понеделник, 15 јуни, 2026
Meta.mk

Русија ќе ја запре изградбата на „Јужен тек“

декември 1, 2014

Владимир Путин изјави дека Русија е принудена да се повлече од проектот „Јужен тек“ поради тоа што ЕУ не сака да ја поддржи изградбата на гасоводот. – Ако Европска Унија не сака да го спроведе проектот „Јужен тек“, тогаш нема да биде спроведен. Всушност, не само што Европската комисија не обезбеди помош во спроведувањето на проектот, […]

Во Амфиполис пронајдени монети со ликот на Александар Велики

декември 1, 2014

Археолозите пронашле монети со ликот на Александар Велики на локалитетот Амфиполис, пренесува „Сител“. Тимот археолози ги пронашол кованиците во најголемата античка гробница на грчка територија, која датира од 4 век и сè уште не се знае кому му припаѓа. Во гробницата е пронајден скелет за кој низ грчката јавност се шпекулира дека можеби припаѓа на […]

Путин пристигна во Турција

декември 1, 2014

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во посета на Турција. Тој, со својот колега Реџеп Таип Ердоган, ќе разговара за конфликтот во Сирија и во Украина. Исто така, се очекува Путин и Ердоган да разговараат и за енергетската соработка. Анкара бара намалување на цените и испорака на поголеми количества гас од Русија.

Доналд Туск и официјално е претседател на Европскиот совет

декември 1, 2014

Поранешниот полски премиер Доналд Туск денеска во Брисел ја презеде должноста претседател на Европскиот совет од Херман ван Ромпуј. Именувањето на Туск укажува на порастот на влијанието на Полска меѓу 28 членки на ЕУ и ориентацијата да се формира силно политичко тело што ќе обедини околу 500 милиони луѓе од Велика Британија до Русија. Туск ќе […]

Молдавија: Проевропските партии водат на изборите пред проруските

декември 1, 2014

Проевропските партии во Молдавија се во блага предност во однос на прориските, покажаа првичните резултати од вчерашните парламентарните избори, соопшти изборната комисија. Трите партии кои се залагаат за влез на Молдавија во Европска Унија, заедно освоија 44 отсто од пребројаните 87,7 отсто од гласовите. Проруската опозиција заедно освои 40 отсто од гласовите. Изненадувачки е што […]

ОБСЕ: Ситуацијата во Источна Украина може да премине во „замрзнат конфликт“

ноември 30, 2014

Постои опасност од хуманитарна катастрофа и ситуацијата во Источна Украина да премине во „замрзнат конфликт“, предупреди претседателот на Постојаниот совет на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ), Томас Гремингер. Според него, очигледно е дека муниција и други воени материјали се доставуваат во Источна Украина, бидејќи на друг начин сепаратистите не би можеле да водат повеќемесечни […]

Швајцарците на референдум за намалување на имиграцијата

ноември 30, 2014

Во Швајцарија денеска се одржува референдум за ограничување на имиграцијата. Ова е вторпат годинава да се одржува референдум за имиграцијата, по тој во февруари, кога гласачите го поддржаа воведувањето квоти за доселување и за ефикасно непродолжување на слободното движење и за граѓаните на земјите-членки на ЕУ. Новиот предлог предвидува намалување на годишната имиграција за три четвртини од […]

Францускиот парламент ќе гласа за признавање на Палестина

ноември 29, 2014

За резолуцијата во која се бара од владата да ја признае Палестина како држава, денеска расправаше Долниот дом на парламентот на Франција, а се очекува пратениците да гласаат на 2 декември. Со текстот, кој го предложија пратениците од Социјалистичката партија, кои го имаат и мнозинството, се повикува владата „да ја признае државата Палестина во поглед на […]

Папата ја осуди ИСИС

ноември 29, 2014

Откако пристигна во Турција за да ги поттикне муслиманските лидери да заземат посилен став против екстремистите што ја извртуваат религијата за да оправдаат тероризам, папата Франциск ги осуди нападите на Исламската држава. – Мора да се спротивставиме на фанатизмот и на фундаментализмот, како и на нерационалните стравови што сеат недоразбирање и дискриминација – рече тој.

