fbpx

Грета Тунберг се сомнева дека заболела од Ковид-19

Активистката за климатски промени Грета Тунберг вели дека е екстремно веројатно да го имала корона вирусот, но скоро и да не забележала значајни симптоми, што според неа, е многу опасно бидејќи младите без да знаат можат да го пренесат вирусот. -Екстремно е веројатно дека го...

Неопходни се сериозни инвестиции за да се намалат загубите на вода за пиење

Водоводните системи низ македонските општини се стари по неколку децении и во моментов им се неопходни сериозни инвестиции за да ги намалат загубите на вода за пиење. Податоците за 2018 година на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) покажуваат дека процентот на...

Пациентите болни од корона од утре ќе се лечат со азитромицин и хидроксихлорокин

Ќе се укине целосно меѓуградскиот превоз меѓу Куманово и другите градови, како и градскиот превоз во тој град. Сите продавници кои се од полуотворен тип, а не се трговски центри, има препорака да бидат затворени, а дополнително има и одлука со која задолжен е...

Почина Албер Удерзо, стрип цртач и коавтор на Астерикс

Семејството на Албер Удерзо известило дека на 92-годишна возраст денес, на 24 март 2020 г. во неговиот дом во Нуи сур Сен во Франција починал легендарниот стрип-цртач и еден од авторите на Астерикс, јави Агенцијата Франс-Прес. https://twitter.com/afpfr/status/1242376287815110656 Удерзо бил роден 1927 година во францускиот град Фисме...

Полицискиот час минатата ноќ не го почитувале 133 лица, МВР им изрекла казни на сите

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на изминатото деноноќие евидентирало дека 133 лица не го почитувале полицискиот час, од кои најмногу во Скопје (44). Поради непочитување на забраната за движење во периодот од 21 до 5 часот, биле приведени 26 лица, против 33...

За четири дена Државниот пазарен инспекторат затворил 21 објект

Државниот пазарен инспекторат во период од 19 до 22 март извршил вкупно 9.658 надзори. При вршењето на овие надзори, инспекторатот затвори 21 угостителски објекти во Скопје, Куманово, Битола, Кочани, Гостивар и Струга, информираше претседателката на Инсепкцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска. Покрај контролата на угостителските објекти...

Кога не можат во вистинска училница, учениците ќе учат во еduino.gov.mk

Градинките, основните училишта, училиштата за средно образование и факултетите во земјата нема да бидат отворени и нема да продолжат со регуларна настава. Но, тоа не значи дека воспитно-образовниот процес треба да прекине. Тоа би било штета за знаењата на младите, рече на прес-конференција министерот...

Црвен крст ќе врши дистрибуција на хигиенски средства до најранливите групи граѓани, постари од 60 години

Од денеска Црвен крст на град Скопје со финансиска поддршка од Државна Лотарија, ќе врши дистрибуција на хигиенски средства за само-заштита и за домовите за ранливите категории на немоќни лица, од најзагрозената категорија граѓани од трето доба. „Со овие активности ќе бидат опфатени над 2.000...

Упатство за граѓаните за закажување на тестирање за корона вирус кај матичен лекар

Министерството за здравство информира дека закажувањето на земање брисеви од вчера се врши и преку матичните лекари. Доколку граѓаните имаат некој од следните симптоми: сува кашлица, висока температура, треска или отежнато дишење, најпрвин треба да се јават по телефон кај својот матичен лекар. Заради...

Здружението „Еко логик“ организира неформални едукативни онлајн активности

Со цел времето да биде користено продуктивно, едукативно и креативно Здружението на граѓани „Еко логик“, преку проектот „Вело училишта“ започна со потикнување на родителите, децата, наставниците и едукаторите да се вклучат во спроведување на неформални активности кои може да служат како надополнување на тековната...

