понеделник, 15 јуни, 2026
Meta.mk

Германската левица ја обвини Меркел за новата студена војна со Русија

ноември 26, 2014

Заменик-шефот на левицата, Сара Вагенкнехт, во Бундестагот остро ја ритикуваше канцеларката Ангела Меркел, префрлувајќи ѝ дека е одговорна за „новата студена војна“ со Русија. – Вие предупредувате на пожар, но вие, сепак, припаѓате на оние кои наоколу трчаат со запалено кибритче“ – рече Вагенкнехт, критикувајќи ја владејачката коалиција. Вагенкнехт ја обвини Меркел дека со санкциите против Русија предизвикала […]

Хакери открија што сè САД ѝ испраќа на украинската војска

ноември 26, 2014

САД ќе ѝ дадат на украинската амија три контрабатериски радари во вредност од стотина илјади долари, но тоа е ситница во однос на тоа што Американците веќе испраќаат или допрва ќе им пратат на Украинците, тврди хакерската група „Киберберкут“ на својата интернет-страница. Според „Киберберкут“, САД сериозно ја снабдува украинската војска. Тие тврдат дека поседуваат тајни документи […]

Шефот на германската дипломатија е против влезот на Украина во НАТО

ноември 25, 2014

Германскиот министер за надворешни работи, Франк-Валтер Штајнмајер, е против влезот на Украина во НАТО. Во разговорот за германскиот весник „Шпигел“, Штајнмајер вели дека е „можно НАТО да има партнерски однос со Украина, но не врз база на членство“. Штајнмајер, исто така, не е реално да се очекува оти Украина во блиска иднина ќе се приклучи […]

Русија ќе бара и отпечатоци од прсти за влез во земјата

ноември 25, 2014

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ со кој сите лица што со виза ќе патуваат во Русија, ќе мора да дадат и отпечатоци од прсти. Предлогот за воведување задолжително земање отпечатоци од прсти го даде Министерството за надворешни работи на Русија, како одговор на планираните мерки на Брисел од 2015 година да се земаат […]

(ВИДЕО) Папата Франциск повика балканските земји да се интегрираат во ЕУ

ноември 25, 2014

При својата прва официјална посета на Европскиот pарламент во Стразбур, папата Франциск одржа говор пред европратениците, во кој кусо се осврна и на Балканот, повикувајќи ја Европска Унија да ги прими земјите од Балканот во својот клуб. – Членството во ЕУ за земјите од Балканот може да биде одговор на желбата за мир на овој […]

Шпанија: Уапсени четири свештеници за педофилија

ноември 24, 2014

Шпанската полиција денеска уапсила четири свештеници во Гранада, под сомневање дека сексуално малтретирале деца, соопшти шпанскиот министер за внатрешни работи, Хорхе Фернандез Дијас. Полицијата ги истражува можните случаи на педофилија во кои се вмешани свештениците, откако една жртва неодамна му пишала на папата Франциск. Според шпанските медиуми, папата телефонски контактирал со жртвата, но портпаролот на […]

Лекар од Италија заразен со ебола

ноември 24, 2014

Италијански лекар, кој доброволно работел во Африка, е заразен од ебола и се враќа во Рим. Италијанската министерка за здравство тврди дека тој засега добро се чувствува. Лекарот за заразил со ебола во Сиера Леоне и со авион се враќа во Рим на специјалистички третман, соопшти италијанското министерство за здравство, наведувајќи дека ова прв случај […]

Полицијата апси хакери низ Европа

ноември 24, 2014

Полицијата во Европа почна голема акција против хакерите откако вчера се појави информација дека се шпионираат приватните веб-камери во Велика Британија. Во Велика Британија се уапсени пет лица, кои користеле софтвер за далечинско управување на приватните компјутери, а системот се нарекува „ретинг“. Откако ќе упаднат во компјутерот, хакерите можат да го користат за криминални цели, а […]

Скотланд јард годинава спречил пет терористички напади

ноември 24, 2014

Британската полиција во текот 2014 година спречила пет терористички заговори, соопшти за „Би-Би-Си“, шефот на Скотланд Јард, Бернрд Хоган-Хоуви, додавајќи дека во претходните години такви закани имало еднаш годишно. – Можам да речам дека забележавме разлика во зачестеност и во тежината на заговорите – рече Јоган-Хоуви, велејќи дека во земјата е присутна сè поголема загриженост поради терористите […]

Имигрантите во Белгија ќе плаќаат право на престој

ноември 22, 2014

Државниот секретар за азил и за миграција на новата белгиска влада, Тео Франкен, најави дека се подготвува нов закон, според кој, новите имигранти – студенти, работници, или роднини на членови на семејства веќе етаблирани во Белгија – наскоро ќе плаќаат право на престој доколку сакаат да емигрираат во оваа држава. Франкен ова го најави во […]

