недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Вакцините се безбедни, нивниот квалитет е гарантиран (инфографици)

ноември 19, 2018

Имунизацијата на населението е значајна здравствена, социјална и економска придобивка. Вакцините штитат од тешки заразни заболувања, а со тоа се создава колективен имунитет и заштита од епидемии на целата заедница. Во Македонија, согласно законската регулатива континуираната вакцинација кај децата од 0-18 години е задолжителна. Опфат над 95 отсто може да создаде колективен имунитет и заштита […]

Превентивно се повлекува од продажба млекото за доенчиња „новалак 1“

јуни 3, 2017

Млекото за доенчиња „новалак 1“ (Novalac 1) од 400 грама, серија 9903524, со рок на употреба до 24 септември 2019 година на производителот „Меди-Европа СА“ (UP Medi-Europa SA) со потекло од Франција, превентивно се повлекува од продажба. Причина за повлекувањето е евентуално присуство на несоодветна содржина на естер на масни киселини (3-MCDP, глицидил естер), утврден […]

Европски грант за дигитализација на културното наследство во Охрид

март 16, 2017

Охрид е еден од четирите града на Балканот под патронат на УНЕСКО, кој доби нов европски грант од првиот повик на програмата на Европската Унија, „Интеррег Балкан – Медитеран“ 2014-2020 (Interreg Balkan- Mediterranean), во висина од 169.000 евра за европскиот партнерски проект „Е-систем за управување со интер-регионалното културно наследство“ (Inter Regional Cultural Heritage Management e-System – […]

Отштета од 60 милиони евра за жени со дефектни импланти за дојки

јануари 24, 2017

Француски суд пресуди дека германскиот контролор на безбедноста „ТУВ Рајнланд груп“ (TÜV Rheinland Group) ќе мора да плати вкупно 60 милиони евра отштета на 20.000 жени кои добиле дефектни импланти за дојки што биле одобрени за употреба од оваа група. „ТУВ Рајнланд“ ќе мора да исплати по 3.000 евра со клаузула за враќање, на секоја од […]

СДСМ: На кардиологија нема апарати за кислород

ноември 3, 2016

„Апарати за кислород нема на ниту едно одделение освен на интензивна нега. Вработените се вознемирени бидејќи на одговорност им се пациенти за чие евентуално нарушено здравје тие ќе треба да одговараат. Состојбата на клиниката за кардиологија е алармантна! Додека Груевски и Тодоров глумат по телевизии, во оваа клиника, за пациентите оперирани од срце нема апарати […]

Болеста јазлеста кожа побрза од вакцините

јуни 21, 2016

Итен состанок со ветеринарните служби и со инспекциите денеска имаа сточарите од Општината Карбинци. Болеста јазлеста кожа се прошири на неколку стада во оваа општина. Сточарите велат дека ветените вакцини задоцнија, а болеста со појавата на комарците интензивно се шири. Сточарите на состанокот се пожалиле дека допрва ќе трпат загуби. Бараат час поскоро преку вакцинација […]

Вечерва почнува тетовскиот филмски фестивал „Ода 2015“

септември 22, 2015

Со проекција на играниот филм „Три прозорци и едно бесење“ во режија на Иса Ќосја од Косово, денеска во Центарот за култура „Ило Антески Смок“ во Тетово почнува четвртиот Тетовски интернационален филмски фестивал „Ода 2015“. На фестивалот, кој ќе трае до сабота, ќе бидат прикажани 45 краткометражни филмови, неколку краткометражни филмови и работилници на различни […]

Ќе се снима филм според хит-серијата „Чувари на плажата“

јули 27, 2015

Наскоро ќе почне да се снима филм според хит-серијата „Чувари на плажата“. Двејн Џонсон, минатата година во октомври на „Инстаграм“, потврди дека ќе настапува во филмската верзија на популарната телевизиска серија од 90-тите години на минатиот век. – Гласините се вистинити… Работиме на фимот „Чувари на плажата… – напиша тој тогаш. „Вараети“, пак, вчера објави дека Сет […]

Во Тетово ќе се одржи манифестацијата „Празник на музиката“

јуни 21, 2015

„Да ја прославиме музиката заедно – музиката ги спојува луѓето“ е мотото на годинешното шесто издание на фестивалот „Празник на музиката“, кој вечерва ќе почне во Тетово. Манифестацијата е во организација на Француската алијанса и Центарот за балканска соработка „Лоја“. – Целта на оваа манифестација, која во Франција почнала пред 36 години, е да им […]

Владо Георгиев ќе прави концерт за лекување на Исидора Бјелица

јуни 15, 2015

Српскиот пејач Владо Георгиев сака да ѝ помогне на српската писателка Исидора Бјелица во борбата против ракот. Тој веднаш реагирал кога дознал дека таа морала да ги продаде своите книги за да ја собере неопходната сума на пари за терапија. Кога слушнал Гергиев за тоа, решил да ѝ помогне на Бјелица со концерт за нејзино лекување. […]

Првпат на Македонец ќе му се трансплантираат бели дробови

јуни 8, 2015

Првпат на пациент од Македонија ќе му бидат трансплантирани бели дробови, дознава „Здравство 24“. Големиот зафат ќе биде извршен кон средината на месецот во Виена. Станува збор за 16-годишно дете, кое со години е пациент на Клиниката за детски болести. Боледува од цистична фиброза, болест која предизвикува големи опструкции на органите за дишење. Средствата за […]

Денеска е светски ден против пушењето

мај 31, 2015

Светската здравствена организација (СЗО) и партнерите секоја година на 31 мај го одбележуваат Светскиот ден за борба против пушење, истакнувајќи ги здравствените ризици поврзани со употребата на тутунот и промовирајќи ефективни политики за намалување на употребата на тутунот. Статистичките податоци покажуваат дека една испушена цигара го скратува животот за 12 минути. Според податоците од СЗО, во […]

Во 56 отсто од случаите, лекарите непотребно препишувале антибиотици

мај 2, 2015

Непрописно и непотребно биле препишувани антибиотици во 56 отсто од сите случаи со респираторни проблеми, без да бидат направени дополнителни анализи, покажало истражувањето на Здружението на специјалисти по семејна медицина – респираторна група и Центарот за семејна медицина при Медицинскиот факултет во Скопје, пренесува „Нова ТВ“. – Ова истражување ни покажува дека треба да се […]

Почина малата Тамара од Велес, ќе има ли одговорност?

февруари 9, 2015

Утрово, околу шест часот, без знаци за живот, Тамара од Велес била однесена во велешката општа клиника, објави „Телеграф“. Причината за смртта на девојчето сè уште не е позната. – Девојчето беше донесено кај нас утрово, околу шест часот, без знаци на живот. Повикавме анестезиолог, педијатар, направен е обид за реанимација, но безуспешно. Точната причина за […]

Сè уште не се знае од што починало девојчето на Инфективна клиника

јануари 29, 2015

Лекарите не знаат од што починало 12-годишното девојче што вчера било донесено на Клиниката за инфективни болести, објави „Нова ТВ“. Девојчето било примено во тешка здравствена состојба, со пролив, повраќање и со намалена телесна температура. Според изјавата на директорот на клиниката, Звонко Миленковиќ, лекарите четири часа безуспешно се обидувале да го спасат девојчето. Семејството не дозволило […]

Страна 31 од 31