fbpx
Свет Страница 711

Свет

Се сруши авион на јорданската војска, двајца пилоти погинаа

Авион на јорданската војска се срушил при рутински лет, а двајцата пилоти загинале, соопшти војската. Портпаролот на војската, полковник Мамдух ал Амири, потврди дека се срушил авионот „фајрфлај“ во просторот за обука на пилоти, но не ја навел причината за падот. Ал Амри навел дека погинале...

Во Турција блокирани социјалните мрежи поради снимки со убиениот обвинител

Во Турција, социјалните мрежи „Твитер“, „Фејсбук“ и „Јутјуб“ се блокирани од властите поради објавување снимки на обвинителот кој на 31 март беше киднапирани од терористи во Истанбул. Обвинителот Мехмет Сели Кираз беше киднапиран од двајца членови на левичарската група Револуционерна партија и фронт за народно...

Кенија ги нападна терористите кои убија 148 студенти

Кениски воени авиони бомбардираа позиции на исламистичка група Ал Шабаб во соседна Сомалија. Мета биле два кампа во регионот на Гедо, кои терористите ги користат како место за обука и за влегување во Кенија. Ова е прв одговор на Кенија на масакрот на универзитетот во...

Ципрас во мај во Србија

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во мај ќе го посети Белград. Според извори од грчката влада, Ципрас ќе оди во посета на Србија на покана на неговиот српски колега, Александар Вучиќ. Ова ќе биде втора посета на Ципрас на Србија, по неговата посета како лидер на опозицијата во...

Новиот план за руски гас на Балканот, главна тема на средбите во Будимпешта

Енергијата и рускиот гас ќе бидат главна тема на состанокот за енергетска безбедност на Централна и на Југоисточна Европа, на кој утре ќе учествуваат министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и неговиот грчки колега, Никос Коѕиас, во Будимпешта. Клучната дебата ќе биде околу новиот...

Египетски милитанти нападнале црква и полиција

Исламските милитанти вчера извршиле напади на двата најголеми града во Египет. Бомбашки напад е извршен во Каиро, а црква била мета на нападот во Александрија. Во експлозија на бомба на мост кој води до каирскиот кварт Замалекм, каде се наоѓаат многу амбасади, загина еден полицаец. Уште двајца полицајци...

Уапсени 17 осомничени терористи во Малезија

Малезиската полиција уапси 17 лица за кои постои сомнеж дека подготвувале терористички напади во главниот град Куала Лумпур. Како што јавуваат локалните медиуми, двајца од уапсените се повратници од Сирија. Минатата година вкупно 92 лица се уапсени поради поврзаност со џихадистичката сунитска организација Исламска држава.

Шест загинати во самоубиствен напад во Мисрата

Шест лица загина, а 20 се повредени во либискиот град Мисрата откако бомбаш-самоубиец се саморазнесе, активирајќи ја бомбата поставена во автомобил. Како што јавуваат локалните власти, повеќе повредени се припадници на обезбедувањето.

Таксисти се обиделе да се самоубијат во Пекинг

Триесетина таксисти од Пекинг се обиделе да се самоубијат пиејќи отров во знак на протест поради новите владини мерки за такси-превозниците. Како што јавуваат кинеските медиуми, таксистите се пронајдени онесвестени на паркиралиште пред трговски центар во Пекинг. На некои од нив, кои се затруле се...

Папата Франциск: Да се стави крај на насилството и на угентувањето

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во Ватикан ја предводеше богослужбата за Велигден, најважниот католички празник што го одбележува воскреснувањето на Исус Христос. Оваа година Велигден се одбележува во сенка на масакрот што го изврши екстремистичката група Ал Шабаб на универзитетот во кенискиот град Гарси, каде беа убиени 148...

Во Украина убиени четворица војници

Четворица украински војници се убиени денеска на истокот на Украина, каде секојдневно се прекршува примирјето што стапи на сила во средината на февруари, соопшти полицијата во регионот Луганск. „Бунтовниците испукале противтенковски проектили во моментот кога преку еден мост поминувало возило со војници во Чачастиј, место кое е...

Надлежните не знаеле за состојбата на Лубиц

Германското Федерално биро за воздухопловство соопшти дека немале претходни сознанија дека копилотот на авионот на „Џерманвингс“, Андреас Лубиц, се борел со тешка депресија, пред катастрофата на француските Алпи, во која загинаа 150 луѓе. Од Федералното биро, за весникот „Велт ам сонтаг“, навеле дека првпат слушнале...

Во поплавите во Чиле – 25 загинати, 101 исчезнат

Најмалку 25 лица загинаа, а 101 се водат како исчезнати во поплавите на северот на Чиле. Поплавите беа предизвикани од обилните врнежи од дожд во Атакама. Во регионот има целосно поплавени градови, а илјада луѓе останаа без покрив над глава. Официјалните лица проценуваат дека поради поплавите загрозени...

Зариф: Иран ќе продолжи со нуклеарната програма ако Западот се повлече

Шефот на иранската дипломатија, Мохамед Џавад Зариф, изјави дека Иран ќе продолжи со своите нуклеарни активности ако западните сили го повлечат договорот чија конечна верзија треба да биде завршена во јуни. Иран и шест светски сили – САД, Франција, Велика Британија, Русија, Кина и Германија...

Спасени 300 мигранти кај Сицилија

Повеќе од 300 мигранти, помеѓу кои и 14 деца и пет трудници, се спасени покрај брегот на Сицилија. Сите 318 мигранти биле спасени од екипажот на исландски воен брод, кој учествува во патрола на ЕУ во Средоземно Море. Мигрантите биле од 13 земји – Судан, Гана, Мароко, Мали, Мавританија,...

Авион со тон кокаин се срушил во Венецуела

Венецуелската полиција пронашла мал авион кој се срушил во центрланиот дел на земјата, а бил натоварен со еден тон кокаин. На местото на несреќата пронајдени се три тела кои настрадале во текот на паѓањето на авионот. Инспекторите велат дека авионот се срушил на приватен имот...

Два дена по масакрот во Кенија, пронајдена преживеана девојка

Два дена по нападот на кампусот на Универзитот „Гариса“ во Кенија, во кој беа убиени 148 луѓе, медиумите, повикувјќи се на локалниот медицински персонал, јавија дека денеска е пронајдена една преживеана личност. Кениските власти соопштија дека таа личност е 19-годишната Синтија Чаротич, која се криела...

Авион на „Џерманвингс“ непланирано слетал во Венеција

Авион на германската авиокомпанија „Џерманвингс“ бил принуден да слета во Венеција бидејќи на еден од патниците и на еден член на екипажот одеднаш им се слошило. Авионот на летот 03882 од Хановер до Рим бил пренасочен на аеродромот „Марко Поло“ во Венеција, каде на патниците...

Поранешен учител бил организатор на масакрот во Кенија

Кениската полиција го означи исламистот Мухамед Мухамуд, поранешен учител, за организатор на масакрот на универзитеот во Гариса, во кој беа убиени 148 студенти. Познат по прекарот Куно, Дулијадин или Гамадхер, припадник на сомалиската екстремистичка група Ал Шабаб, тој, исто така, се бара во врска со низа...

Договорот со Иран ги подобрува односите помеѓу САД и Кина

Договорот постигнат оваа седмица, помеѓу светските сили и Иран за иранската нуклеарна програма, е добар и за унапредување на кинеско-американските односи, рекол министерот за надворешни работи на Кина, Ванг Ји во телефонски разговор со неговиот американски колега, Џон Кери. За постигнување на договорот заслужни се...

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...