Данската влада финансиски помагала борци на ИСИС

ноември 28, 2014

Повеќе од дваесетина џихадисти добиваат надоместоци од данската влада како финансиска помош за невработени, додека се борат за Исламската држава во Сирија, објавија локалните дански медиуми, повикувајќи се на дански безбедносни служби. Според медиумите, од 28 Данци идентификувани од страна на националните безбедносни служби, за 15 е докажано дека земале финансиска помош, за осум лица сè уште е во тек […]

Европол: Уапсени 188 лица на 80 аеродроми за фалсификувани авио билети

ноември 28, 2014

Сто осумдесет и осум лица се уапсени во меѓународната операција „Глобална акција“ за сузбивање на мрежата за купување авионски билети со фалсификувани кредитни картички, соопшти денеска Европол. Акцијата е спроведена на 80 аеродроми во 45 земји, а со неа е сузбиен организиран криминал вреден повеќе милиони евра. – Авионската индустрија, поради овие криминални дејства, годишно […]

Франција развива програма за пресретнување беспилотни летала

ноември 28, 2014

Генералниот секретаријат за одбрана и национална безбедност на Франција иницирал програма за развивање методи за откривање и за пресретнување на беспилотни летала, по пријавите за голем број такви летала над француските нуклеарни постројки, објавуваат француските медиуми. Од генералниот секретаријат изјавиле дека наведените прелети не претставуваат опасност за работата и за безбедноста на нуклеарните централи, но претставуваат предупредување […]

(ВИДЕО) Франција: Еден загинат и тројца исчезнати во поплави

ноември 28, 2014

Најмалку едно лице загина, а три се водат за исчезнати во поплавата што ја зафати Југозападна Франција, предизвикана од силните бури, соопштија француските власти. Како што соопшти француското МВР, телото на загинатата жена е пронајдено до автомобил на брегот, а сè уште се трага по нејзината ќерка, за која се претпоставува дека загинала. Како што јавуваат […]

70 проценти од пилешкото во Британија, заразено со бактерија

ноември 27, 2014

Речиси 70 отсто од пилешкото месо што се продава во британските супермаркети е заразено со бактеријата кампилобактер, се наведува во извештајот на Британската агенција за безбедност на храната(ФСА), пренесуваат медиумите во Велика Британија. Според извештајот, во речиси 18 отсто од заразеното пилешко месо присуството на бактеријата е поголемо од дозволеното. ФСА иницирала истражување за заразените производи, кое […]

Руската рубља со рекодрен пад во однос на доларот и на еврото

ноември 27, 2014

Руската рубља забележа нов пад во однос на еврото и на американскиот долар, откако ОПЕК одлучи да не го намалува производството на нафта и покрај презаситеноста на светските пазари, пренесува „Радио Слободна Европа“. Рубљата загуби 3,6 отсто од вредноста и сега за еден американски долар се добиваат 48,66 рубли, што е надминување за две копејки […]

Брисел ја проверува легалноста на македонските авио-субвенции

ноември 27, 2014

Во изјава за агенцијата „Мета“, портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ, не го потврдува ставот на Mинистерството за транспорт и врски околу државните субвенции за евтини летови на домашни и на странски авиокомпании кон Европа. „Комисијата е запознаена со финансиската помош на поранешната југословенска република Македонија за авиопревозниците. Комисијата побара од надлежните национални власти да […]

Руски конвој тргна кон Украина

ноември 27, 2014

Уште еден конвој со хуманитарна помош за граѓаните од Источна Украина тргна од Ногинск, соопшти претставник на руското Министерство за итни случаи. Околу 60 камиони, утринава тргнаа од московскиот регион, носејќи конзервирана храна, шеќер, стакло и материјали за поправка на покривите, соопшто заменик-шефот на Националниот ценар за управување со кризни ситуации Олег Воронов. Рускиот заменик […]

Интерпол трага по „банкарот на Путин“

ноември 27, 2014

Интерпол покрена потера по Сергеј Пугачев, своевремено познат како „банкарот на Путин“. На официјалната веб-страница на Интерпол стои дека Пугачев „го бараат правосудните власти во Русија поради кривична постапка“. Интерпол, исто така, апелира сите што знаат каде се наоѓа, да контактираат со агенцијата, но никаде експлицитно не бараат негово апсење. Руските власти го обвинија Пугачев за кражба […]

Во Гренобл ќе се садат дрвја на местото на билбордите

ноември 26, 2014

Францускиот град Гренобл ќе стане првиот град што целосно го отстранува уличното комерцијално рекламирање, откако така одлучи градскиот совет, пренесува „Радио МОФ“. Градоначалникот од Зелената партија, Ерик Пиол, вети дека на местото на билбордите ќе бидат засадени дрвја и поставени паноа кои ќе ги информираат граѓаните за случувањата во нивниот град. – Општината одбира да […]

Страна 265 од 268