат невладини извори и активисти. - Единаесет деца загинаа во бомбардирањето на квартот Кабун, кој е под надзор на власта - соопшти активист за...

Албанска пратеничка поднесе оставка поради вмешаност на нејзиниот син во убиство

Албанската пратеничка Луиза Џувани денеска поднесе оставка, откако полицијата го приведе нејзиниот син поради престрелката во ноќен клуб, во која загинаа четири лица. Како што соопшти полицијата, пукањето во тиранскиот ноќен клуб „Анте гранд“ почнало по жолчна расправија, во која учествувал и синот на...

Без вклученост на граѓанскиот сектор, не може да се зборува за плурализам и за отвореност

Учеството на јавноста во креирањето на јавните политики е нешто што во поширока смисла би значело „од граѓаните за граѓаните“. Правилниците, стратегиите, акциските планови, законите, законските измени - сите...