вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Шаровиќ: Шешељ ќе го дестабилизира режимот во Србија

ноември 10, 2014

Заменик претседателот на Српската радикална странка (СРС), Немања Шаровиќ, смета дека доаѓањето на Воислав Шешељ нема да предизвика хаос, туку ќе го дестабилизира „издајничкиот режим“. – Приказните дека Шешељ ќе предизвика дестабилизација или хаос, не се точни. Единствено што ќе дестабилизира е издајничкиот режим во Србија. Ние и понатаму го проверуваме секој лет од Хаг, […]

Почина жената која се самозапали пред зградата на претседателот на Бугарија

ноември 10, 2014

Почина 38-годишната Лидија Петрова, фоторепортерка која минатата недела се самозапали пред зградата на претседателот на Бугарија. Жената подлегнала на повредите во болница во текот на изминатата ноќ. Во понеделникот минатата недела, Лидија Петрова беше примена во болница со тешки изгореници од 90 проценти од телото.

Рама во Белград пречекан со највисоки државни почести

ноември 10, 2014

Албанскиот премиер Еди Рама во Белград беше пречекан со највисоки државни почести. Тоа е прва посета на еден албански државник на Србија по 68 години. Претпладнево пред Палатата на Србија, Рама беше пречекан од неговиот домаќин, српскиот премиер Александар Вучиќ. Според протоколот, беа интонирани химните на двете земји, по што Рама и Вучиќ ја почнаа […]

Историска средба: Рама во четири очи со Вучиќ

ноември 10, 2014

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска ќе престојува во Белград. Првата закажана посета минатиот месец беше откажана по инцидентот на натпреварот на фудбалските репрезентации на Србија и на Албанија во Белград. Предвидено е тој да разговара со српскиот премиер Александар Вучиќ, по што е најавена пленарна седница на двете делегации. Ова е прва официјална посета […]

Умерен земјотрес во Грција

ноември 9, 2014

Земјотрес со интензитет од 5,1 степен според Рихтеровата скала ноќеска го погоди западниот дел на Грција. Засега нема информации за настрадани и за причинета материјална штета. Институтот за геодинамика во Атина соопшти дека епицентарот на потресот бил западно од јонскиот остров Кефалонија, на длабочина од пет километри под морското дно. Истиот остров завчера беше погоден од […]

Уапсен Драгослав Космајац

ноември 9, 2014

Српската полиција го уапси Драгослав Космајац во неговиот стан во Белград, а заедно со него, приведени се уште седум лица. Како што објави српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, на вонредна прес-конференција утрово, полициската акција била резултат на четиримесечна истрага. Сите уапсени се државјани на Србија, дел биле приведени во Белград, а дел во Сремска […]

Ќе се обноват летовите меѓу Србија и Хрватска

ноември 8, 2014

Србија и Хрватска ќе ги продолжат летовите помеѓу нивните главни градови во декември, 23 години откако тие беа прекинати. Во соопштението на српскиот национален авиопревозник „Ер Србија“ се вели дека лансирањето на дневните летови помеѓу Белград и Загреб почнуваат на 12 декември. Главниот извршен директор на „Ер Србија“, Дане Кондиќ, изјави дека новата линија ќе […]

Вагони од товарен воз излетале од шини

ноември 8, 2014

Празни вагони од товарен воз на железничка линија меѓу Атина и Солун излетале од шини, но жртви нема, јавија грчки медиуми. Запрено е движењето на таа железничка линија во Грција, а патниците кои ја користат таа линија се превезуваат со автобуси. Инцидентот се случил во реонот Амфиклија. Причина за излетувањето на вагоните најверојатно е лизгање […]

Бугарскиот парламент ја потврди владата на Борисов

ноември 7, 2014

Бугарскиот парламент ја потврди малцинската влада на десниот центар, под водство на поранешниот премиер Бојко Босирсов, чија конзервативна партија ГЕРБ победи на предвремените парламентарни избори на 5 октомври. Од вкупно 234 присутни пратеници, 136 се изјаснија во полза на владата на Борисов, кој својот кабинет го нарече „проевропски и реформистички, за стабилност на Бугарија“. – […]

САД со порака до косовските лидери: Немојте да упропастите

ноември 6, 2014

Амбасадорот на САД во Приштина, Трејси Ен Џејкобсон, денеска го прекрши дипломатскиот протокол за да го изрази незадовлството на САД од косовските политичари кои не можат да се договарат за формирање нова влада. Џејкобсон во дебатата во седиштето на невладината организација „Фољ“ во Приштина, на албански јазик рече „Немојте да упропастите“. – Пораката што ја упатив […]

