fbpx
Свет Страница 701

Свет

Грција и ЕУ ги приближија ставовите

Техничките преговори помеѓу Грција и нејзините европски доверители, „бриселската група“, односно поранешаната тројка (Европска комисија, Централна банка и Меѓународниот монетарен фонд), влегуваат во втора фаза оваа недела. Дипломатски извори за новинарите во Брисел изјавија дека продолжувањето е добар знак и дека дискусиите се конструктивни, па...

Брод со опасни хемикалии потона кај Коста Рика

Брод потона во близина на костариканскиот град Пунтаренас, предизвикувајќи вистинска тревога во туристички најпопуларната земја во Средна Америка, позната по тропските плажи и по природните резервати. Воспоставена е безбедносна зона долга 100 километри, а владата ги повика луѓето да не влегуваат во морето и да...

ИД ја презеде одговорноста за нападот во Далас

Екстремистичката организација Исламска држава ја презеде одговорноста за пукањето на изложбата на карикатури на пророкот Мухамед во Далас, организирана од антиисламистичко здружение. ИД одговорноста за нападот ја презеде преку социјалната мрежа „Твитер“, јавува „Сајт интелеџенс груп“. Џихадистот, познат како Аби Хусеин ал-Британи, за кој се тврди...

На Филипини е убиен еден од најбараните терористи

Филипинецот Абдул Басит Усман, кој е наоѓа на американската листа на најбарани терористи, е убиен во судирите со безбедносните сили на југот на Филипините, соопштија бунтовничките сили. Претставник на една од најголемите филипински бунтовнички групации, „Исламски ослободителен фронт Моро“, Газали Џафат, рече дека Усман е...

Кина чека договор меѓу Грција и кредиторите за новата железница

Кинеската компанија „Коско“ (Cosco) чека договор меѓу Атина и меѓународните кредитори за да се продолжат разговорите и плановите за изградба на брзата железница од Будимпешта до Атина. Според информациите во Атина, кинеската компанија сè уште е силно заинтересирана за инвестиции во железничкиот сектор и...

Грција: Празна каса и многу оптимизам за брз договор за нова финансиска помош

Грчката влада е оптимист дека е на чекор од решавање на неизвесноста и од постигнување договор со бриселската група за грчкиот заем. На синоќешниот состанок во премиерскиот кабинет, министерот за финансиии и тимот за политички преговори воочиле дека се направени позитивни чекори кои водат...

ММФ почна преговори со Србија

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска во Белград почна разговори со делегацијата на Србија по повод ревизијата на аранжманот во вредност од 1,2 милијарда евра. Главна тема на првата ревизија на тригодишниот аранжман ќе биде состојбата во јавните финансии во Србија, преструктуирање јавни претпријатија,...

Денеска се одбележуваат 35 години од смртта на Тито

На денешен ден пред 35 години, во Љубљана почина претседателот на некогашна СФРЈ и на Сојузот на комунистите на Југославија, Јосип Броз Тито. Тито бил лидер на југословенските партизани во Втората светска војна и лидер на Комунистичката партија на Југославија. На чело на Југославија бил...

Убиени двајца затвореници во атинскиот затвор Коридалос

Крвав инцидент со трагичен крај изби ноќеска во атинскиот затвор Коридалос. Двајца затвореници починаа, двајца се сериозно повредени и 16 се полесно повредени во тепачката што се создала меѓу голема група затвореници во затворот. Жртвите се двајца затвореници од Пакистан, на возраст од 35 и од...

Протести против бруталноста на полицијата во Тел Авив, повредени 30 лица

Најмалку 23 полицајци и седум демонстранти се повредени во Тел Авив. Околу 3.000 лица, главно Евреи од етиопско потекло, протестираа против расизмот и бруталноста на полицијата, предизвикувајќи прекини во сообраќајот, а подоцна и нереди. Етиопската заедница во Израел се вознемири од објавувањето на снимката на која...

Земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди новозеландскиот Јужен Остров, соопшти американскиот Геолошки завод. Епицентарот на земјотресот бил 59 километри северно од градот Квинстаун, на длабочина од 10 километри. Засега нема податоци за евентуални жртви, ниту за причинета материјална штета.

Пукање на изложба на карикатури во Далас

Двајца вооружени мажи синоќа отвориле оган во Далас, Тексас, каде се одржувала изложба на карикатури на пророкот Мухамед, по што полицијата набргу ги убила напаѓачите, велат официјални извори. Двајца мажи се приближиле со автомобил до центарот „Куртис Кулвел“, каде завршил натпреварот на карикатури и отвориле...

Меркел: Германија никогаш нема да го заборави нацистичкиот ужас

„Германија никогаш нема да ги заборави незамисливите ужаси што ги извршија нацистите во концентрационите логори“, изјавила денеска германската канцеларка, Ангела Меркел, на одбележувањето на 70-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Дахау, во близина на Минхен. Во својот говор, пред околу 120 лица од 20 земји, кои го...

ФАЦ: Повторно воведен „црвен телефон“ меѓу НАТО и Русија

„НАТО повторно воведува директна тајна телефонска линија со рускиот воен врв“, пишува денеска германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ), повикувајќи се на анонимен извор од Алијансата. Како што пишува весникот, иницијативата за воспоставување директен контакт, во декември минатата година, ја покренал германскиот министер за надворешни работи,...

Мужниекс: Нападите врз новинарите ќе ја ослабнат европската демократија

„Денеска, 3 мај, е Светскиот ден на слободата на печатот, а денес, исто така, новинарите се сè повеќе цел на напади насекаде во Европа“, рече комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Мужниекс, во своето обраќање пред европските лидери, пренесува „Нова ТВ“. Тој...

Бројот на загинати во земјотресот во Непал надмина 7.000 лица

Непалската полиција денеска потврди дека бројот на жртвите во катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата достигнал 7.074 лица, а 14.000 биле повредени, пренесуваат медиумите. Според официјалните податоци, во земјотресот биле уништени 141.000 куќи, а оштетени биле 150.158 домови. Како што пренесуваат медиумите, полицијата барала повеќе хеликоптери...

Македонците во Албанија незадоволни од новата територијална поделба

„БИРН-Албанија“, со поддршка на Амбасадата на САД во Република Албанија, во градот Бурел организираше тркалезна маса посветена на прашања од новата територијалната поделба на земјата. Претставникот на македонско малцинство, претседателот на Македонското друштво „Илинден“ од Тирана - разгранок за Голо Брдо, Ули Халилај, ги истакна...

Исламска држава убила стотици заложници јесиди во Ирак

Милитанти на Исламска држава (ИД), во петокот убиле неколку стотини јесиди, кои биле држени како заложници западно од ирачкиот град Мосул, јавува „Би-Би-Си“. Од Јесидската напредна партија изјавиле дека станува збор за околу 300 заложници, кои биле убиени во областа Тал Афар во близина на...

Застрелан полицаец во Њујорк

Дваесет и петгодишен службеник на њујоршката полиција вчера бил застрелан во глава од вооружено лице во околината на Квинс, јавува „Би-Би-Си“. Полицаецот Брајан Мур, кој се наоѓа во критична состојба, бил застрелан кога со својот колега, со необележан полициски автомобил, пресретнале лице за кое претходно...

Истражување: Повеќе од 80 отсто од Французите не го сакаат Оланд за претседател

Повеќе од 80 отсто од француските граѓани не го сакаат Франсоа Оланд за шеф на државата по претседателските избори, кои треба да се одржат во 2017 година, бидејќи не постигнал добри резултати на полето на економијата, покажало истражувањето на институтот ЦСА, спроведено за интернет-страницата...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...