fbpx

УЕФА: Судијата не го оштети Сити

Европската фудбалска унија соопшти дека судијата Тасос Сидиропулос во извештајот навел дека не му дал жолт картон на играчот на ЦСК на натпреварот со Манчестер сити. Преносот од натпреварот во кој ЦСК го победи Сити со 2:1 покажа дека Сидиропулос требало да го санкционира Понтус Вернблум...

Обрван потпиша за Шамбери

Обрван и понатаму останува предводник на нашата машка ракометна селекција
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Ивица Обрван, потиша две и полгодишен договор со француски Шамбери. Обрван и понатаму останува предводник на нашата машка ракометна селекција, која од 15 јануари до 1 февруари 2015 година ќе настапи на Светското првенство во ракомет во Катар.

Работнички може да биде преместен во трета лига

Работнички може да се соочи со големи проблеми доколку КФМ  го почитува правилникот за натпреварување. Кошаркарите на Работнички, незадоволни од одлуката на судиите и на делагатот да се отстранат нивните навивачи, одбија да го продолжат натпреварот. Ставката 60.11 од пропозициите за натпреварување вели: „Екипа која самоволно...

Владо Илиевски пред трансфер во Цибона

Долгогодишниот македонски репрезентативец, Владо Илиевски, е на добар пат да најде нов клупски ангажман откако беше обелоденето дека искусниот плејмејкер е многу близу до договор со Цибона. Илиевски е без клуб откако по завршувањето на минатата сезона си замина од редовите на чешки Нимбурк,...

Диксон си заминува од МЗТ

Дион Диксон не успеа да се наметне кај стручниот штаб на МЗТ Скопје и до крајот на оваа седмица ќе ја заврши својата авантура како член на македонскиот шампион. Уште минатата седмица беше најавено дека со Диксон не е потпишан перманентен договор, туку американскиот...

Металург одговори: Несериозно е да се навредува и омаловажува стручњак како Червар

По соопштението на играчите на РК Металург, во кое објаснуваат зошто не заминаа на гостувањето кај Загреб од СЕХА-лигата, со соопштение се огласија и од раководството на клубот. „Служејки се со лаги, подметнувања и со добро смислени конструкции, мал дел од ракометарите, поддржани однадвор, конечно...

Прекин на дербито меѓу Работнички и МЗТ

Дербито меѓу Работнички и МЗТ Скопје е во прекин на 3:06 минути до крајот на третата четвртина, откако судиската тројка по третата опомена побара да се испразнат дел од трибините во салата „Градски парк“. И покрај претходните предупредувања (ги имаше по две и за двете...

Адријано поврзан со наркокартел

Поранешниот бразилски фудбалски интернационалец и напаѓач на Интер, Адријано е обвинет за врски со наркокартел во Рио де Женеиро, јавува „Би-Би-Си“. Обвинителството тврди дека Адријано на наркодилерите им го дал својот мотоцикл за да го користат при криминални активности. Бразилскиот фудбалер имаше успешна кариера во Италија,...

Металург не замина за Загреб, натпреварот е откажан

Ракометарите во сооштението појаснија дека се разочарани од односот на раководството на клубот и тренерот Червар
Натпреварот од шестото коло на СЕХА-лигата меѓу Загреб и Металург што требаше да се игра денеска во 17 часот е откажан. Ова го потврди хрватскиот клуб на нивната официјална страница на „Фејсбук“. // Post by RK Zagreb. Интегрално соопштение од играчите на Металург: Екипата на Металург требаше да...

Црните фудбалери може да го бојкотираат СП 2018

Советникот за борба против расизмот на Светската фудбалска федерација , Токио Сексвејл, соопшти дека црните фудбалери би можеле да го бојкотираат Светското првенство во 2018 година. Сексвејл, исто така, го повика Владимир Путин, претседателот на Русија, која ќе биде домаќин на шампионатот, да побара поостра...

Прандели: Пандев е повреден, затоа остана во Истанбул

Турските медиуми силно шпекулираа дека поранешниот напаѓач на Наполи е изоставен од тимот поради исклучително лошата форма
Галатасарај вечерва ќе има тешка задача да оствари позитивен резултат на гостувањето кај Борусија Дортмунд, а тренерот Чезаре Прандели објасни поради кои причини македонскиот интернационалец Горан Пандев останал во Истанбул. Турските медиуми силно шпекулираа дека поранешниот напаѓач на Наполи е изоставен од тимот поради исклучително...

