fbpx
Свет Балкан Страница 200

Балкан

„Глобал војсес“: И српските служби биле заинтересирани за шпионскиот софтвер на „Хакинг тим“!?

Дел од мејловите и од досиејата на контроверзната италијанска софтверска компанија „Хакинг тим“ со седиште во Милано, кои „Викиликс“ ги објави на почетокот на јули оваа година, откриваат дека најмалку една српска безбедносна служба се распрашувала и преговарала за купување софтвер за следење комуникации...

Владата на Ципрас тврди дека новиот меморандум е поповолен од тие на Нова демократија и на ПАСОК

Грчката влада тврди дека новиот договор е помалку болен од претходните два меморандуми за штедење. Владата на Алексис Ципрас се подготвува новиот договор да го испрати во Собранието за да добие зелено светло од грчките пратеници. Оцените се дека договорот е за нијанса подобар од...

Грција и „тројката“ постигнаа договор

Грчката влада и „тројката“ постигнаа договор за новите грчки обврски и реформи што ќе го обезбедат исплаќањето на новиот грчки кредит. Документот денеска ќе оди во грчкото собрание и владата се надева да биде изгласан веќе утре. Договорот беше постигнат по 18 часа непрекинати преговори меѓу...

Хрватска со рекордни 8 милијaради евра приходи од туризам

Министерот за туризам на Хрватска, Дарко Лоренцин, изјави дека државата оваа година може да очекува рекордни приходи од туризмот од приближно осум милијарди евра. На јадранското крајбрежје и во Загреб, од јануари до јули оваа година, престојувале вкупно 7,6 милиони туристи, кои генерирале вкупно 40 милиони...

Пукање пред американскиот конзулат во Истанбул

Двајца вооружени напаѓачи отвориле оган пред американскиот конзулат во Истанбул, а потоа побегнале, по што полицијата возвратила на пукањето, јави турски „Си-Ен-Ен“. Според новинската агенција „Цихан“, напаѓачи биле еден маж и една жена. Според досегашните информации, во нападот нема загинати, ниту повредени. Турција од минатиот месец...

Бугарија ја обвинува Македонија дека ѝ пренела бруцелоза

Бруцелоза во Бугарија e пренесена со коза, која илегално е внесена од Македонија за расплод, соопшти викендов бугарскиот министер за здравство Петар Москов. Како што јавува бугарскиот портал „Оф њуз“, 23 лица се заразени со бруцелоза во градот Рила, а викендов се регистрирани нови девет заразени. -...

Ципрас брза новиот договор да помине во парламентот до крајот на неделата

Грчкиот премиер Алексис Ципрас брза пред 15 август да се изгласа новиот пакет мерки. Грчката влада се надева дека до утре ќе се постигне договор околу конечниот текст за мерките и обврските за новиот грчки кредит меѓу Атина и Брисел. Договорот Ципрас планира експресно...

Почина синот на бугарскиот претседател Плевнелиев, сочувство и од Иванов

Синот на бугарскиот престедател Росен Плевнелиев, Филип (14), починал синоќа во една од болниците во Бугарија. Како што пренесуваат бугарските медиуми, тој боледувал од ретка болест која предизвикала крвавење во организмот, што било причина за настанување на смртта. Сочувство до претседателот Плевнелиев, изрази и македонскиот претседател Ѓорге...

Ципрас бара помош од ЕУ за проблемот со мигрантите

Грција не може самостојно да го реши проблемот со илјадниците мигранти што доаѓаат од Сирија и од Авганистан, а на владата ѝ е неопходна помош од ЕУ, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас. - Сега е време ЕУ да покаже дека е солидарна или во неа секој...

Грција исплати рата на ММФ

Грција уплатила рата од долгот кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во износ од 186,3 милиони евра, потврди меѓународната институција, со што Атина избегна доцнење на исплатата на кредитот. Грција денеска ги исплати каматите што ги должи кон ММФ, изјави портпарол на финансиската институција. Ова е првпат...

Голем пожар го зафати грчкиот остров Крф

Голем шумски пожар го зафати грчкиот остров Крф и излегува од контрола, поради што локалните власти побараа да им бидат испратени авиони „канадери“ како помош при гаснењето на пожарот. Шефот на пожарникарската служба на Крф, Апостолос Васдекис, за грчката агенција АНА, истакна дека пожарот избил далеку...

Албанската влада донираше 50.000 евра помош за Тетово

Албанската влада издвои 50.000 евра за ублажување на последиците од поплавите во Тетовско и искажа длабоко сочувство за семејствата на настраданите. Во одлуката на албанската влада се вели дека се доделува финансиска помош на Владата на Република Македонија за ублажување на штетите предизвикани од поплавите....

Милошоски ги скара Коѕиас и Кумуцакос

Грчкото министерство за надворешни работи и Нова демократија се скараа околу случајот со поранешниот шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски. Откако единствената формална грчка реакција на говорот на Милошоски пред карта со Македонија со егејскиот дел беше преку твитер-порака, поранешниот европратеник и одговорен за надворешна политика...

Атинската берза првпат во плус

Атинската берза денеска првпат е во плус откако во понеделникот беше повторно отворена по петнеделна пауза. И акциите на банките, кои во претходните три дена изгубија 63,81 отсто од вредноста, денеска пораснаа во просек за три отсто. Берзата во Атина беше затворена на 29 јуни, кога...

Грчкото МНР на „Твитер“: Опасни се сите иредентистички активности од македонска страна

Грчкото Министерство за надворешни работи преку „Твитер“ се огласи за случајот со Антонио Милошоски во Онтарио. Индиректно, без да го споменуваат Милошоски, чиј говор пред карта на Македонија со егејскиот дел беше споменат како провокација од Нова демократија, во твитот од Министерството забележуваат дека...

Атинската берза трет ден во пад

Атинската берза денеска трет ден по ред е во пад откако во понеделникот беше отворена по петнеделна пауза. Главниот индекс на атинската берза утринава по отворањето падна за 1,38 отсто, по што изгуби 3,39 отсто од својата вредност. Во понеделникот берзата го заврши денот со пад...

Американски авиони пристигаат во турските воени бази

Американски воени авиони и беспилотни летала пристигнуваат во турските воени бази, па наскоро ќе почне сеопфатна акција против џихадистите на Исламска држава. - Во согласност со договорот со САД, остваривме напредок во отворањето на нашите бази во базата Инџерлик – рече турскиот министер за надворешни...

Атина и Брисел оптимисти за договор во текот на август

Грчката влада очекува до крајот на денот да го затвори првиот круг преговори со „тројката“ и со кредиторите и со тоа да се приближи кон потенцијален договор до крајот на август. Во редовите на грчката влада постои оптимизам дека до 18, односно до 20 август...

Продолжува падот на берзата во Атина

Главниот атински индекс утринава падна за четири отсто откако вчера, на првиот ден од тргувањето по пауза од пет недели, заврши со загуба од 16,2 отсто. Берзата во Атина е затворена на 29 јуни, кога должничката криза ја достигна кулминацијата и беше воведена контрола на...

Црн понеделник за грчката берза

Грчката берза денеска отвори со драматичен пад од 22 отсто. По пет недели неработење поради строгата контрола и трансакцискиот лимит во банките, сите акции на грчката берза се во голем пад, а берзата е во најлоша ситуација досега. Берзата последен пат беше отворена на 26...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...