fbpx
Свет Страница 674

Свет

Повеќе од 35.000 имигранти побарале азил во Србија

Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, денеска соопшти дека во првите шест месеци од годинава 35.712 имигранти, пред сè, од Сирија и од Авганистан, изразиле намера да побараат азил во Србија. Стефановиќ, во обраќањето пред Собранието на Србија, рече дека сè уште нема податоци...

„Би-Би-Си“ ќе отпушти 1.000 вработени

„Би-Би-Си“ денеска најави дека ќе отпушти околу 1.000 вработени заради намалување на буџетот за 150 милиони фунти. Буџетот на британскиот сервис е скратен поради намалениот број луѓе кои плаќаат претплата за телевизија. Падот на претплатата е последица од тоа што сè поголем број домаќинства гледаат телевизиски...

Русија пред Европскиот суд за човекови права поради случајот од Беслан

Европскиот суд за човекови права ќе ја разгледува жалбата против Русија за начинот на кој ја решила заложничката криза во школото во Беслан пред повеќе од 10 години, кога во акција на руските специјални загинаа 334 лица, повеќето ученици. Во септември 2004 година, милитантите упаднаа...

Пукање во седиштето на американската морнарица

Американската морнарица објави дека нејзиното седиште во Вашингтон е затворено поради престрелка, јавуваат американските медиуми. Голем број полицајци и припадници на безбедносните служби реагирале на повикот од седиштето, а улиците во југоисточниот дел на градот се блокирани. Портпаролот на морнарицата, Педро Родригез, не соопшти детали за...

САД побараа екстрадиција на претставниците на ФИФА

Швајцарските власти соопштија дека САД побарале екстрадиција на седумте претставници на ФИФА што во мај беа уапсени во Цирих. Федералниот оддел за правосудство ќе ги сослуша седуммината за барањето за екстрадиција, а потоа остануваат 14 дена за да се одговори на барањето, но би можеле да добијат...

Енгал: Косово да формира специјален суд или ОН ќе го направат тоа

Американскиот конгресмен Елиот Енгал уште еднаш ги повика косовските власти да го основаат специјалниот суд, без разлика што одлуката е тешка, затоа што, во спротивно, тоа ќе биде суд на Обединетите нации. - Не станува збор за тоа дали ќе има специјален суд или не....

Ципрас ја изгуби поддршката од Независни Грци

Во трка за освојување гласачи се фрлаат владата и опозициските партии во следните 72 часа, колку што преостануваат до референдумот во Грција. Гласачите ќе треба да се изјаснат дали се за или против мерките на европските партнери, кои владата смета дека се нефер за грчкото...

Дванаесет луѓе уапсени за масакрот во Тунис

Дванаесет луѓе се уапсени во истрагата за терористичкиот напад што се случи минатиот петок на плажа во Тунис, каде се убиение 38 луѓе, поголемиот дел британски туристи, пренесе туниското радио „Мозаик“. Радиото се повикува на изјава на официјално лице од владејачката партија, но не прецизира каде...

На Хаваи целосно забранета употребата на пластични кеси

Во американската сојузна држава Хаваи, од вчера стапи на сила одлуката со која целосно се забранува диструбицијата и употребата на пластични кеси во продавниците, јавуваат американските медиуми. Властите на градот и на областа Хонолулу, која во целост го покрива Оаху, најнаселениот остров на Хаваи, донеле...

Потона траект на Филипини, најмалку 33 лица загинати

Траект со 173 патници и членови на екипажот се преврти на Филипини, при што, според досега достапните информации, загинале најмалку 33 луѓе, соопшти филипинската влада. Локалната крајбрежна стража наведува дека траектот „Ким нирвана“ тргнал од градот Ормок во централниот дел на Филипините кон островот Камотес, каде...

Папата Франциск: Помогнете ѝ на Грција

Лидерите на Европската унија да донесат одговорна одлука за да се реши грчката криза, апелираше денеска папата Франциск. Тој вели дека човековото достоинство мора да остане во центарот на решението на овој проблем. Во соопштението од официјален Ватикан се наведува дека папата е загрижен заради општествените...

Русија ќе ѝ врати на Украина 20 воени бродови

Повеќе од 20 украински воени бродови Русија е подготвена да ѝ предаде на Украина. Доколку биде донесена таква одлука, бродовите ќе бидат предадени на украинската армија. – Откако ќе биде воспоставен мир, ние ќе префрлиме повеќе од 20 украински бродови во неутрални води за да...

Во Австралија паника од масовна зараза со ХИВ од стоматолошки ординации

Повеќе од 11.000 лица денеска повикаа австралиските здравствени власти да се тестираат поради можна и многу веројатна зараза со ХИВ. Почнувајќи од лани во ноември, најмалку во 12 стоматолошки ординации инспекторите откриле дека хигиената и несоодветната стерилизација на инструментите се потенцијални извори за зараза со...

ОН прогласи највисок степен на хуманитарна тревога во Јемен

Портпаролот на ОН, Фархан Хак, изјави дека е прогласен трет, највисок степен на хуманитарна тревога во Јемен, каде продолжува конфликтот меѓу приврзаниците на владата и шиитските бунтовници Хути. Одлуката била донесена по состанок одржан по барање на заменикот генерален секретар за хуманитарни прашања, Стивен О’Брајан. Највисокиот степен...

„Викиликс“: Прислушувани разговори на Меркел за грчката криза

Телефонски разговори на германската канцеларка Ангела Меркел и на нејзиниот личен асистент, во кои разговараат за грчката криза и од кои се гледа нејзиниот скептицизам и сомнеж во начинот на решавање на кризата, објави „Викиликс“. Меркел не била сигурна што би можело да ја спаси...

Саудиски принц ќе донира 32 милијарди долари во добротворни цели

Саудискиот милијардер, принцот Алвалед бин Талал, изјавил дека ќе го донира целото свое богатство од 32 милијарди долари во добротворни цели, пренесува „Би-Би-Си“. Принцот Алвалед, кој е на 60-годишна возраст и е еден од најбогатите луѓе на планетата, рекол дека на овој потег бил инспирирана...

Еврогрупата ќе го чека исходот од референдумот во Грција

Вториот критичен состанок на Еврогрупата заврши без конкретен резултат за Грција. Според првичните неофицијални информации, нема да има никаков одговор, ниту договор пред да го слушнат резултатот од референдумот во Грција. За кусо се очекуваат изјави од првиот човек на Еврогрупата, Јерун Дајселблум, а се...

Управителот на објекти на „Словенечки железници“ мора да знае јога и пилатес

Јавниот конкурс, со кој „Словенечки железници“ бараат административен референт со основни познавања на компјутерски програми, но и положени курсеви по јога и по пилатес, предизвикале сомнеж кај десетина пријавени кандидати дека станува збор за наместен конкурс за точно одредена личност, пренесува ХРТ. По бројните реакции,...

„Л’Обс“: Франција била прислушувана, но и самата прислушувала

Франција, која според неодамнешните откритија била цел на прислушување од САД, и самата ги прислушувала комуникациите меѓу Европа и остатокот од светот, преку подморски кабли, тврди францускиот неделник „Л’Обс“ (L’Obs). „Од почетокот на 2008 година, тогашниот претседател Никола Саркози им дозволи на тајните служби при...

Ципрас не ги повлекува одлуката за референдум и барањето за гласно народно „не“

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ги демантираше сите гласини за укинување на референдумот. Во обраќање до народот, кусо пред почетокот на новиот состанок на Еврогрупата, и во облак од шпекулации дека владата размислува да ја повлече идејата за референдум, тој најави дека референдумот ќе се...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...