fbpx
Свет Балкан Страница 202

Балкан

Новинар од Турција добил отказ зашто ја критикувал политиката на Ердоган

Турскиот весник „Милиет“ му дал отказ на еден од најпознатите коментатори затоа што ја критикувал политиката на претседателот Ердоган, во однос на џихадистите од Исламска држава. Раководството на весникот објави дека договорот со новинарот Кадри Гурсел го прекинале затоа што тој на „Твитер“ објавил коментар...

Се шири пожар на југоистокот на Бугарија

Пожарот кој избувна во селото Дрипчево во општината Харманли на југоистокот на Бугарија, се шири. Локалните власти најавуваат дополнително ангажирање луѓе за негово гаснење. Освен шест противпожарни и три шумски возила, денеска ќе биде ангажирана и војската, соопшти локалната противпожарна единица во градот Хасков. Во гаснењето...

Гласањето за вториот пакет мерки, нов удар за СИРИЗА и за Ципрас

Новите приоритени мерки за Грција поминаа, но не помина одново барањето на Ципрас за посилна поддршка од СИРИЗА. Во маратонската парламентарна дискусија, која финишираше со гласање во 4 часот изутрина, мерките ги поддржаа 230 од 298 присутни пратеници, против гласаа 63 пратеници, а воздржани беа...

Коѕиас планира засилување на грчката соработка со Балканот

Грција планира поактивна политика за интензивирање на соработката со сите балкански држави. Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, на денешниот Национален совет за надворешна политика, ги информираше претставниците на сите политички партии за намерата за продлабочување на соработката и за интензивирање на врските со...

Сè уште беснеат пожари на Корчула и на Пељешац

Стотици пожарникари и припадници на хрватската војска цела ноќ на Корчула и на Пељешац се бореа со пламената стихија, меѓутоа пожарите се сè уште активни на повеќе локации, јавуваат хрватските медиуми. Огнот сè уште гори во Пониква, на непристапен терен во ридовите, а отворен пламен има и...

Турција: Убиени двајца полицајци во близина на границата со Сирија

Двајца полицајци се убиени во напад на турскиот град Џејланпинар, во близина на границата со Сирија. Нападот се случи два дена по самоубиствениот бомбашки напад во кој загинаа 32 лица во Суруч. Премиерот Ахмет Давутоглу рече дека нападот е поврзан со милитантната група Исламска држава. Турската влада...

Ципрас во „војна“ со бунтовниците од СИРИЗА

Грчкиот премиер Алексис Ципрас отвори битка со бунтовниците во СИРИЗА неколку часа пред денешното гласање за втората листа приоритетни мерки. Според владини извори, Ципрас во разговор со своите соработници индиректно ги нападнал поранешните министри Јанис Варуфакис и Панајотис Лафазанис, кои деновиве продолжуваат со остри напади против...

Грција: Банките отворени, но финансиските проблеми на компаниите се нерешени

Отворањето на банките не ги реши сите проблеми во државата. Граѓаните и понатаму може да повлекуваат само 60 евра дневно, а банките, главно, може да им служат за плаќање сметки, земање нови платежни картички и за активирање на услугите за електронско банкарство за трансакциите...

Владата на Ципрас утре на нов тест во парламентот

Грчкиот премиер Алексис Ципрас тактизира за полесно да се изгласа втората листа приоритетни мерки договорени со кредиторите. Пред грчкиот парламент, кој утре треба да се изјасни за мерките, нема да се најдат две болни мерки како реформирањето на пензинскиот систем преку зголемување на границата...

Во Средоземно Море забележан брод со 200 мигранти

Грчките власти соопштија дека во Средоземно Море е забележан брод со 150-200 мигранти, до кој допловиле два трговски брода за да им понудат помош или да ги евакуираат мигрантите, доколку тоа е потребно. Во соопштението на грчкото министерство за трговска морнарица се наведува дека, според забележаното,...

Петрле, Станишев и Џамбаски во посета на Македонија

Kопретседавачот на бирото на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и ЕУ (МПК), Алојз Петрле, и заменик-копретседавачите, Сергеј Станишев и Ангел Џамбаски, денеска се во посета на Македонија. Евопската тројка ќе се сретне со копретседавачот на Комитетот, Кенан Хасипи, и со заменик-копретседавачот Артан Груби. Според...

Воената парада ќе ја чини Хрватска речиси два милиони евра

Воената парада во Загреб, по повод одбележување на 20-годишнината од воено-полициската акција „Олуја“, ќе ја чини Хрватска меѓу 1,31 и 1,96 милиони евра, пишуваат хрватските медиуми. Настанот е предвиден за 4 август, а од ресорното министерство сè уште не дале прецизен одговор колку ќе чини.

Откриено оружје на езерото Бадовац на Косово

Косовската полиција соопшти дека во близина на езерото Бадовац, на магистралата Приштина - Гљилане, е пронајдено оружје, муниција, униформи и други воени материјали. Случајот е пријавен кај дежурниот обвинител, а на местото каде е пронајдено оружјето е испратена единица за деминирање и патрола од Грачаница....

Грција враќа 6,8 милијарди евра од долгот

Грчката влада утринава дала налог за отплата на 6,8 милијарди евра од долгот кон кредиторите, соопшти министерството за финансии. Станува збор за пари кои Грција им ги должи на Европската централна банка, Меѓународниот монетарен фонд и на Централната банка на Грција. ЕЦБ ќе добие 4,2 милијарди...

Грчките банки отворени, а во продавниците нова стапка на ДДВ

Грчките банки по три недели денеска повторно се отворени, но ограничувањата за подигање средства останаа непроменети, освен што неделниот лимит од 420 евра, наместо секој ден по 60 евра, може да се подигнува еднаш неделно. Денеска почнува да се применува и новата стапка на данокот за додадена...

Банките во Грција ќе отворат в понеделник

Грчките банки по три недели принуден одмор најверојатно ќе отворат в понеделник. Меѓутоа, нема да бидат отворени сите филијали, туку ограничен број од нив, односно само тие што досега беа отворени за пензионерите да може да повлекуваат пари од пензиите. Дневниот лимит за повлекување пари ќе остане...

Ципрас направи темелна реконструкција на владата

Среде критична состојба на разгорени пожари низ цела Грција, премиерот Алексис Ципрас го реконструираше владиниот состав. Само преку писмено соопштение до медиумите, Ципрас објави значително изменета, нова влада со 10 нови министри и заменици-министри, преместени од други министерства, но и со целосно нови лица....

Не стивнуваат пожарите низ Грција

Пожарите во Грција се разгоруваат. Покрај пламените јазици во Атина и во Лакониа на Пелопонез, нови жаришта се поjавија и на Евиа и во областа Малакаса надвор од Атина. Постојат информации за една жртва на Пелопонез, а според информациите, лицето починало од срцев удар. Дел...

Атика и Пелопонез зафатени од пожари

Пожари беснеат во Грција. Пламени јазици го зафатија ридот Имитос во Атина, во близина на населени места. Зафатена е голема шума, а чадот веќе почнува да се шири во предградијата на грчката престолнина. Интервенираат противпожарните служби, волонтери и два хеликоптери и се прави обид да...

Ципрас ја подготвува реконструкцијата на Владата

Грчкиот премиер Алексис Ципрас се очекува во текот на денот да го најави новиот состав на владата. Ципрас по шест месеци на власт, се одлучи за реконструкција и за промена на владиниот кабинет поради поделеноста и во парламентарната група и меѓу неговите министри околу...

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...