Ватикан стравува дека папата може да биде нападнат со дрон

ноември 21, 2014

Обезбедувањето на поглаварот на Римокатоличката црква стравува дека некои верски фанатици би можеле да го убијат папата Франциск со дрон, сличен на оној што албанските навивачи го пуштија на стадионот во Белград. Припадниците на обезбедувањето велат дека не стравуваат од теористичките организации Ал Каеда или ИСИС, туку од фанатици кои сакаат да станат „маченици“ или да влезат […]

Околу 1.300 патници девет часа заглавија под Ла Манш

ноември 21, 2014

Повеќе од 1.000 патници на два возови „евростар“, останаа девет часа заглавени под земја откако кабел се скина во Северна Франција, јавува британскиот весник „Дејли меил“. Гневните патници велат дека биле оставени во целосна темнина, без свеж воздух и тоалети, откако кабли се скинале меѓу Лил и Кале. Еден од возовите патувал од Лондон до Брисел со 600 […]

ОН: Околу 1.000 лица загинаа за време на примирјето во Украина

ноември 20, 2014

Речиси 1.000 лица се убиени во Украина од потпишувањето на примирјето меѓу Киев и проруските активисти, а бројот на раселените е речиси двојно поголем, соопштија Обединетите нации. Во просек, од 5 септември, откога примирјето стапи на сила, во текот на осумте недели, по 13 лица гинат на ден. До 18 ноември загинале вкупно 957 лица. Бројот […]

(ВИДЕО) Пукано на конвој на ОБСЕ во Источна Украина

ноември 20, 2014

Униформирани лица на истокот на Украина вчера стрелаа на конвојот на меѓународните набљудувачи на Организацијата за европска безбедност и соработка, соопштија денеска од ОБСЕ. Во соопштението се наведува дека униформираните мажи двапати пукале во возилата во движење, во близина на градот Маринка, кој е под контрола на владините сили е на 15 километри западно од Донецк. […]

Пушков: ЕУ ја уценува Србија

ноември 20, 2014

Европска Унија, уценувајќи ја Србија, сака да постигне и таа да се приклучи кон санкциите против Русија, изјави претседавачот со Одборот за надворешни работи на Думата, Алексеј Пушков. – ЕУ сака да постигне и Србија, која не е членка на ЕУ, да се приклучи кон санкциите. Србија ја уценуваат: „Србија или ќе се вклучи кон […]

Тројца повредени на студентските протести во Лондон

ноември 19, 2014

На студентските протести во центарот на Лондон дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата, во кој полесено се повредени тројца полицајци. Неколку илјади студенти протестираа, противејќи се на зголемувањето на школарината. Полицијата уапсила група студенти откако се оделиле од маршот и ја пробиле заштитната ограда, по што се судриле со полицајците. Скотланд јард соопшти дека […]

Путин: На Крим се случи Косово

ноември 18, 2014

На Крим не се случи ништо поинакво од тоа што се случи во Косово, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за германската телевизија „А-Ер-Де“. Путин истакна дека преседан е пресудата на Меѓународниот суд на правдата, според која, Косово има право на самоопределување и народот на Косово може да гласа за тоа дали сака своја […]

Парискиот облакодер заврши на суд

ноември 17, 2014

Градскиот совет на Париз денеска го отфрли спорниот проект за изградба на облакодер од 180 метри во еден париски кварт. Вкупно 83 советници гласаа „против“ проектот, додека 78 беа „за“, но општината соопшти дека конечната одлука ќе ја донесе судот бидејќи смета дека тајното гласање не е спроведено според прописите. – Законот не е почитуван […]

ЕУ ја проширува црната листа

ноември 17, 2014

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европска Унија се согласија да го прошират списокот на украински и на руски функционери на кои им е забранет престојот и работењето во ЕУ. Шефовите на дипломатијата ја повикаа Москва да престане да дава воена и дипломатска помош на проруските сили во Украина. „По согледувањето на ситуацијата на […]

Меркел: Велика Британија мора да остане во ЕУ

ноември 17, 2014

Велика Британија мора да остане во ЕУ бидејќи е „важна порта кон светот за европските нации“, истакна германската канцеларка Ангела Меркел, во Сиднеј, по нејзиното учество на самитот на Г-20 во Бризбен. – Што и да направат Британците, е нешто за што мораат сами да донесат одлука и тие сигурно нема да ги слушаат другите што […]

Страна 266 од 268