fbpx

Поднесени 1.022 прекршочни пријави за граѓани кои не носеле заштитна маска

Продолжува прекршувањето на задолжителните мерки за заштита од ширење на коронавирусот. Само во последното деноноќие, Министерството за внатрешни работи поднело 1.022 прекршочни пријави за граѓани кои не носеле заштитна маска на лицето. Од 1 мај наваму, оваа мерка прекршочно се санкционира согласно пропишаните казни...

Булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ со исклучени семафори и еден месец по отворањето

На една од раскрсниците на новиот булевар „Христијан Тодоровски - Карпош“ во скопската населба Бутел, и еден месец по пуштањето во сообраќај, семафорите воопшто не функционираат. Ова претставува опасност и за возачите, и за пешаците, кои го користат овој пат во северниот дел од...

Малата депонија на линдан во ОХИС може да се чисти и до три години

Чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС е голем проект, со кој се очекува по повеќе од четири децении, да започне решавањето на една од најголемите историски еколошки жешки точки во земјава. Отпадниот пестицид, кој е последица на работењето на хемискиот капацитет, долги...

Филипче: Новозаболени од Ковид-19 во Охрид и Скопје од прослави, иако се забранети

Имаме нови кластери и за жал, морам да констатирам дека имаме непочитување на мерките. И покрај забраната, луѓето прават масовни собири, а тоа е нешто што апсолутно нема логика. Имаме граѓани кои се собираат, иако е тоа забрането. Не може да се прави свадба,...

Метежот на улиците ни е секојдневие, а сме на дното во Европа по број на автомобили по глава на жител (инфографик)

Северна Македонија е една од земјите во Европа со најниска стапка на моторизација на населението. Позади нас се единствено Албанија, Косово и Турција, покажуваат податоците на „Евростат“. И покрај ова, сообраќајниот метеж во нашите градови е секојдневна појава, додека проблемот со паркирањето расте секојдневно,...

Албанија ќе биде економски најпогодена земја од пандемијата со ковид-19 во регионот

Албанија се смета за економски најзагрозена земја во регионот од ефектите на пандемијата со ковид-19. Светската Банка и ЕБОР сметаат дека стопанството на Албанија ќе биде најпогодено, а како последица ќе дојде до зголемување на нивото на сиромаштија. Светската Банка за Северна Македонија изнесува...

МЦМС: Мнозинството граѓани очекуваат економска криза од која нема лесно да излеземе

Дури 88 отсто од граѓаните сметаат дека земјава ќе навлезе во економска криза, а 66 отсто очекуваат дека излегувањето од неа нема да биде лесно, покажува телефонската анкета на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) направена на 1.000 испитаници во периодот од 16 до...

Општина Струга против владината уредба за враќање на плажите во првобитна состојба

Општина Струга ќе поднесе иницијатива пред Уставниот суд против владината уредба за отстранување на објектите и на урбаната опрема од плажите на Охридското езеро. Тие се против ваквата одлука на владата, со која закупците треба да ги вратат плажите во првобитната состојба. На предлог...

Регистрирани 175 новозаболени од ковид-19, бројот на активни случаи е 1.687

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 971 тестирања, а регистрирани се 175 нови случаи на ковид-19. Во главниот град е евидентиран 131 новозаразен пациент, во Куманово 24, во Штип, Струга, Гостивар, Прилеп и во Свети Николе по двајца, во...

Владата со три услови до медиумите за субвенции за придонесите на плата

Владата има три услови под кои стопроцентно ќе ги покрива придонесите на плата на вработените во медиумите и медиумските куќи, телевизиите, радиодифузерите, печатените медиуми, како и електронските интернет портали. Ова денеска на прес-конференција го истакнаа вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот без ресор...

ССМ: Субвенционирање на плати и во јуни, исплатата директно на сметка на работниците

Сојузот на синдикати на Македонија бара мерката за финансиска поддршка за исплата на плати да важи и за јунската плата, но овие пари да се исплаќаат директно на сметките на работниците. Од таму објаснуваат дека ваквото барање е поради тоа што, во изминатиот период имало...

По телевизиите, и радијата добија владина помош за справување со корона кризата

На вчерашната владина седница беше донесена и уредба за начинот на користење на радиофреквенциски опсези за време на вонредна состојба, со која на радиодифузерите, кои обезбедуваат радио емитување (радија), врз основа на издадено одобрение за користење на радиофреквенции во радиофреквенцискиот опсег 87.5-108 MHz, нема...

Се средува просторот за сидрење на пловни возила во Охрид

После алармантната ситуација која беше затекната со превземањето на локацијата во делот на заштита на Охридското езеро и третманот досегашен кон него, ЈП „Билјанини Извори“ достави барање до јавната научна установа Хидробиолошки завод Охрид,  да се добие мислење за тоа дали е потребно итно...

Студентите од приватните универзитети изоставени од владината помош за младите

Конференцијата на приватни високообразовни установи, во која членуваат седум приватни универзитети и три самостојни високи стручни школи, бара во најкус рок да се исправи Уредбата на Владата за финансиска поддршка на млади лица, кои се активни учесници во високото додипломско образование на Република Северна...

Владата ќе ги субвенционира придонесите за социјално за медиумските работници за три месеци

Владата на вчерашната седница донесе Уредба со законска сила за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување за вработени во медиумите. Со уредбата се уредуваат условите, начинот и постапката на субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработените во медиумите кои...

Почнуваат подготовките за избори, Владата ја задолжи ДИК да ги ажурира избирачките списоци

Владата на денешната седница донесе Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата за прашања поврзани со изборниот процес. Според неа, се задолжува Министерството за внатрешни работи во рок од еден ден од денот на влегувањето во сила на оваа Уредба, да ги достави...

Учебната година заврши надвор од училишните клупи поради пандемијата со ковид-19

Денеска формално заврши учебната година за основците и средношколците, овој пат во вонредни услови и надвор од училишните клупи. Пандемијата со корона вирусот ги затвори училиштата на 11 март, а оттогаш па наваму образовниот процес се одвиваше онлајн. По повод крајот на учебната 2019/2020 година,...

Софија до крајот на август ќе ја стави во функција третата линија на метрото (галерија)

Бугарскиот главен град до крајот на август 2020 година ќе ја пушти во функција третата линија на софиското метро. Линијата ќе биде долга 12 километри, ќе има 12 метро станици и ќе ги поврзува југозападниот со североисточниот дел на градот. Вкупната вредност на проектот...

Соларната електрана „Караваста“ во Албанија ќе произведува најевтина струја на Балканот

На вториот тендер за фотонапосна централа Караваста, Албанија, компанијата „Волталиа“ понуди продажна цена на струјата од само 24,89 евра за мегават-час, што е рекордно најниската цена во регионот. За оваа соларна електрана, „Волталиа“ ќе има 15-годишен договор со државата за фиксна цена, за половина...

Хелсиншки комитет: Загрижува драстичното зголемување на говорот на омраза

Во месец мај забележано е повторно зголемување на говорот на омраза на социјалните медиуми, што е директен резултат на релаксирањето на заштитните мерки и укинувањето на полицискиот час, покажува последниот месечен извештај на Хелсиншкиот комитет за човекови права. „Слично како за март и април, Хелсиншкиот...

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...