fbpx

Глобална петиција за правото на здрава планета да стане универзално човеково право

Здравата природна средина да стане универзално човеково право и да се вклучи во Универзалната декларација на човекови права е иницијативата до Обединетите нации поттикната од граѓански организации од над 100 држави, меѓу кои и Македонија. Македонското еколошко друштво (МЕД) денеска се приклучи кон глобалната иницијатива...

ДЗР ги објави извештаите: Како се трошеа парите за реклами за изборната кампања 2020?

Државниот завод за ревизија (ДЗР) ги објави извештаите од медиумите и другите прaвни субјекти за рекламниот простор искористен од секој од учесниците во изборната кампања за предвремените парламентарни избори 2020 и средствата кои се платени или се побаруваат по таа основа. Извештаи доставиле 19 правни...

Аеродромите во јуни со само 36 патници, поради короната досега изгубени над 720.000 патници (инфографик)

Со само 36 превезени патници во текот на јуни 2020 година, македонските аеродроми поради ковид-19 минатиот месец срушија неславен рекорд во историјата на авиосообраќајот на земјава. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека пандемијата со корона вирусот во првите шест месеци од годинава...

Министерот за економија Крешник Бектеши е позитивен на корона вирус

Министерот за економија, Крешник Бектеши преку објава на Фејсбук информираше дека е позитивен на корона вирус откако се тестирал вчера изутрината. „Сакам да ве известам дека и покрај максималните напори за почитување на протоколите и мерките за заштита од корона вирус, добив информација дека сум...

„Телма“ реагира на АВМУ која поднесе жалба на пресудата дека телевизијата не го прекршила изборниот молк

Телевизија „Телма“ реагираше на тоа што АВМУ се жали пред Апелациониот суд за ослободителната пресуда од Основниот суд Скопје 1, кој утврди дека „Телма“ не го прекршила изборниот молк со изјавата на министерот за здравство Венко Филипче, која беше емитувана на 13 јули. Судот...

Швајцарија воведе двонеделен карантин за патниците од Западен Балкан

За патниците кои пристигнуваат во Швајцарија од Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово од денеска е воведен задолжителен двонеделен карантин. Албанија е единствената земја од Западен Балкан што не се најде на ажурираната листа на швајцарскиот Завод за јавно здравје,...

Ноќен живот среде пандемија: „За забава има време, сега да се грижиме за нашето здравје“

забава
Четири месеци по појавата на корона вирусот во Северна Македонија, животот на младите лица изгледа забележително поинаков. Затворените граници и препораките од надлежните за социјална дистанца доведоа до ограничени опции за патување, излегување и дружење. Пандемијата најмногу го погоди ноќниот живот на младите. Кафе-баровите,...

Ако не сакаме нови пандемии, мора да го намалиме загадувањето на околината

Пандемијата на ковид-19 и драстичната промена на некои животни навики уште еднаш не потсети дека „новото нормално“ во светот и кај нас ќе мора да се усогласи со потребите на природата и живиот свет околу нас. Особено имајќи во предвид дека воздухот е медиумот...

Регистрирани 137 нови случаи на ковид-19, оздравеа 131, починати се 10 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.437 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19, од кои во: Скопје 64, Куманово 7, Штип 19, Тетово 7, Струга 14, Битола 2, Охрид 5, Гостивар 6, Радовиш 2, Свети Николе...

Не е познато кој ја гради дивоградбата кај ТЦ „Мавровка“, одлуката за уривање ќе помине неколку постапки

Одлуката за уривање на објектот без градежна дозвола „Фонтана“ кај ТЦ „Мавровка“ во Скопје, сé уште не стапила во сила, бидејќи не е утврдено кој ја реализира изградбата. Во објектот се работи интензивно и работите се при крај. По извршените проверки од страна на...

ЗНМ: МВР ги казни полицајците што ја попречуваа работата на новинарката Секуловска

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Внатрешната контрола на МВР која утврди незаконско постапување на полициските службеници за попречување на новинарката Билјана Секуловска при вршење на своите професионални обврски. „Имено, на 07.06.2020 година околу 19 часот, новинарката Билјана Секуловска, уредник во...

Во Полог три години нема укажувачи, ниту барања за транспарентност на институциите

Во полошкиот регион три години немало ниедна пријава од укажувачи, а речиси воопшто не се користат ниту можностите за слободен пристап до информации од јавен карактер, ни правото да се поднесе претставка или предлог до институција. Ова се заклучоците од извештајот од мониторингот на...

Поранешни и актуелни високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ бараат реформи во партијата

Откако ВМРО-ДПМНЕ изгуби на предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15 јули, поранешните членови на партијата Никола Тодоров, Сашо Мијалков и Никола Поповски, кои беа и на високи раководни функции, деновиве излегоа во јавноста со заложба за партиски реформи и за смена на...

Д-р Халити: Лекарите го губат ентузијазмот и тоа ќе биде проблем во текот на втората фаза од ковид-19

Лекарот специјалист, Газменд Халити за „Порталб.мк“ изјави дека бројот на медицинскиот персонал се намалува од ден на ден бидејќи вирусот ги погодува и нив, силите згаснуваат и лекарите во земјава го губат ентузијазмот. Според него, ова ќе биде голем проблем во текот на втората...

Корона вирусот во вториот квартал ги намали приходите од патарини за 40,7 отсто

Јавното претпријатие за државни патишта во вториот квартал од годинава регистрирало намалување на вкупниот остварен промет од патарини за 40,7 отсто, како и намалување од дури 51,75 отсто на бројот на наплатени возила во споредба периодот април-јуни 2019 година. Од ова претпријатие велат дека...

Хелсиншки: 86 отсто од инцидентите за говор на омраза лани биле по основ на етничка припадност

По повод Европскиот ден на жртвите на криминалот од омраза, Хелсиншкиот комитет за човекови права го објави Годишниот извештај за криминалот од омраза за изминатата 2019 година. „Во периодот од 1 јануари до 31 декември 2019 година, МХК регистрираше вкупно 159 инциденти и дела од...

ДЗР ги објави партиските извештаи, ВМРО-ДПМНЕ добила најмногу донации за кампањата

Државниот завод за ревизија (ДЗР) ги објави извештаите на политичките партии за вкупните приходи од примени донации на трансакциските сметки за финансирање на изборната кампања за предвремените парламентарни избори 2020 година. Партиите доставувале по два извештаи, еден од денот на отворање на трансакциската сметка до...

Од денеска до 4 август во Грција ќе може да се влезе само преку граничниот премин „Евзони“

Грчките гранични премини „Ники“ и „Дојрани“ ќе бидат затворени за патнички и за товарен сообраќај во периодот од 22 јули (среда), од 00.00 часот, до 04 август 2020 (вторник), соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да...

Груевски веќе не е почесен претседател, Мицкоски останува на чело на ВМРО-ДПМНЕ

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница одлучи да направи измени во статутот на партијата и да ги укине почесните членови и почесните претседатели на партијата. Ова значи дека Никола Груевски не е веќе почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, но затоа пак Христијан Мицкоски останува...

И со и без корона вирус, исти се проблемите за возење велосипед во земјава (видео)

Прашањето за тоа колку велосипедите се важно превозно средство за граѓаните во земјава повторно се актуелизираше со пламнувањето на бројот на заболени лица од ковид-19. Брзото ширење на корона вирусот преку блиските контакти на граѓаните доведе до сериозни потешкотии во функционирањето на јавниот превоз...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...