среда, 14 октомври, 2026
Meta.mk

ОН: Околу 1.000 лица загинаа за време на примирјето во Украина

ноември 20, 2014

Речиси 1.000 лица се убиени во Украина од потпишувањето на примирјето меѓу Киев и проруските активисти, а бројот на раселените е речиси двојно поголем, соопштија Обединетите нации. Во просек, од 5 септември, откога примирјето стапи на сила, во текот на осумте недели, по 13 лица гинат на ден. До 18 ноември загинале вкупно 957 лица. Бројот […]

(ВИДЕО) Пукано на конвој на ОБСЕ во Источна Украина

ноември 20, 2014

Униформирани лица на истокот на Украина вчера стрелаа на конвојот на меѓународните набљудувачи на Организацијата за европска безбедност и соработка, соопштија денеска од ОБСЕ. Во соопштението се наведува дека униформираните мажи двапати пукале во возилата во движење, во близина на градот Маринка, кој е под контрола на владините сили е на 15 километри западно од Донецк. […]

Пушков: ЕУ ја уценува Србија

ноември 20, 2014

Европска Унија, уценувајќи ја Србија, сака да постигне и таа да се приклучи кон санкциите против Русија, изјави претседавачот со Одборот за надворешни работи на Думата, Алексеј Пушков. – ЕУ сака да постигне и Србија, која не е членка на ЕУ, да се приклучи кон санкциите. Србија ја уценуваат: „Србија или ќе се вклучи кон […]

Тројца повредени на студентските протести во Лондон

ноември 19, 2014

На студентските протести во центарот на Лондон дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата, во кој полесено се повредени тројца полицајци. Неколку илјади студенти протестираа, противејќи се на зголемувањето на школарината. Полицијата уапсила група студенти откако се оделиле од маршот и ја пробиле заштитната ограда, по што се судриле со полицајците. Скотланд јард соопшти дека […]

Путин: На Крим се случи Косово

ноември 18, 2014

На Крим не се случи ништо поинакво од тоа што се случи во Косово, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за германската телевизија „А-Ер-Де“. Путин истакна дека преседан е пресудата на Меѓународниот суд на правдата, според која, Косово има право на самоопределување и народот на Косово може да гласа за тоа дали сака своја […]

Парискиот облакодер заврши на суд

ноември 17, 2014

Градскиот совет на Париз денеска го отфрли спорниот проект за изградба на облакодер од 180 метри во еден париски кварт. Вкупно 83 советници гласаа „против“ проектот, додека 78 беа „за“, но општината соопшти дека конечната одлука ќе ја донесе судот бидејќи смета дека тајното гласање не е спроведено според прописите. – Законот не е почитуван […]

ЕУ ја проширува црната листа

ноември 17, 2014

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европска Унија се согласија да го прошират списокот на украински и на руски функционери на кои им е забранет престојот и работењето во ЕУ. Шефовите на дипломатијата ја повикаа Москва да престане да дава воена и дипломатска помош на проруските сили во Украина. „По согледувањето на ситуацијата на […]

Меркел: Велика Британија мора да остане во ЕУ

ноември 17, 2014

Велика Британија мора да остане во ЕУ бидејќи е „важна порта кон светот за европските нации“, истакна германската канцеларка Ангела Меркел, во Сиднеј, по нејзиното учество на самитот на Г-20 во Бризбен. – Што и да направат Британците, е нешто за што мораат сами да донесат одлука и тие сигурно нема да ги слушаат другите што […]

Министерски состанок во Брисел за ситуацијата во Украина

ноември 17, 2014

Ситуацијата во Украина и заострувањето на санкциите кон Русија е тема на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на државите од Европска Унија то ќе се одржи во Брисел. Министрите ќе расправаат и за британско-германската иницијатива за БИХ што предвидува значаен поттик за државата доколку тамошните политички лидери надминат блокади и се посветат на спроведување реформи. […]

Русија протера полски дипломати

ноември 17, 2014

Како одговор на претходното протерување на руски дипломати од Варшава, Русија протера неколкумина полски дипломати. Тие се обвинети за активности несоодветни со нивниот статус, општо прифатена фраза за шпионирање. Односите меѓу Русија и Полска се заладени по избувнувањето на кризата во Украина.

