fbpx
Свет Страница 713

Свет

Независни Грци и понатаму против идејата за сложено име со терминот Македонија

Пратеникот од Независни Грци, Костас Зурарис, изрази огорченост од одлуката на СИРИЗА и на други грчки партии да се прифати сложено име во кое ќе фигурира терминот „Македонија“. Според него, тоа ќе значи дека Грција ќе дозволи нашите граѓани да бидат главните Македонци, а грчките...

Самарас ја обвини СИРИЗА за погазените ветувања

Поранешниот премиер Андонис Самарас ја обвини СИРИЗА дека целосно ги има погазено ставовите и предизборните ветувања. Самарас забележа дека СИРИЗА не само што не го искинала Меморандумот за штедење против кој толку години се бунтуваше и изнуди предвремени избори во јануари, туку сега и...

Копилотот намерно го урнал авионот и убил 150 лица

Копилотот на „Џерманвингс“ веројатно намерно го урнал авионот, убивајќи ги сите 150 патници во леталото. Копилотот не му дозволил на капетанот да влезе во кабината за „намерно да го уништи“ авионот, соопшти францускиот обвинител на прес-конференција. Копилотот на „Џерманвингс“ е идентификуван како Андреас Лубиц. Капетанот бил на возраст...

Пилотска расправија е можна причина за падот на авионот

Теоријата за механички дефект како причина за падот на авионот на „Џерманвингс“ на француските Алпи е отфрлена по анализата на податоците од црната кутија, кои укажуваат дека причина за падот е несоодветното однесување на пилотот во текот на летот. Како што пишува британскиот весник „Мирор“, пилотите...

Коалиционите сили ја бомбардираа претседателската палата во Тикрит

Коалиционите и ирачките авиони денеска го гаѓале комплексот палати во Тикрит, во кој се наоѓаат припадници на екстремистичката Исламска држава, соопшти портпаролот на Министерството за одбрана, Тахсен Садик. - Ирачките воздушни сили, заедно со коалиционите сили, извеле воздушен напад врз претседателската палата во која се...

Еден од пилотите не бил во кабината за време на несреќата

Еден од двајцата пилоти на авионот „ербас А320“ на германската компанија „Џерманвингс“, кој во вторникот се урна над француските Алпи со 150 патници, ја напуштил пилотската кабина и не можел да се врати за време на несреќата, јавува агенцијата „Франс прес“. Повикувајќи се на извори...

Уапсен водачот на групата што го нападна музејот во Тунис

Уапсен е водачот на групата што минатата недела изврши напад врз музејот „Бардо“ во Тунис. Групата што го извела нападот била составена од 15 терористи и секој од нив имал своја посебна задача. Портпаролот на МВР на Тунис, Рафик Чели, потврди дека членови на групата претходно се сретнале...

Јункер верува дека ќе се постигне решение меѓу Грција и ЕУ

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска го поздрави враќањето кон „нормален процес“ во преговорите меѓу Атина и ЕУ за финансиски спас на Грција, што, според него, отвора пат за поволен резултат и за двете страни. „Морам да признаам дека бев многу песимистички настроен во...

Оланд: Ќе ги дознаеме причините за падот на авионот

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека француските власти ќе ги дознаат причините за падот на авионот на „Џерманвингс“ на Алпите, при кој загинаа 150 луѓе. Говорејќи заедно со германската канцеларка Ангела Меркел и со шпанскиот премиер Маријано Рахој во близина на местото на несреќата, Оланд рече:...

Ѓукановиќ: Црна Гора е на добар пат да добие покана за членство во НАТО

Црногорскиот премиер Мило Ѓукновиќ денеска во парламентот изјави дека земјата е на добар пат да ги исполни очекувањата на сојузниците околу условите за членство во НАТО, објави „Блиц.рс“ Тој рече дека неговата Влада до крајот на мандатот очекува да добие повик за влез на Црна...

Попоски: Инфраструктура за интегрирање на Балканот во европскиот проект

Бидејќи Европската унија е политичка унија, треба да се применат политички критериуми за поврзување на регионот. Инфраструктурата не служи само за транспорт на стоки и на луѓе, туку и за интегрирање на Балканот во европскиот проект. Тоа го истакна македонскиот министер за надворешни работи, Никола...

Обама нема време за Столтенберг во Вашингтон

Американскиот претседател Барак Обама нема да се сретне со новиот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој стапи на должност минатиот октомври, иако првиот човек на Алијансата е во тридневна посета на Вашингтон, јавува американската агенција „Блумберг“. Од канцеларијата на Столтенберг побарале состанок со Обама...

Боко харам киднапирала 500 деца

Околу 500 деца на возраст до 11 години се водат како исчезнати од нигерискиот град Дамасак откако го напуштија борците на Боко харам. Трговец од тој северноисточен град соопшти дека организацијата Боко харам при заминувањето со себе собрала и деца. Војници од Нигерија и од Чад...

Обама: Со Нетанјаху сум како со Путин

Претседателот на САД, Барак Обама, го означи своите односи со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху како службени, споредувајќи го со Владимир Путин. - Имаме многу службени односи со премиерот – рече Обама. Во последните неколку месеци Обама оцени дека неговата интеракција со Путин од „деловна“ во јуни,...

Апсења на владина седница во Украина

Украинската полиција денеска за време на владината седница ги уапси шефот на службата за итни случаи, Сергеј Бочински, и неговиот заменик. Бочински и Васили Стоетски се уапсени поради местење тендери за јавни набавки, а владата веднаш по апсењето ги отпушти сите шефови од секторот на...

Руски авион принудно слета откако му откажа моторот

Патнички авион „боинг 737“ на руската компанија „ЈУТ ер“ со 78 патници, денеска принудно слета во Санкт Петербург, јавуваат руските медиуми. Авионот се приземјил на аеродромот „Пулков“, откако побарал дозвола за принудно слетување. Руските медиуми јавуваат дека еден од моторите на авионот откажал, но засега информацијата...

„Џерманвингс“ откажа 30 летови низ Европа

„Џерманвингс“ откажа околу 30 летови во Европа откако авион на оваа компанија, со 150 патници, вчера се урна над француските Алпи, соопштија од „Луфтханза“. Како што јавува германскиот весник „Билд“, персоналот на нискобуџетната компанија, која е филијала на „Луфтханза“, од лични причини не се појавил на...

Могерини: До крајот на годината ќе се нормализираат односите меѓу ЕУ и Куба

Куба и Европската унија до крајот на годинава би требало да го потпишат договорот за нормализација на односите, соопшти високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, по средбата со кубанскиот претседател Раул Кастро. Могерини рече дека работат на забрзување на...

Пронајдена една од црните кутии на „Џерманвингс“

Пронајдена е првата црна кутија од авионот на „Џерманвингс“ што денеска се урна на француските Алпи. Авионот имал двете црни кутии, од кои едната ги снима гласовните податоци од кабината на пилотите, а другата бележи податоци за време на летот, од полетувањето до слетувањето. Истражителите се надеваат дека...

Конгресот усвои резолуција за испраќање оружје на Украина

Американскиот Конгрес ја одобри резолуцијата во која американскиот претседател Барак Обама повикува да ѝ се помогне на Украина во борбата против проруските бунтовници, праќајќи ѝ оружје. Одлуката е изгласана со 348 гласа „за“ и со 48 „против“. Сепак, гласањето е симболично бидејќи одлука за праќање оружје...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...