fbpx
Свет Европа Страница 211

Европа

Средба на Кери и на Лавров во Виена

Средба на американскиот државен секретар Џон Кери со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров е најавена за денеска во Виена. Кери и шефовите на дипломатиите на Иран, Британија, Франција и на Германија се во Виена, каде заедно со претставници на Европската унија, Русија и на...

ЕК: Нема нови предлози за Грција

Европската комисија нема да ѝ претстави нови предлози на Грција од името на меѓународните кредитори на Атина, изјави портпаролката на ЕК, Мина Андреева. Комесарот за економски и за монетарни прашања на Европската унија, Пјер Московиси, претходно изјави дека Комисијата денеска ќе излезе со нови предлози...

Камерон: Исламските екстремисти ѝ објавија војна на Велика Британија

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјави дека исламските ектремисти ѝ објавиле војна на Велика Британија, наведувајќи дека од Британија ќе испрати воен транспортен авион за Тунис заради евакуција на загинатите и на повредените во терористичкиот напад во Сус. За Камерон тоа е застрашувачки напад кој...

Меркел ќе одржи состанок со лидерите на политичките партии за кризата во Грција

Германската канцеларка Ангела Меркел свика итна средба помеѓу лидерите на најголемите партии во Германија, откако преговорите помеѓу Атина и кредиторите преминаа на ново опасно ниво. Извори блиски до германската влада откриваат дека канцеларката Меркел целосно ја вклучила дипломатијата за кризата. Во меѓувреме, во петокот, Меркел ја...

Прекинати преговорите за иранската нуклеарна програма

Преговорите за иранската нуклеарна програма прекинаа откако Министрите за надворешни работи на земјите-членки вклучени во разговорите отпатуваа од Виена. Иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф, вчера прв отпатува од Виена, а по него австрискиот главен град го напуштија и шефовите на дипломатиите на Германија, Велика...

Обама и Меркел: Исклучително е важно Грција да остане дел од еврозоната

Претседателот на САД, Барак Обама, и германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска имале телефонски разговор и се согласиле дека е исклучително важно да се најде начин Грција да остане во еврозоната, соопштија од Белата куќа. „Лидерите изјавија дека нивните економски тимови внимателно ја следат ситуацијата и ќе...

Грчките банки од утре ќе бидат затворени

Грчките банки утре нема да отворат. Грција воведува контрола на банките и лимит за извлекување средства од банкоматите. Информацијата ја објави грчкиот премиер Алексис Ципрас во вечерашното обраќање до народот. Со остра реторика, Ципрас ја посочи одлуката на Еврогрупата да не се продолжи финансиската...

ЕЦБ ќе продолжи со финансиска помош на грчките банки

Европската централна банка (ЕЦБ) денеска соопшти дека ќе продолжи со тековната финансиска помош на грчките банки преку механизмот на вонредна состојба, кој е на сила од февруари оваа година. „Со оглед на сегашните околности, управниот одбор на Европската централна банка одлучи да продолжи со итна ликвидност...

ЕК интегрално го објави последниот предлог за помош на Грција

Во интерес на транспарентноста и поради информираност на грчкиот народ, Европската комисија го објавува последниот предлог усогласен помеѓу трите институции (Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд), кој го зема предвид и предлозите на грчките власти од 8, 12, 22 и од...

Грција плови низ непознати води: Парламентот го одобри референдумот

Со 178 гласа „за“ и со 120 „против“, грчкото собрание даде зелено светло за предлогот за референдум за мерките за штедење на премиерот Алексис Ципрас. За референдумот гласаа пратениците на СИРИЗА, Независни Грци и на Златна зора, додека сите останати опозициски партии, односно Река,...

Волфганг Шојбле: Грција ќе се соочи со големи проблеми во наредните денови

Еврозоната ќе направи сè што е потребно за да се спречи „зараза“ од грчката криза, изјави синоќа германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле. Според него, Грција ќе се соочи со големи проблеми наредните денови. Но, тој е уверен дека Грција ќе остане членка на еврозоната....

Еврогрупата нема да дозволи продолжување на финансирањето на Грција

Еврогрупата нема да ја продолжи финансиската програма за Грција. Првиот човек на Еврогрупата, Јирген Дајселблум, на прес-конференцијата по состанокот на европските министри за финансии, изрази голема разочараност од одлуката на грчката влада ги прекине ненадејно преговорите и да најави референдум, посочувајќи дека нема да...

Грците извлекуваат пари од банкоматите, опозицијата бара Ципрас да се повлече

Најавата на грчкиот премиер Алексис Ципрас за референдум креираше мала паника меѓу граѓаните. Уште од 2 часот по полноќ, кусо по обраќањето на Ципрас голем дел граѓани почнаа да формираат редови пред банкоматите на банките во Атина и бензинските станици, во паника дека може...

Ципрас пресече: Референдум за мерките на 5 јули

Грците на 5 јули ќе одлучуваат за иднината на државата и за пакетот мерки што ги предлагаат европските кредитори. Премиерот Алексис Ципрас по пет месеци неуспешни преговори и натегања со европските партнери, како и силни притисоци за построги мерки, одлучи да ја стави судбината на...

Камерон уверен во нови и променети односи со ЕУ

Британскиот премиер Дејвид Камерон изрази уверување дека ќе следат нови и променети односи со Брисел откако покрена обид за измена на договорот со Европската унија, пред најавеното одржување на националниот референдум за напуштање на таа заедница до крајот на 2017 година. - Пред сè, мило...

Кралицата Елизабета ги посети поранешните концентрациони логори во Германија

Британската кралица Елизабета Втора, во текот на последниот ден од нејзината посета на Германија, ги посети меморијалните центри на поранешниот концентрационен логор Берген-Белзен, што, како што оценуваат медиумите, е политички најзначајниот момент од нејзината посета. Кралицата и нејзиниот сопруг Филип, по лична желба на кралицата првпат...

Во напад на фабрика во Франција еден загина, повеќемина повредени

Во напад во една фабрика во Франција, еден загина, а неколкумина се повредени. Нападот го извршил напаѓач кој носел знаме со исламистички написи. Тој влегол во фабриката и поставил неколку помали експлозивни направи, соопштуваат официјални лица. Напаѓачот потоа бил уапсен и им бил познат на разузнавачките служби. Нападот...

Грција на работ на седиштето, договор сè уште нема

Во клима на голема вознемиреност и незивесност, во Грција се исчекува следната партија од тензичните разговори меѓу премиерот Алексис Ципрас и европските кредитори. Недела е крајниот рок за завршување на преговорите меѓу Атина и Брисел. Ќе донесе ли викендот конечно договор или Грција ќе...

Европските лидери го усвоија планот за справување со мигрантската криза

Европските лидери го усвоија планот за справување со мигрантската криза во Средоземно Море. Лидерите со часови разговараа дали да прифатат 40.000 сириски и еритрејски кандидати за азил, кои се наоѓаат во Италија и во Грција, и уште 20.000 лица, кои се надвор од ЕУ. Тие постигнаа согласност...

Германија: Атина доби рок од пет дена

Излегувањето на Грција од Еврозоната ќе биде неизбежно доколку Атина и нејзините кредитори не пронајдат решение во наредните пет дена. - Ќе направиме сè до 30 јуни за Грција да може да покаже дека е подготвена за реформите - изјави комесарот на ЕУ од Германија, Гинтер...

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...