fbpx
Свет Европа Страница 201

Европа

Во Минхен исполнети капацитетите за прием на бегалци

Вкупно 12.200 бегалци стигнале вчера во Минхен, а утринава околу 700 стигнале на главната станица. Портпаролот на германската полиција денеска предупреди дека капацитетите во Минхен, главната точка за влегување на бегалците во Германија, се преполни. Возови ги пренесуваат бегалците до други делови од земјата. Во меѓувреме, приливот...

Меркел до бегалците: Научете го јазикот и создавајте контакти

Германската канцеларка, Ангела Меркел, ги охрабри бегалците кои пристигнуваат во Германија, да го научат јазикот и да создадат нови контакти. Во денешното видеообраќање, Меркел рече дека жените што доаѓаат во Европа, често преживеале ужасни нешта и се трауматизирани. Таа рече дека освен да се обидат да го...

Русија, Украина и ЕУ го договорија зимскиот пакет за испорака на гас

Русија, Украина и Европската комисија постигнаа договор за зимскиот пакет за испорака на гас на Европската унија преку Украина. Договорот ќе почне да важи од 1 октомври, изјави денеска рускиот министер за енергетика, Александар Новак, по разговорот со официјалните лица на Европската комисија, известува „Ројтерс“. Официјална...

Запленети речиси два тона кокаин во Португалија

Португалските власти објавија дека вчера заплениле 1,9 тони кокаин на рибарски брод, во рамки на заедничката акција со шпанските власти, во која се уапсени 15 лица. Со акцијата, како што се наведува во соопштението, е разбиена една од најважните криминални организации во Галиција. - Групата...

Меркел: Нема законски лимит за примање бегалци

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска соопшти дека нема законски лимит за бројот на лицата кои бегаат пред политичкиот прогон и бараат засолниште во нејзината земја. Исто така, јасно стави до знаење дека луѓето кои немаат право на азил, мораат итно да се вратат во своите...

Австрија го затвори автопатот на границата со Унгарија

Австрија утринава го затвори автопатот А4 на границата со Унгарија од безбедносни причини, додека десетина мигранти пеш се движат по патот кон Виена, соопшти портпаролот на полицијата во источната област Бургенланд. Околу 8.000 лица вчера влегоа во Австрија, а дополнителни 3.600 по полноќ, соопшти портпаролот.

Премиерот на Северна Ирска си поднесе оставка

Премиерот на Северна Ирска, Питер Робинсон, денеска поднесе оставка и ги повлече своите министри од коалициската влада, јавува „Би-Би-Си“. Лидерот на протестантската Демократска унионистичка партија, претходно најави оставки на министрите од пробританската партија доколку не се одложи седницата на северноирскиот парламент поради наводите дека терористичката...

Европскиот парламент го поддржа планот на Јункер

Пратениците од Европскиот парламент денеска со големо мнозинство гласови го поддржаа планот за задолжително прифаќање бегалци, кој вчера го претстави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. За револуционерната поддршка на планот на Јункер гласале 432 пратеници, 142 беа против, а 57 воздржани. Пратениците бараат високата претставничка...

Лавров: Руски авиони носат опрема и помош за Сирија

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека руски авиони кои летаат во Сирија, на земјата ѝ испорачуваат воена опрема и хуманитарна помош, не коментирајќи ја загриженоста на САД и на НАТО дека руските сили почнале да учествуваат во операциите во Сирија. Русија...

Оланд, Меркел, Порошенко и Путин телефонски разговарале за состојбата во Украина

Лидерите на Франција, Германија, Украина и на Русија синоќа телефонски разговарале за ситуацијата во Украина и го поздравиле примирјето, кое во голема мера се почитува од 1 септември, соопштија од канцеларијата на францускиот претседател. Франсоа Оланд, Ангела Меркел, Петро Порошенко и Владимир Путин се договориле...

Де Крешов: Мала е веројатноста меѓу бегалците да има терористи

Бегалската криза што ја потресе Европа е доволно голем предизвик сама по себе и не треба да се меша со тероризмот, смета координаторот на Европската унија за борба против тероризмот, Жил де Кершов. Де Кершов во интервју за „Еуроактив Чешка“ рече дека би било голема грешка...

Унгарија: Не постапуваме лошо со бегалците

Унгарската полиција ги отфрли обвинувањата дека во таа земја се постапува лошо спрема бегалците, кои и понатаму пристигнуваат во големи групи на патот кон Западна Европа. Портпаролката на полицијата, Викторија Чисек-Ковач, рекла дека мигрантите на пунктовите што ги контролира полицијата близу границата со Србија добиваат медицнска...

Ирска ќе прими 4.000 бегалци

Ирска денеска соопшти дека ќе прифати дополнителен број бегалци, односно околу 4.000. Министерката за правосудство, Франсис Фицџералд, рече дека Даблин прифати околу 2.900 бегалци повеќе отколку што беше планирано. - Сите бевме шокирани и вознемирени од глетките од Јужна и од Централна Европа и од тешките...

Саркози: Не е време за „војна“ со Русија

Тоа што Западот подготвни сцена за нова студена војна со Русија е сериозна грешка во овој момент, смета поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози. Како што изјави за „Фигаро“, Русија му е потребна на Западот за да можат да му стават крај на конфликтот во Сирија...

Партијата на зелените бара зградата на ЕП во Стразбур да им се отстапи на мигрантите

Огромната футуристичка зграда на Европскиот парламент во францускиот град Стразбур би можела да се искористи како прифатилиште за мигрантите, предлага лидерот на Партијата на зелените, Филипе Ламбертс. Како што пренесува „Би-Би-Си“, Ламбертс предложил членовите на Европскиот парламент да се преселат во зградата на парламентот во...

Камерон: Британија останува надвор од системот за квоти за бегалците

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска ја бранеше одлуката на Британија да не учествува во задолжителниот систем на квоти за прераспределба на бегалците во Европската унија, што денеска во Брисел ги престави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. - Доколку сето внимание е на квотите за прераспределба...

Аврамопулос: Азилантите од Балканот што побргу да се вратат дома

Европскиот комесар за миграција и за внатрешни работи, Димитрис Аврамопулос, денеска ја поддржа идејата за создавање заедничка европска листа на „безбедни“ земји и се заложи азилантите од оваа група земји што побргу да се вратат дома. - Мислам, пред сè, на азилантите од Западен Балкан...

УНХЦР бара дополнителни 30,5 милиони долари за бегалците

Агенција на ОН за бегалци побара дополнителни 30,5 милиони долари до крајот на годината, со итен апел за финансиска помош за справување со европската бегалска криза. Апелот на УНХЦР доаѓа во време кога агенцијата на ОН најави доаѓање преку Средоземно Море на околу 400.000 нови луѓе...

Јункер: Квотите за распоредување бегалци мора да се обврзувачки

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска во својот говор за состојбата во Европската унија повика на одлучно дејствување и на соочување со бегалската криза, повикувајќи ги земјите-членки бргу да се договорат за расподелување на 160.000 бегалци, кои сега се наоѓаат во Италија, Грција...

Ескалираа тензиите меѓу мигрантите и полицијата на Лезбос

Ескалираа тензиите меѓу мигрантите и полицијата на грчкиот остров Лезбос, пренесуваат новинските агенции. Полицајци со палки се судрија со група од 2.500 мигранти, кои се обидуваа да влезат во траектот ангажиран од грчките власти за да ги однесе до главниот град Атина. Полицијата тешко успевала...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...