fbpx
Свет Европа Страница 202

Европа

Папата ги повика сите европски парохии да згрижат по едно мигрантско семејство

Папата Франциск денеска од плоштадот Свети Петар во Ватикан упати повик до сите европски парохии и верски заедници да прифатат по едно мигрантско семејство, како знак на солидарност кон огромниот број бегалци кои преку Балканот, Средноземно Mоре, Италија и Грција доаѓаат во Европа, бегајќи од...

Шестмина загинати при несреќа на автомобилско рели во Шпанија

Шест лица, меѓу кои и една бремена жена, загинале кога автомобил излетал од патот и удрил во нив за време на автомобилско рели, кое вчера се одржувало во градот Карал, во северозападниот дел на Шпанија, јавуваат светските агенции. Во несреќата, како што соопштиле од полицијата,...

Австрија и Германија очекуваат илјадници нови бегалци

Речиси 10.000 мигранти во изминатите 24 до 48 часа ја минале австриската граница, соопштиле властите на земјата, откако Будимпешта одлучи да ја крене блокадата и да им овозможи на бегалците да заминат за Австрија. Најголем дел од луѓето што пристигнале во Австрија својот пат веднаш го...

Могерини: Бегалската криза ќе трае и мораме да се прилагодиме на таа реалност

Проблемот со бранот бегалци ќе биде присутен уште долго време, изјавила денеска високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската унија (ЕУ), Федерика Могерини, упатувајќи повик до земјите-членки на унијата да се прилагодат на новата реалност. „Овој проблем уште долго ќе биде присутен...

Германија денеска ќе прими близу 10.000 бегалци

Помеѓу 5.000 и 10.000 бегалци до крајот на денот се очекува да влезат во Германија, соопштила тамошната полиција, јавуваат светските агенции. Првата група од 450 луѓе во текот на денот пристигна на железничката станица во Минхен, откако, поради вонредната ситуација, Германија и Австрија се договориле...

Финскиот премиер ја нуди својата куќа за сместување на бегалците

Премиерот на Финска, Јуха Сипила, изјавил дека ќе им ја понуди на бегалците својата куќа за сместување, пренесува хрватската државна телевизија ХРТ. Сипила соопштил дека станува збор за негова куќа во Кемпеле, на северот на Финска, која малку ја користи и во која ќе...

Гутерес: ЕУ нема друг избор освен да ги мобилизира сите сили околу бегалската криза

„Европската унија (ЕУ) нема друг избор освен да ги мобилизира сите свои сили во врска со бегалската криза, а единствен начин за решавање на овој проблем е унијата и сите зeмји-членки да спроведат заедничка страртегија, заснована на одговорност, солидарност и на доверба“, изјави вчера...

Унгарските власти попуштија, илјадници мигранти ноќеска влегле во Австрија

Илјадници мигранти ноќеска влегле во Австрија, откако унгарските власти донеле „неочекувана“ одлука и обезбедиле автобуси за превоз на мигрантите од железничката станица Келети во Будимпешта до границата со Австрија, јавуваат медиумите. Унгарските власти, претходно, неколку дена ги суспендираа меѓународните железнички линии кон Северна и Западна...

Австрискиот канцелар Фaјман го критикуваше Орбан за ставот околу бегалците

Австрискиот канцелар Вернер Фајман го критикуваше својот унгарски колега Виктор Орбан, поради неговиот став за бегалската криза. - Тој сигурно не е меѓу оние во Европа што се трудат да пронајдат заедничко решение, туку се однесува како силен човек. Но, од силен човек сега треба да очекуваме...

Цирих: Во судир меѓу автобус и четири камиони, повредени 41 патник

Во судир во централна Швајцарија, во кој учествувале еден британски туристички автобус и четири камиони, повредени се 41 патник, соопшти швајцарската полиција. До судирот дошло во зоната на која се изведуваат работи на пат, меѓу градовите Земпах и Сурзе, 40 километри јужно од Цирих. Повредите...

