Либиски авион бомбардира грчки танкер
Грчките власти соопштија дека непознат воен авион го бомбардирал грчкиот танкер во Либија и оти двајца членови на екипажот загинале, а двајца се повредени. Либија соопшти дека нивни авиони го бомбардирале танкерот бидејќи немал дозвола за влез во пристаништето и оти изгледал „сомнително“.
Грчкото министерство за...
Австрија: Лавина усмрти двајца Американци
Лавина над австриското скијачкото место Селден затрупа двајца скијачи. Според првичните информации, жртвите се Американци, кои сами ја покренале лавината.
Спасувачките служби ги пронашле жртвите. Во овој дел од планината во австриската покраина Тирол на сила е трет степен предупредување од лавини, од вкупно пет.
Американските...
Странци по договор ќе можат да служат во руската војска
Рускиот претседател Владимир Путин потпишал декрет со кој на странски државјани им се овозможува да слушат во руската војска по договор.
„Војниците кои се странски државјани можат да учествуваат во извршувањето задачи во тек на воени состојби, како и за време на вооружени судири, во...
Белгиски затвореник ќе биде еутаназиран на 11 јануари
52-годишниот Франк Ван ден Блекен, кој издржува затворска казна во психијатриски институции веќе 26 години за повеќе силувања и за едно убиство во Белгија, ќе биде еутаназиран на 11 јануари, објавија локалните медиуми.
Ван ден Блекен поднесе барање за еутаназија во 2011 година, повикувајќи се...
Брод се насука во Велика Британија
Брод долг 180 метри, со 25 членови на екипажот, се насукал кај Солент, во Велика Британија. Бродот, кој пренесувал автомобили, е регистриран во Сингапур, а пловел од Саутемптон за Германија.
Членовите на екипажот се здобиле со помали повреди и веднаш по спасувањето се префрлени во...
Скандал во Бакингам: Принцот Ендру имал секс-робинка?!
Англиското кралско семејство го тресе скандал откако во јавноста излезе приказна дека принцот Ендру, војводата од Јорк, синот на кралицата Елизабета Втора и на принцот Филип, имал сексуални односи со малолетна девојка која била присилена на тоа.
Во американскиот суд, неименувана жена сведочела дека еден инвестициски...
Дигиталните производи поскапи во ЕУ од 1 јануари
На 1 јануари стапија на сила новите даночни правила во Европска Унија, со кои се хармонизира данокот на додадена вредност во заедницата и кои ќе донесат поскапување на дигиталните производи за потрошувачот.
Од оваа година ДДВ на дигиталните производи - легалното симнување музика или филмови, е-книги, дигитални...
Крајбрежната стража презеде контрола на бродот „Езадин“
Припадници на крајбрежната стража успеаjа да преземат контрола над трговскиот брод без екипаж, откако на него слетале со хеликоптер кој беше испратен во акција за спасување на мигрантите, соопшти италијанската крајбежна стража.
Италијанската крајбрежна стража ќе го однесе бродот до италијанско пристаниште. На бродот „Езадин“,...
Украина: Привремениот воен данок останува на сила
Украинскиот парламент го продолжи времетраењето на законот за собирање воен данок, кој ќе биде на сила до завршувањето на реформите на армијата.
Воениот данок од 1,5 отсто беше воведен минатата година во јули, а беше предвидено да остане на сила до 1 јануари годинава.
Италијанските власти спасуваат имигранти од бородот „Езадин“
Италијанските воздухопловни сили спроведуваат акција за спасување на неколку стотоци имигранти од трговскиот брод без екипаж кој трговците со луѓе го оставиле во Медитеранот. Еден од имигрантите од бродот „Езадин“, кој плови под знамето на Сиера Леоне, испратил порака во која вели дека бродот...
Летонија од денеска на чело на ЕУ
Летонија од денеска го презема шестмесечното претседателство со Европска Унија и нејзини приоритети, како што најави, ќе бидат конкуретноста и економскиот пораст, користењето на европскиот дигитален потелнцијал за развој на Унијата и зајакнување на улогата на ЕУ во светски рамки.