Потпишан договор за формирање влада во Бугарија

ноември 6, 2014

Политичката партија Граѓани за европски развој на Бугарија(ГЕРБ), по едномесечни преговори, денеска потпиша договор за формирање малцинска коалициска влада, пренесуваат бугарските медиуми. Според соопштението на бугарски официјални претставници, документот е потпишан во парламентот од лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, и од лидерите на пет мали партии во составот на Реформскиот блок. – Направивме голем напор. […]

Могерини го поддржа британско-германскиот план за БИХ

ноември 6, 2014

Високата претставничка на Европска Унија за надворешна политика, Фредерика Могерини, денеска го поддржа планот на Велика Британија и на Германија за отстранување на блокадата во евроинтеграциите на Босна и Херцеговина. „Особено ја ценам идејата за напредокот на БИХ која синоќа во Берлин ја изнесоа министрите за надворешни работи на Велика Британија, Филип Хамонд, и на […]

Во Словенија жолт аларм поради поројните дождови

ноември 6, 2014

Во Словенија е прогласен жолт аларм поради поројните дождови што во текот на ноќта ја погодија земјата и кои, според најавите на метеоролозите, ќе продолжат и следните денови. Метеоролозите прогнозираат дека денеска ќе биде прогласен највисок степен на опасност од поплави – црвен аларм. Се прогнозира дека наредните денови ќе паднат повеќе од сто литри дожд на еден […]

Евроинтеграцијата на Балканот не значи и проблем

ноември 6, 2014

Евроинтеграцијата на Балканот не значи повеќе проблеми и во следните пет години ќе треба да се работи на подигнување на довербата во земјите-членки на ЕУ, е пораката од учесниците на Шестата конференција на министрите за надворешни работи од Југоисточна Европа, во организација на реномираниот германско-американски институт „Аспен“, во Берлин, на која учествуваше и шефот на македонската […]

Србија ги намали платите на претседателот и на пратениците

ноември 5, 2014

За десет проценти се намалени платите на претседателот на земјата, на назначените лица во службите на претседателот и во службите на парламентот, како и на пратениците. Административната комисија во српскиот парламент денеска донесе одлука за намалување за десет отсто на платата на претседателот на земјата, на назначените лица во службите на претседателот и во службите […]

Албанска пратеничка поднесе оставка поради вмешаност на нејзиниот син во убиство

ноември 5, 2014

Албанската пратеничка Луиза Џувани денеска поднесе оставка, откако полицијата го приведе нејзиниот син поради престрелката во ноќен клуб, во која загинаа четири лица. Како што соопшти полицијата, пукањето во тиранскиот ноќен клуб „Анте гранд“ почнало по жолчна расправија, во која учествувал и синот на пратеничката од владејачката Социјалистичка партија. Во престрелката се убиени четири лица, […]

Хаг бара гаранции за ослободување на Шешељ

ноември 5, 2014

Меѓународниот суд за воени злосторства извршени на територија на поранешна Југославија, денеска во Хаг побара од Холандија и од Србија до 18 часот да дадат свое мислење за евентуалното привремено пуштање на слобода на Воислав Шешељ. Судот ја повика владата на Србија да потврди дека може да гарантира оти Шешељ нема да дојде во контакт […]

Уште еден случај на самозапалување во Бугарија

ноември 4, 2014

Четириесет и осумгодишен маж се самозапали во бугарскиот град Сандански, еден ден откако жена во Софија го направи истото пред канцеларијата на претседателот на Бугарија. Мажот, кој се запалил од засега непознати причини, се наоѓа во болница и неговата состојба е критична, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во критична состојба е и жената, која вчера […]

Бојко Борисов е новиот бугарски премиер

ноември 4, 2014

Реформаторскиот блок на Бугарија денеска одлучи за нов премиер на нашиот источен сосед да биде именуван Бојко Борисов. На средбата на здружените партии во реформатоскиот блок, одлучено е идната бугарска влада да има тројца вицепремиери и 18 министри.

Хрватска и официјално со најлоши економски прогнози во ЕУ

ноември 4, 2014

Хрватска има најлоши економски прогнози од сите членки во Европска Унија, се наведува во есенските прогнози на Европската комисија, а прогнозираниот пад на домашниот бруто-производ (БДП) е зголемен од 0,6 на 0,7 отсто за оваа година. Зголемена е и процената на стапката на невработеност, од минатогодишните 17,3 отсто на 17,7 отсто, јавуваат хрватските медиуми. Европската комисија […]

Страна 248 од 249