fbpx

Груевски му посака успех, Ципрас му ги повтори црвените линии!

Премиерот Никола Груевски денеска остварил краток телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Ова за МИА го потврдиле од прес-службата на Владата. Разговорот за „Мета“ го потврдија и од канцеларијата на Ципрас. Во протоколарниот разговор, премиерот Груевски на својот колега му посакал успех во работата...

Тодоров бил разочаран, но не чувствувал одговорност за смртта на Тамара

Министерот за здравство, Никола Тодоров, бил многу разочаран, но не чувствувал одговорност за смртта на малата Тамара бидејќи, како што рече, направил сè за девојчето да отпатува на операција во странство, објави „Нова ТВ“. Ова министерот Тодоров го изјавил денеска на отворањето на проектот „Дисперзиран...

ЛДП бара неотповиклива оставка од Тодоров

Либерално-демократската партија бара неотповиклива оставка од министерот за здравство, Никола Тодоров, поради смртта на малата Тамара од Велес. Партијата изрази сочувство до семејството на Тамара и жалeње за прерано заминатиот млад живот. Велат дека се револтирани од односот на институциите што беа задолжени за лекувањето на...

Коцијанчиќ по прес-конференцијата на Заев: ЕУ е загрижена за случувањата во Македонија

Европска Унија преку Маја Коцијанчиќ, портпаролката на Федерика Могерини, шефица на европската дипломатија, даде кус коментар за прес-конференцијата на опозицискиот СДСМ, на која лидерот Зоран Заев обелодени дека власта преку своите служби прислушувала повеќе од 20.000 граѓани и приложи аудиоснимки како доказ. За Европска Унија најважното во...

Фондот за здравство не чувствува одговорност за смртта на Тамара

Одговорност за случајот на Тамара од Велес ќе има само ако родителите покренат кривична постапка, рече денеска на прес-конференција Бранко Аџигогов, советник на директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. - Во договор со родителите на Тамара, датумот за заминувањето требаше да биде познат...

Почина малата Тамара од Велес, ќе има ли одговорност?

Утрово, околу шест часот, без знаци за живот, Тамара од Велес била однесена во велешката општа клиника, објави „Телеграф“. Причината за смртта на девојчето сè уште не е позната. - Девојчето беше донесено кај нас утрово, околу шест часот, без знаци на живот. Повикавме анестезиолог,...

Ќе се менува законот за хонорарци

Предлог за изменување и за дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување ќе достави до Собранието пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Со најновите измени и дополнувања на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување се врши прецизирање и олеснување на условите за плаќање придонеси...

Централниот одбор на СДСМ му даде зелено светло на Заев да ги објави „бомбите“

СДСМ преку акцијата „Вистината за Македонија“ од понеделник ќе почне со објавување на материјалите за криминалното однесување на Владата. Членовите на ЦО на СДСМ, го овластија раководството на партијата да почне да ги објавува доказите. „Во едногласно усвоените заклучоци се констатира дека вистината за состојбите во...

Владата попушти, се одложува државниот испит, студентите се мислат

За една година ќе се одложи државниот испит за студентите, а за две години се одложуваат и останатите законски измени и дополнувања на Законот за виското образование. Ова за „Мета“ го потврдуваат од „Студентски пленум“ по средбата со премиерот Никола Груевски. - Премиерот Никола Груевски на...

Пленумците на итна средба во кабинетот на Груевски

Премиерот Никола Груевски ги повикал студентите и професорите на вонредна средба, која почна во 12.30. Од „Студентски пленум“ велат дека инцијативата на премиерот Груевски им била соопштена на работната група на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, која имаше средба утринава во 9 часот и на која...

Прекинат сообраќајот на повеќе патни правци низ Македонија

Поради големи одрони од камења, сообраќајот е целосно прекинат на патниот правец Кочани – Македонска Каменица и се пренасочува преку Виница – Берово и Делчево, инфромираат од АМСМ. Сообраќајот на патниот правец Катланово – Велес, поради голем одрон, се одвива по една коловозна лента, а...

Богданци: Тројца загинати во експлозија во фабрика за плински боци

Три лица загинале во експлозија во фабриката за полнење мали плински боци „Балкан гас“ од Богданци, ни потврди сопственикот Игор Демирџеив. Еден работник со изгореници е пренесен во Скопје. Очевидци сведочат дека човекот во пламен се фрлил од зградата во реката Луда Мара, која тече непосредно...

Градоначалникот на Новаци од премореност паднал во јама

Градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски, ноќеска паднал во јама, која била направена поради копањето на насипите на Црна Река. Работници кажуваат дека Котевски веќе три ноќи бил со нив на насипите на Црна, и во еден момент, додека багерот копал земја, тој се лизнал и...

СДСМ вo петок ќе реши кога ќе ја објави „бомбата“

Во петок, во 18 часот, на Централен одбор, СДСМ ќе одлучи кога ќе се објави бомбата, одоговри денеска на новинарско прашања портпаролот на партијата, Петре Шилегов. Тој, на прес-конференција, кажа и дека забраната за која зборува Јавното обвинителство (ЈО) не се однесува на докaзите со...

Обвинителството сака да открие или да сокрие?

Синоќешното соопштение на Јавното обвинителство за материјалите од средбата меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на опозцијата, Зоран Заев, во кое, меѓу другото, медиумите се предупредуваат да не објавуваат вакви слични материјали бидејќи ќе сносат санкции, предизвика остри реакции во јавноста и од новинарските...

Црна се заканува да го сруши мостот пред РЕК Битола

Опасна станува ситуацијата во општина Новаци откако водите на Црна Река поплавија два помали моста пред РЕК Битола. Патот е отсечен, а постои опасност да биде однесен од силните води, предупредуваат од Општина Новаци. Во селото Новаци веќе се евакуирани неколку семејства кои живеат на...

МОН и СОНК се договорија, штрајкот прекинат

Министерството за образование и наука и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) по неколкудневни интензивни преговори, постигнаа заемно прифатлива спогодба во однос на сите отворени прашања, потврдија и од Синдикатот и од Министерството. „Врз основа на заемно прифатената спогодба, одлуката за генерален штрајк на...

„Студентски пленум“: Можна е окупација, дијалог или и двете истовремено

Претставниците на „Студентски пленум“ на вечерашниот генерален пленум, кој се одржа на Архитектонскиот факултет, расправаа за следните свои чекори во врска со измените на Законот за високо образование. На дневен ред имаше три предлога: да се оди на работна средба со Министерството за образование...

УКИМ ја прифати средбата со МОН на 10 февруари

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ја прифати поканата за средба со Министерството за образвание и наука на 10 февруари. „Ве известуваме дека го прифаќаме предлогот средбата да се одржи на 10 февруари. Местото и терминот за средбата ќе бидат дополнително договорени“, пишува во дописот од ректорот...

Независна комисија за аферата „Пуч“, бараат европските социјалисти

На последните случувања во Македонија реагираа од француската владејачка Социјалистичка партија. Филип Кордери, задолжен за европски прашања, вели дека Социјалистичката партија силно ги осудува методите и жестокоста на власта против кој било вид опозиција. - Социјалистичката партија изразува силна загриженост за зголемените политички тензии во...

Филмот „Скејтањето не е за девојчиња“ со две награди на Сараевскиот филмски фестивал

Најновиот филм во подготовка „Скејтањето не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума, а во продукција на „Сестри и брат Митевски“ освои две награди за развој во програмата Синелинк...