вторник, 18 август, 2026
Meta.mk

Србија ги намали платите на претседателот и на пратениците

ноември 5, 2014

За десет проценти се намалени платите на претседателот на земјата, на назначените лица во службите на претседателот и во службите на парламентот, како и на пратениците. Административната комисија во српскиот парламент денеска донесе одлука за намалување за десет отсто на платата на претседателот на земјата, на назначените лица во службите на претседателот и во службите […]

Албанска пратеничка поднесе оставка поради вмешаност на нејзиниот син во убиство

ноември 5, 2014

Албанската пратеничка Луиза Џувани денеска поднесе оставка, откако полицијата го приведе нејзиниот син поради престрелката во ноќен клуб, во која загинаа четири лица. Како што соопшти полицијата, пукањето во тиранскиот ноќен клуб „Анте гранд“ почнало по жолчна расправија, во која учествувал и синот на пратеничката од владејачката Социјалистичка партија. Во престрелката се убиени четири лица, […]

Хаг бара гаранции за ослободување на Шешељ

ноември 5, 2014

Меѓународниот суд за воени злосторства извршени на територија на поранешна Југославија, денеска во Хаг побара од Холандија и од Србија до 18 часот да дадат свое мислење за евентуалното привремено пуштање на слобода на Воислав Шешељ. Судот ја повика владата на Србија да потврди дека може да гарантира оти Шешељ нема да дојде во контакт […]

Уште еден случај на самозапалување во Бугарија

ноември 4, 2014

Четириесет и осумгодишен маж се самозапали во бугарскиот град Сандански, еден ден откако жена во Софија го направи истото пред канцеларијата на претседателот на Бугарија. Мажот, кој се запалил од засега непознати причини, се наоѓа во болница и неговата состојба е критична, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во критична состојба е и жената, која вчера […]

Бојко Борисов е новиот бугарски премиер

ноември 4, 2014

Реформаторскиот блок на Бугарија денеска одлучи за нов премиер на нашиот источен сосед да биде именуван Бојко Борисов. На средбата на здружените партии во реформатоскиот блок, одлучено е идната бугарска влада да има тројца вицепремиери и 18 министри.

Хрватска и официјално со најлоши економски прогнози во ЕУ

ноември 4, 2014

Хрватска има најлоши економски прогнози од сите членки во Европска Унија, се наведува во есенските прогнози на Европската комисија, а прогнозираниот пад на домашниот бруто-производ (БДП) е зголемен од 0,6 на 0,7 отсто за оваа година. Зголемена е и процената на стапката на невработеност, од минатогодишните 17,3 отсто на 17,7 отсто, јавуваат хрватските медиуми. Европската комисија […]

Жената што се самозапали во Софија е во критична состојба

ноември 4, 2014

Триесет и осумгодишната жена што вчера се самозапали пред претседателската палата во Софија е во животна опасност, соопштија од болница „Пирогов“. Лидија Петрова е самохрана мајка, има едно дете и долги години работи како фоторепортер. Во неколкуте инциденти со самозапалување во Бугарија, во периодот меѓу февруари и мај 2013 година, шест лица го загубија животот.

(ВИДЕО) Турција: 24 загинати при превртување на брод

ноември 3, 2014

Дваесет и четири лица загинаа откако брод со илегални имигранти се превртел во теснецот Босфор. Спасувачките екипи успеале да спасат седум лица од бродот, за кој се претпоставува дека превезувал 40 илегални имигранти, вклучувајќи и деца. Потрагата по останатите патници на превртениот брод е во тек, а во неа се вклучени чамци од крајбрежната стража […]

Иванов се сретна со Николиќ

октомври 31, 2014

Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, ја почна официјалната посета на Србија. Иванов пред Палатата „Србија“ беше пречекан од својот домаќин, претседателот на Србија, Томислав Николиќ, по што двајцата шефови на држави разговараа за евроатлантските интеграции и за состојбите и предизвиците во регионот, економските и културните релации, како и за претстојното претседавање на Србија со ОБСЕ. […]

Страна 251 од 251