Кампања во Гостивар: Да им помогнеме на келнерите да ги добијат своите плати

Корона вирусот во нашата земја не го погоди само здравјето на луѓето, туку и нивните џебови, односно семејните буџети. Професорот Хасим Деари од Гостивар се одлучил да почне акција, со која средствата за двете кафиња дневно кои вообичаено ги пие во локалните угостителски објекти...

Нема да се плаќа царина за увоз на 13 медицински производи и потрошен материјал

Се укинуваат увозните давачки, царини, за медицински помагала и потрошен медицински материјал, одлучи владата на  синоќешната седница. Одлуката се однесува на 13 медицински производи и ќе важи се додека трае вонредната состојба поради корона вирусот. Како што информира на прес конференција министерот за економија, Крешник...

Докторот Фазлиу ги споделува искуствата од борбата против корона вирусот во земјава

Адурим Фазлиу е млад доктор кој штотуку ја започнал својата кариера во оваа професија. Во нормална ситуација, во оваа рана фаза од кариерата, тој би требало да има поинаква рутина на работа, да ја истражува својата професија, да ги проучува најситните детали и секој...

Утрово вратени 63 македонски државјани од Црна Гора, кои ќе бидат во задолжителен карантин

Министерството за надворешни работи информира дека во соработка со Министерство за надворешни работи на Црна Гора и Косово, утрово организирале враќање на 63 македонски граѓани во својата земја, со еден автобус и 19 автомобили, кои ќе бидат сместени во задолжителен карантин, согласно мерките за...

Научно истражување укажува дека Кина можела да спречи 95% од случаите на коронавирус

Фото: „Хонг Конг Фри Прес“
Во неодамнешното научно истражување на Универзитетот во Саутемптон се вели дека Кина ќе успеела да спречи 95 проценти од инфекциите со коронавирусот доколку мерките за запирање на епидемијата започнеле три недели порано. Меѓутоа, Кина презеде строги мерки дури кон крајот на јануари – неколку недели...

Расте бројката на заразени во соседството 

Значително зголемен број на нови случаи со COVID-19 регистрира Бугарија, соопшти утрово генерал Венцислав Мутафчиски, началникот на бугарскиот Национален кризен штаб за борба со корона вирусот.  -Генералниот тренд на нови случаи со новиот корона вирус се покачува. Тоа што случаите на нови дијагностицирани е помал од претходните...

Наставата и оценувањето ќе се вршат електронски, одлучи Владата

Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за основното образование и на Законот за средно образование за реализација и организација на наставата во основните и средните училишта и за оценувањето на учениците за времетраење на вонредната состојба. „Според одредбите од оваа уредба,...

Дизајнерката Крешнике Иљази произведе и дистрибуираше 1.400 заштитни маски

Во моментот кога вестите дека има недостиг од заштитни средства во македонските аптеки ги преплавија медиумите, модната дизајнерка од Тетово, Крешнике Иљази заедно со нејзиното семејство одлучија да направат нешто за да помогнат во однос на новонастанатата ситуација. Тие направија и дистрибуираа над 1.400...

„Час на планетата Земја“: В сабота ќе се исклучат светилките

Природата и заштитата на биодиверзитетот и годинава се главните теми за кои милиони луѓе ќе испратат порака преку гаснењето на светилките во сабота на 28 март во акцијата „Часот на планетата Земја“ (Earth Hour 2020). Македонија по единаесетти пат ќе се вклучи во оваа...

Армијата од денеска се вклучува во обезбедување на објектите од витално значење

„Припадниците на Воената полиција во Армијата на Македонија од денеска активно се вклучуваат во обезбедувањето на објектите од витално значење, меѓу кои Владата, Собранието и затворите во Скопје. Се врши реорганизација и зајакнување на обезбедувањето на резиденцијата на Претседателот, со армиско обезбедување. Обезбедувањето ќе...

Гореле диви депонии во Желино и Боговиње

Две диви депонии синоќа гореле во Полошкиот регион. Според информациите од Центарот за управување со кризи се случиле два пожари на отворен простор во последното деноноќие, во атарот на...