Екстремни десничари ги нападнаа мигрантите на станицата Келети

На железничката станица Келети во Будимпешта, екстремните десничари фрлија петарди во импровизираниот бегалски камп на платото пред станицата, при што се слушнале две погласни експлозии, јавува „Би-Би-Си“. Многу бегалци поради тоа се исплашиле, па некои од мажите ги истерале унгарските десничари кои биле скинхедси. По судирот, била повикана...

Премиерите од Вишеградската група ќе ги отфрлат квотите за бегалци

Премиерите на Полска, Чешка, Словачка и на Унгарија попладнево, на вонредниот самит на Вишеградската група во Прага, планираат повторно одлучно да го одбијат прераспределувањето на бегалците по обврзувачки квоти и се подготвуваат да побараат од ЕУ конечно да почне да го спроведува веќе договореното...

Пет повредени во пожар во центар за бегалци во Германија

Германската полиција денеска соопшти дека пет лица се повредени во пожарот во бегалскиот центар во градот Хапенхајм, во германската покраина Есен. Засега нема информации која е причината за пожарите. Портпаролката на полицијата, Кристијана Кобус, соопшти дека еден од бегалците од центарот се обидел да се спаси...

Британија се согласи да прими повеќе бегалци

Британскиот премиер, Дејвид Камерон, се очекува денеска да ги објави плановите на неговата влада за зголемување на на бројот на бегалци на кои ќе им биде дозволен влез и ќе бидат прифатени во Обединетото Кралство, јавува „Би-Би-Си“. Како што пренесува британскиот национален сервис, допoлнителниот број...

Баерн отвора фудбалски камп за децата-бегалци

Минхенскиот фудбалски клуб Баерн најави отворање фудбалски камп за децата-бегалци и финансиска помош од еден милион евра како одговор на мигрантската криза. Германскиот првак објави дека децата и младите што ќе тренираат во кампот ќе добијат бесплатни часови по германски јазик, како и фудбалска опрема. Играчите на...

Германија, Италија и Франција бараат ревизија на политиката за азил на ЕУ

Министрите за надворешни работи на Германија, Италија и на Франција, вчера потпишаа документ со кој бараат ревизија на актуелните правила на Европската унија (ЕУ) за доделување азил и за „фер распределба“ на мигрантите во земјите-членки на унијата, соопшти шефот на италијанската дипломатија, Паоло Џентилони. Во...

Француската полиција уапсила осомничен за пожарот во кој загинаа осум луѓе

Француската полиција уапсила едно лице кое е осомничено дека го предизвикало пожарот во станбена зграда во Париз, во кој утрово загинаа осум луѓе, меѓу кои и две деца, јавува „Би-Би-Си“. Медиумите, повикувајќи се на полициски извори, пренесуваат дека осомничениот, кога бил пронајден, кај себе имал...

Микл-Лaјтнер предупредува на можен неуспех на ЕУ

Министерката за внатрешни работи на Австрија, Јоана Микл-Лaјтнер, денеска предупреди на опасност од неуспех на ЕУ во врска со проблемите со бранот бегалци и додаде дека подигнатиот ѕид на унгарско-српската граница не ја претставува нејзината замисла за Европа. - Поради тешката состојба на Блискиот Исток...

Повеќечасовна блокада за патниците на „Евростар“

Шест возови на „Евростар“ синоќа мораа да запрат и да се вратат на појдовната станица поради луѓе, најверојатно бегалци, кои се наоѓале на шините во тунелот под Ла Манш, на француска страна, јавуваат француските медиуми. „Пет возови на „Евростар“ стојат на влезот на тунелот на...

Осум загинати во пожар во Париз

Осум лица настрадаа во пожарот што рано утринава изби во Париз, соопштија полициски извори. Пожарот избил во северниот дел на градот, во станбена зграда, првин во приземјето, а потоа се проширил кон скалите. Меѓу настраданите има и две деца. Пожарникари се обидуваат да го стават пожарот под контрола.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...