Поранешен лекар во Формула 1 му даде уште неколку недели живот на Шумахер

Михаел Шумахер во овој момент се наоѓа во својата вила во близина на Лозана
Михаел Шумахер заработи тешки повреди на главата откако на 29 декември минатата година падна скијајќи на француските Алпи, а според еден поранешен доктор на Формула 1, здравствената состојба на седумкратниот светски шампион е многу полоша од она што го пренесуваат светските медиуми. Докторот Гери Хартштајн...

Ѓуровски го повика Бабунски за дуелот со Словачка

Бошко Ѓуровски потенцираше дека денешниот повик е награда за неговата добра игра на тој натпревар
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Бошко Ѓуровски, денеска ја соопшти листата од 20 фудбалери за квалификацискиот натпревар против Словачка, во која овојпат имаше место за еден од најперспективните млади фудбалери во Македонија, Давид Бабунски. Фудбалерот на Барселона имаше брилијантна партија за младата репрезентација на натпреварот...

Навивачите на Ливерпул бараат од тренерот Роџерс да си оди

Навивачите на Ливерпул имаат намера јавно да го искажат незадоволството од резултатите на „црвените“ и од тренерот на тимот, Брендан Роџерс, па планираат за натпреварот против Челзи, овој викенд, да изнајмат авион на кој ќе биде закачен транспарент со натпис „Роџерс оди си“. На Роџерс...

Лига на шампиони: Ливерпул ќе се бори за реванш и за чудо против Реал Мадрид

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид, вечерва на „Сантјаго Бернабеу“ го дочекува тимот на Ливерпул, со силна верба дека ќе извојува победа и ќе обезбеди пласман во осмина-финалето од годинешната сезона на Лигата на шампионите. Избраниците на Карло Анчелоти во последните 11 меча имаат исто толку...

Томи Стефановски, номиниран за личност на годината

Потврда за високата класа на Стефановски се двете победи (лани и годинава) на трката на езерото Сен Жан во Канада
Македонскиот маратонец Томи Стефановски, кој годинава го освои второто место во гранпри-серијата светски пливачки маратони, со 51 бод, осум помалку од првопласираниот Жоанес Едел од Франција, е меѓу 12 номинирани за личност на годината во изборот на Светската пливачка асоцијација на отворено (ВОВСА). За Стефановски,...

Ѓоковиќ ја зголеми предноста на АТП-листата

Српскиот тенисер неделава има поголема предност во однос на Швајцарецот како резултат на триумфот на Мастерсот во Париз
Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ја зголеми предноста на најновата АТП-листа во однос на второпласираниот, Рожер Федерер. Српскиот тенисер неделава има поголема предност во однос на Швајцарецот како резултат на триумфот на мастерс-турнирот во Париз, но, исто така, и раната елиминација на Федерер од овој...

Алонсо се враќа во Мекларен

Двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, следната сезна повторно ќе вози за Мекларен, пренесе денеска „Би-Би-Си“. Како што се наведува, Алонсо одлучил на две години пред истекот на договорот со Ферари, да направи трансфер во Мекларен, тим за кој возеше во 2007 година. Останува...

САД: Затворска казна за летање дронови на стадион

Американската сојузна управа за авијација (ФАА) забрани летови на дронови и слични беспилотно летаа во близина на стадиони. Организацијата, исто така, најави и едногодишна затворска казна за сите што ќе го прекршат законот. ФАА ја донесе одлуката од страв дека дронот би можел да се урне во...

Реал сосиедад му даде отказ на тренерот

Реал Сосиедад се наоѓа на 19-то место на првенствената табела со осоени само шест поени по 10 одиграни кола
Шпанскиот прволигаш Реал сосиедад и официјално соопшти дека Јагоба Арасате повеќе не е прв тренер на тимот. Клубот од Баскија бележи исклучително лош почеток на новата сезона во шпанската лига Примера, но очигледно последниот домашен пораз од екипата на Малага ги натера раководните луѓе да...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...