„Во првата половина на 2015...
Тројца мртви во несреќа со пиротехника во Данска
Данската полицијата денеска соопшти дека во два одвоени инциденти со пиротехника на северот на земјата животите ги загубиле три лица, додека две биле повредени, пренесуваат агенциите.
Во соопштението се наведува дека до несреќата дошло при испалување на пиротехничките средства.
Засега е непознато дали двата инцидента, кои...
Критичарот на Путин, Алексеј Нaвaлни, осуден на условна, а неговиот брат на затворска казна
Рускиот суд му одредил условна казна на Алексеј Навални, жесток критичар на Кремљ и на политиката на претседателот Владимир Путин, додека неговиот брат Олег Навални е осуден на три и пол години затвор, објави денеска лондонски „Гардијан“.
Навални ги предводеше протестите против претседателот Владимир Путин...
Прв случај на ебола во Шкотска
Лекари од Глазгов потврдиле дека еден здравствен работник од Шкотска е заразен со вирусот на ебола.
Шкотскиот државјанин неодамна се вратил во земјата од Сиера Леоне, каде што работел со заболени од овој смртоносен вирус. По враќањето во Глазгов забележал дека има симптоми на ебола, а...
Слета авионот на „Вирџин Атлантик“
Авионот на „Врџин Атлантик“ слета на аеродромот „Гетвик“ откако четири часа кружеше над југоистокот на Англија. На авионот при полетување му откажа десната страна од опремата за слетување.
Летот „ВС43“ од Лондон за Лас Вегас кружеше над Лондон додека експертите се обидуваа да најдат начин...
Драма над Лондон: Авион не може да слета, му откажале тркалата
Авион на „Врџин Атлантик“ беспомошно кружи над југоистокот на Англија, откако при полетување му откажа десната страна од опремата за слетување.
Летот „ВС43“ од Лондон за Лас Вегас кружи над Лондон додека експертите се обидуваат да најдат начин како „боинг 747“ безбедно да се приземји...
Снегот ја парализираше Европа
Обилните врнежи од снег предизвикаa голем метеж во Европа, а најмногу се погодени француските Алпи, каде 15.000 лица се завеани.
Снежната бура остави околу 100.000 лица без струја, додека на замрзнатите автопатишта во Германија се излизгаа камиони. Во регионот се одложени авионските летови.
Во Германија, поради застој на патот во...
Почна размената на заробеници во Украина
На истокот на Украина почна голема размена на затвореници помеѓу украинските сили и проруските бунтовници, во која се очекува ослободување на околу 370 луѓе.
Се очекува бунтовниците да ослободат 150 затвореници, а Владата на Украина 222 заробеници.
Размената на заробениците се извршува на неутрален терен помеѓу...
Три руски банки поднесоа тужба против европските санкции
Три големи руски банки поднесоа жалба пред Европскиот суд за правда во Луксембург против санкциите на Европска Унија, јавуваат денеска руските медиуми.
Банките Сбербанк, ВТБ и ВЕБ оценуваат дека европската одлука да бидат ставени на црна листа е илегална и ги нарушува меѓународните договори склучени...
„Тајмс“ ја прогласи Ангела Меркел за личност на годината
Британскиот весник „Тајмс“ ја прогласи германската канцеларка Ангела Меркел за личност на годината.
Во образложението на својата одлука, весникот ја истакнува централната улога на Меркел во зачувувањето на стабилноста во Европа.
Според оценките на „Тајмс“, германската канцеларка е најзаслужна што не дојде до поголеми геополитички нарушувања по...
Паралелна конференција на ОБСЕ: Русија е брутална кон Украина, улогата на граѓанското општество е исклучително важна
Демократијата опаѓа во земјите каде што нема простор за активизам на граѓанското општество. Сведоци сме на алармантниот број на вооружени конфликти, во последната година сведочиме како Русија е брутална кон...