Романскиот премиер го призна поразот на претседателските избори

ноември 17, 2014

Романскиот премиер Виктор Понта го призна поразот во вториот круг од претседателските избори и изјави дека му честитал на својот противник Клаус Јоханис. Понта во првиот круг го победи Јоханис и водеше на анкетите за вториот круг. Јоханис, кој е етнички Германец, е професор по физика и градоначалник на градот Сибиу.

Вучиќ: Србија нема да воведе санкции кон Русија

ноември 15, 2014

Србија нема да наложува санкции на Русија и ќе продолжи самостојно да донесува одлуки кои се во согласност со интересите на земјата, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ. – Ние сме на европскиот пат, но политиката на Србија не се промени ненадејно – истакна Вучиќ. Изјавата на Вучиќ е одговор на барањето на новиот еврокомесар за проширување Јоханес […]

Министрите на ЕУ в понеделник ќе разговараат за Украина

ноември 15, 2014

Министрите за надворешни работи на Европска Унија в понеделник ќе се состанат во Брисел, на редовна седница на Советот на ЕУ, каде ќе ја оценат состојбата во Украина и ќе ги разгледаат можните дополнителни акции кон Русија, соопшти денеска претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј. – Русија од своја страна мора да го искористи […]

Француската полиција сè уште трага по тигарот

ноември 14, 2014

Со шок-пиштоли и со помош на хеликоптер, голем број француски полицајци денеска цел дена го бараат тигарот што вчера изутрината бил забележан во близина на Париз. Властите издадоа соопштение жителите од таа област да не излегуваат од своите домови. Надлежните сè уште не знаат од каде се појавил тигарот. Тигарот бил забележан во Монтеврен, кој се наоѓа во близина […]

Пензиониран војник се заканувал со пиштол пред владата на Србија

ноември 14, 2014

Пензиониран потполковник на војската на Србија мавтал со пиштол помеѓу главниот и помошниот влез на зградата на Владата и се заканувал дека ќе се убие. По преговорите со полицијата, тој го предал пиштолот, а надлежните го собрале оружјето и мажот го внеле во владината зграда. За време на инцидентот, делови од улиците околу владата на […]

Ферхојген: ЕУ мора да направи нешто против заморот од проширување

ноември 13, 2014

Поранешниот европски комесар за проширување, Гинтер Ферхојген, денеска во Братислава порача дека Европска Унија мора да направи нешто против заморот од проширување и јасно да каже дека тој процес не беше оптоварување за старите земји-членки, туку дека од него корист имаа сите, пренесуваат медиумите. – Треба да им се порача на европските земји кои сè уште […]

ЕП ја ратификуваше спогодбата за асоцијација со Молдавија

ноември 13, 2014

Европскиот парламент денеска го ратификуваше политичкиот и трговски договор меѓу Молдавија и Европска Унија, пренесува „Радио Слободна Европа“. За sпогодбата за асоцијација, која Молдавија ја потпиша во јуни годинава, гласаа 535 пратеници, а 94 беа против. Пред да стапи на сила, спогодбата за асоцијација треба да биде ратификувана од парламентите на сите 28 членки на […]

Лавров и Кери телефонски разговараа за кризата во Украина

ноември 13, 2014

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, и државниот секретар на САД, Џон Кери, синоќа телефонски разговараа за ситуацијата во Украина и за текот на преговорите за иранската нуклеарна програма, соопшти портпаролот на Стејт департментот, Џен Саки. За време на разговорот, Лавров и Кери ја истакнале неопходноста од почитување и од спроведување на договорот од Минск […]

Украина се подготвува за војна на истокот на земјата

ноември 12, 2014

Украинската влада објави дека Русија „ја премина црвената линија“ и оти Киев повторно се подготвува за војна на истокот на земјата. Главна задача на вооружените сили е „подготовка за борба“ во време кога проруските сепаратисти ги групираат силите, соопшти министерот за одбрана, Степан Полторак, на состанокот на владата во Киев, јавуваат украинските медиуми. Премиерот Арсениј […]

Седумдесет повредени и 276 приведени во демонстрациите во Полска

ноември 12, 2014

Најмалку педесет полицајци и 24 демонстранти се повредени за време на судирите во Варшава што избија за време на Маршот на независноста, организиран од националистички движења. На марш на Денот на независноста на Полска, кој го организираа националистичките движења, демонстрантите ја гаѓаа полицијата со Молотови коктели, со камења и со шишиња со запалива смеса. Полицијата употреби водени […]

Страна 273 од 274