fbpx

Гласањето на болните, изнемоштените и лицата во Казнено-поправените установи се одвива непречено (мапа)

Гласањето на болните и изнемоштени лица како и луѓето што се сместени во Казнено-поправените установи се одвива непречено и без никакви проблеми, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Дерковски, при посетата на гласачкото место во Домот за стари лица во Катланово. „Се надевам...

На плажа и базен со физичка дистанца, во кафулиња и ресторани на маса можат да седат и повеќе од двајца

Владата на синоќешната седница ги донесе протоколите за работата на базените и на плажите во тек на пандемијата на ковид-19, а ја укина важноста на одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако...

„Дрисла“ од следниот месец престанува да гори медицински отпад

Првите количини медицински отпад на скопската депонија „Дрисла“ ќе почнат да се стерилизираат уште летово. Новата постројка што ја набави депонијата ќе стартува со работа следниот месец, што ќе значи конечно напуштање на постапката за горење на отпадот што го создаваат центрите за Ковид...

ЗНМ и СЕММ го осудуваат директното кршење на изборниот молк од некои онлајн медиуми

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) најостро ги осудуваат случаите на грубо прекршување на изборниот молк од страна на повеќе онлајн медиуми во текот на вчерашниот ден, што претставува сериозно компромитирање на изборниот процес. „Се оди...

МИОА го осудува говорот на омраза кон новинарката Милевска

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) се приклучува кон осудата на нападите и говорот на омраза, искажани врз новинарката Тања Милевска. Воедно, МИОА ги осудува нападите со говор на омраза и врз кој било друг новинар и граѓанин. „Социјалните медиуми не смеат да бидат...

Се поставува монтажен објект на Клиниката за пулмологија и алергологија

Во тек се подготовките за поставување на новиот монтажен објект на Клиниката за пулмологија и алергологија, кој ќе биде лоциран на просторот меѓу Институтот за патофизиологија и Институтот за ТБЦ, информираат од Министерството за здравство. „Веќе е поставена бетонската плоча како подлога за монтажно-модуларниот амбулантско...

Од 6 до 12 јули оздравеле 1.017 лекувани лица од ковид-19, за 40 отсто повеќе од една недела претходно

Значително зголемување на бројот на оздравени лица од ковид-19, а намалување на бројот на починати во споредба со претходната недела. Тоа го покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, објавен денеска, кој се однесува на периодот од 6 до 12 јули 2020 година....

Австрија од четврток ги забранува сите летови од Виена и Салцбург кон Македонија и 9 други земји

Министерството за здравство на Австрија ја прошири листата на земји од кои е забрането да пристигнуваат летови на австриските аеродроми. Од четврток, 16 јули, Австрија ги стопира сите летови од и кон сите земји од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, а на листата...

Дигитални алатки во наставата се користат, ама без стручни лица и обуки за поддршка на наставниците

Педесет и пет отсто, или 137 од вкупно 250 анкетирани наставници, истакнале дека во нивното училиште не постои стручно лице кое им нуди поддршка во процесот на воведување на дигитални алатки во образованието. Ова се дел од податоците на истражувањето спроведено од специјалистот за...

Пуштен во сообраќај експресниот пат Штип – Крупиште долг 14,3 километри

Јавното претпријатие за државни патишта информира дека делницата Штип - Крупиште од вчера е пуштена за сообраќај, со задолжително почитување на одобрениот времен режим и поставената патна сообраќајна сигнализација. Станува збор за прва фаза од изградбата на експресниот пат Штип - Кочани, која е...

АНАЛИЗА: Платите на вработените во седумте Центри за плански развој – само во Полошкиот се „тајна“?

Од 23.429 денари до максимални 52.724 нето месечна плата – во овие рамки се движи износот на висината на примањата на вработените во Центрите за плански развој во земјава, кои се клучна „карика“ за реализација на проектите на локално ниво, со цел рамномерен регионален...

Град Скопје ја смени причината за нефункционирање на семафорите на булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“

Поминаа два месеци од пуштањето во употреба на булеварот „Христијан Тодоровски - Карпош“ во скопската општина Бутел, меѓутоа едната од двете раскрсници и понатаму е без семафори. Возилата, но и пешачите што се движат по овој патен правец, се загрозени. Од Град Скопје порано се...

Правото на глас го искористиле 723 заболени од ковид-19 и лица кои се во самоизолација

Фото: Борче Поповски
Според информациите на Државната изборна комисија (ДИК), вкупно 723 лица го искористиле правото на глас во рамки на вчерашното гласање на лицата заболени од ковид-19 и оние кои се во самоизолација. Иако било утврдено дека треба да гласаат 759 лица, според претседателот на ДИК, Оливер...

Владата најостро ги осуди нападите врз новинарката Милевска и повика МВР и ЈО итно да ги расчистат бруталните закани

Владата најостро ги осуди нападите со говор на омраза врз новинарката Тања Милевска, дописничката на МИА од Брисел, и врз кој било друг новинар и граѓанин воопшто. „Владата цврсто стои зад слободата на говор и слободното новинарство и има нула толеранција за заплашување и закани...

Германија го активира механизмот на ЕУ за кибер-санкции – предлага мерки против руските хакери

Официјален Берлин побара примена на новиот механизам на ЕУ за санкции поради кибер напади, во врска со хакерскиот напад на ИТ системот на Бундестагот (германскиот парламент) во 2015 година. Ова ќе биде прв случај на активирање на механизмот на ЕУ усвоен во 2017 година,...

Во 16 општини ќе се формираат ковид-центри како подготовка за есенскиот бран

Како подготовка за евентуалниот нов бран на заболени лица од ковид-19 во нашата земја, градоначалниците на 16 општини го поддржаа предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за формирање регионални „ковид-центри“ во градовите каде веќе постојат општи болници и здравствени...

Короната удри по македонскиот туризам, само во мај се загубени речиси 100.000 гости

Милионски загуби изразени во евра претрпува македонскиот туризам како последица на пандемијата со ковид-19 што ја зафати нашата земја. Само во мај 2020 година, бројот на туристи се намалил за речиси 100.000 гости во споредба со идентичниот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод...

Во Хелсиншки комитет граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право

„Со оглед дека веќе започна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, Хелсиншкиот комитет за човекови права ги известува граѓаните дека имаат можност да пријават евентуални прекршувања на нивното избирачко право и во Комитетот, на телефонските броеви...

Горивата поскапуваат за половина и еден денар за литар

Регулаторна комисија за енергетика и водени ресурси ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,53 проценти, во однос на минатата недела. Малопродажната цена на бензинот „еуросупер БС-98“ се зголемува за половина денар за литар и со тоа новата цена изнесува 63,50 денари. Малопродажните...

Норвешка преку НАТО ни подари еден тон опрема за теренската воена болница (видео)

Еден тон маски, наочари, термометри и друг медицински материјал, наменети за теренската болница на македонската Армија, донираше денеска Норвешка преку Агенцијата на НАТО за поддршка и набавки. Донацијата, вредна околу 200 илјади евра, Норвежаните ја транспортираа и на АРМ и ја предадоа во касарната...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...