fbpx
Свет Страница 669

Свет

Се удавија 12 мигранти кај брегот на Либија

Дванаесет мигранти се удавија денеска откако нивниот пренатрупан брод се превртел кај брегот на Либија во Средоземно Море, соопшти италијанската крајбрежна стража. Истите извори наведуваат дека се спасени околу 500 лица. Телата во морето ги пронашол бродот „Датило“ на италијанската крајбрежна стража, на околу 60 километри...

Бангладеш: 22 загинати на добротворен настан

Најмалку 22 лица загинале во Бангладеш, во метеж кој настанал на добротворен собир за време на муслиманскиот месец Рамазан, соопшти полицијата. Како што се наведува, 30 лица се повредени во градот Мименсинг, на северот на Бангладеш. Несреќата се случила кога стотина лица, кои се собрале...

Откажани 100 лета поради ерупција на вулкан во Индонезија

Вулканска ерупција во средишниот дел на Индонезија предизвика откажување на повеќе од 100 лета и затворање на аеродромот на Бали од безбедносни причини, поради што илјада туристи се блокирани на островот, соопштија денеска властите. Уште четири аеродроми се затворени во текот на ноќта поради ерупција...

Пакетот на Ципрас чека одобрување од парламентот

Грчкиот парламент денеска ќе гласа за новиот пакет мерки и реформи што владата на Алексис Ципрас ги поднесе до европските кредитори. Се работи за пакет идеи, реформи, мерки со кои Грција бара нов заем во висина од 53, 5 милијарди евра за следните три години, поконкретно...

Грција го поднесе пакетот мерки до Брисел

Грчката влада го поднесе конечниот детален предлог мерки и реформи до европските институции и првиот човек на Еврогрупата, Јерун Дајселблум. Владата на премиерот Алексис Ципрас со овој предлог бара тригодишна финансиска помош од европските институции за покривање на нејзините финансиски и социјални обврски. Пакетот е во...

Меркел: На Германија ѝ е важна европската перспектива на БИХ

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Сараево оцени дека БИХ има европска перспектива, но под услов, политичарите сериозно да си ја сфатат можноста која на оваа држава ѝ ја дава новата иницијатива на Европската унија. - Европската перспектива на сите држави во регионот ни лежи на...

Столтенберг: Грција е потенцијален безбедносен проблем

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, во заедничката изјава по разговорите, оцениле дека Грција е силен сојузник во НАТО, но и потенцијален безбедносен проблем. - Грција беше и останува силен сојузник. Грчката влада повеќепати потврди дека нема да ја поврзе должничката...

ФБИ: 200 Американци заминале или сакале да заминат во ИД

Повеќе од 200 Американци отпатувале или се обиделе да заминат во Сирија за да се борат на страна на исламските милитанти, објави денеска шефот на американското Федерално истражно биро (ФБИ), Џејмс Комеј. - Продолжуваме со идентификување поединци што сакаат да се приклучат на странските борци... а, исто...

Зоополицајци се борат за правата на животните во Бугарија

Во бугарскиот град Варна, формиран е тим на зоополицајци кои треба да го спречуваат повредувањето на домашните миленици. Тие вчера ја имаа и првата акција на спасување куче кое било претепано. Во Варна веќе има осум зоополицајци, а раководството на полицијата вети целосна помош при насилство...

Грчките трговци и угостители се молат за итен договор со ЕУ

Грчките трговци и туристички работници се надеваат и се молат владата што поскоро да постигне договор со европските кредитори. Изминатите 10 дена грчките трговци имаат 70 отсто пад во профитот, а грчките хотелиери околу 30 отсто пад во бројот на гости. Затворените банки го...

„Пју“: Се намалува сиромаштијата во светот

Приближно 700 милиони луѓе ја надминале целосната сиромаштија во првата деценија од овој век, но повеќето од нив остануваат врзани за ниското ниво на приходи, покажуваат резултатите од истражувањето на американскиот Истражувачки центар „Пју“ (Pew Reasrch Center). Од 2001 до 2011 година, во светот е забележано...

Силвио Берлускони осуден поради подмитување сенатор

Поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони, е прогласен за виновен во случајот во кој му се судеше за подмитување сенатор во 2006 година за да ја собори тогашната левоцентристичка влада, пренесуваат европските медиуми. Судот во Неапол го осудил Берлускони на затворска казна од три години и забрана...

ОН: Повеќе од четири милиони луѓе побегнале од Сирија

Обединетите нации соопштија дека повеќе од четири милиони Сиријци побегнале од своите земји откако почна граѓанската војна пред четири години. Неодамнешниот бран мигранти и статистичките податоци на Турција потврдуваат дека вкупниот број бегалци поради конфликтот во Сирија е поголем од бројот на раселени лица во...

Меркел денеска ќе се сретне со претставнички на Здружението „Мајки на Сребреница“

Германската канцеларка Ангела Меркел, денеска ќе претстојува во прва официјална посета на Босна и Херцеговина, каде ќе ја заврши тридневната балканска турнеја. Меркел во Сараево ќе ја пречека претседавачот на Советот на министри на БИХ, Денис Звиздиќ, а потоа канцеларката ќе се сретне и со...

Премиерот на Малезија осомничен за вмешаност во корупциски скандал

Мализиските правосудни власти извршиле претреси во канцелариите на државниот инвестициски фонд, во рамки на истрага за корупциски скандал, во кој е инволвиран и премиерот на државата, Наџиб Разак, јавува „Би-Би-Си“. Полициски екипи денеска поминале часови во канцелариите на фондот во Куала Лумпур, барајќи материјали и...

Унгарскиот парламент го усвои законот за подигнување ѕид на границата со Србија

Унгарскиот парламент со големо мнозинство ѝ даде поддршка на контроверзната политика на владата на премиерот Виктор Орбан кон мигратската криза со која се соочува Европа, пренесува ХРТ. Парламентот го усвоил законот кој предвидува изградба на 175 киметри долга и четири метри висока ограда на границата со...

Русија стави вето на резолуцијата за Сребреница

Русија стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, во која масакрот во Сребреница, за време на војната во Босна и Херцеговина, е окарактеризиран како геноцид, јавува „Би-Би-Си“. Како што пренесува британскиот национален сервис, четворица членови на Советот гласале воздражано, а другите...

Грција достави барање до Дајселблум за итен заем

Грција доставила официјално барање за добивање заем од специјалниот спасувачки фонд на еврозоната, објавија денеска од Европскиот стабилизирачки механизам (ЕСМ), јавува грчкиот весник „Е-Kатимерини“. - ЕСМ доби барање од Грција – соопштија од ЕСМ. Мишел Рејнс, портпаролот на претседателот на Еврогрупата, Јерун Дајселблум, пред малку на „Твитер“ потврди...

Грција нема да го пропушти рокот на ЕУ

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, по вчерашниот самит во Брисел, се упати кон Стразбур, каде се обрати пред Европскиот парламент и го образложи ставот на неговата земја. Ципрас порача дека неговата држава станала „лабораторија за мерките за штедење“. - Планот за спас е на сила пет години. Во...

Туск: Сите ќе настрадаат поради пропаднатите преговори со Грција

Пропаднатите преговори со Грција ќе се одразат врз сите, изјави денеска претседателот на Европската комисија, Доналд Туск. Тој потврди дека неделава истече крајниот рок до кога Грција требаше да го претстави новиот план за реформи. Според Туск, тоа што не успеале да постигнат договор, би можело...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...