fbpx

Вистиномер: Економските придобивки за Северна Македонија од Преспанскиот договор (III дел)

Придобивките кои ги добивме со потпишувањето на Преспанскиот договор на економски план, можеме да ги поделиме на такви кои ги подигнуваат потенцијалите во самата земја, потоа на такви кои се дел од регионалниот развој и, секако, такви кои доаѓаат со фактот дека влегуваме во...

Во ДИК за гласање се пријавиле 697 болни од ковид-19 и лица во самоизолација

За гласање на претстојните парламентарни избори, во Државната изборна комисија (ДИК) до ноќеска на полноќ се пријавиле вкупно 697 болни од ковид-19 и лица во самоизолација. Тие ќе го остварат своето право на глас на 13 јули (понеделник). За гласање на претстојните избори се...

Партиите пред избори редат ветувања за бројни инфраструктурни проекти

Двете најголеми политички партии во земјава со слични ветувања за развој на инфраструктурата во наредните четири години, доколку тие го добијат мандатот од граѓаните за да формираат влада. Коалициите „Можеме“ на СДСМ и „Обнова за Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ ставаат акцент на развојот на патната...

Хелсиншки комитет: Годинава пораснал бројот на пријави за говор на омраза

Во периодот од 1 јануари до 30 април годинава, евидентирани се 298 пријави по различни категории за говор на омраза до веб-платформата govornaomraza.mk, покажува мониторингот на Хелсиншкиот комитет за човекови права, спроведен со фокус на три пилот општини: Штип, Битола и Тетово. „Забележителен е порастот...

ХЕРА: Над 90 отсто од наставниците се согласуваат дека во наставните програми треба да има теми од ССО

Помеѓу 89-99 проценти од наставниците се согласуваат дека наставните програми треба да се надополнат со теми како што се заштитата од сексуално насилство, вклучувајќи насилство на социјалните мрежи, телесните промени во пубертетот, разликите меѓу половите и родовата рамноправност и карактеристиките на здравите врски. Ова...

Најмалку 36 лица повредени на вчерашните протести во Србија, обвинувања за бруталност од двете страни

Најмалку 36 лица се повредени на вчерашните протести во Србија, меѓу кои се и лидерите на опозициските партии „Двери“ и „Движењето на слободни граѓани“, Бошко Обрадовиќ и Сергеј Трифуновиќ, јавуваат српските медиуми. Телевизијата „Н1“ јавува дека Обрадовиќ бил повреден во судирите меѓу полицијата и...

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ за влез во земјата мора да приложат негативен ПЦР тест

Владата на вчерашната седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести да се воведе ПЦР тест за влез на државјани на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина во државата. Одлуката стапува на сила од денеска и ќе трае сè до донесување...

Подготовките за избор на новиот поглавар на ИВЗ ќе започнат после Курбан Бајрам

Исламската верска заедница на Северна Македонија (ИВЗ) се очекува да ги започне подготовките за одржување на изборите за нов претседател на ИВЗ после Курбан Бајрам, односно на 31 јули. Ова за „Порталб.мк“ го изјави Селвер Џемаили, шеф на кабинетот на в.д. поглаварот реис ул...

Стратум: За коалицијата на СДСМ и БЕСА два отсто повеќе гласачи од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Борче Поповски
Владејачката коалиција „Можеме“ предводена од СДСМ и Движењето БЕСА би победила со тесна разлика од 2 отсто на парламентарните избори што ќе се одржат на 15 јули, покажува најновото анкетно истражување на „Стратум Р&Д“. На прашањето „За која партија ќе гласате на претстојните парламентарни...

Болните од ковид-19 и лицата во самоизолација имаат рок до полноќ да се пријават за гласање

Фото: Борче Поповски
За да им се овозможи да го остварат своето гласачко право на предвремените парламентарни избори, болните од ковид-19 и лицата што се наоѓаат во самоизолација мора да се пријават до ноќеска на полноќ до Општинските изборни комисии или по електронски пат. На оние граѓани кои...

Хелсиншки комитет: Корона кризата доведе најмногу до прекршувања на работничките права на жените

Во периодот од 10 март до 30 јуни регистрирани се 197 случаи на повреди на правата од работен однос, кои се однесуваат на 2.723 работници, информираат од Хелсиншкиот комитет за човекови права. Оттаму додаваат дека повеќе од 60 отсто од пријавите се однесуваат на...

ЕБОР и ЕУ со 85 милиони евра ќе го поддржат развојот на малите и средните претпријатија од Западен Балкан

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ) ја зголемуваат поддршката на малите и средните претпријатија (МСП) од Западен Балкан, со дополнително финансирање, по појавување на пандемијата на корона вирусот. „Банката ќе обезбеди до 70 милиони евра за нови кредитни линии за...

МОН објави прашалник со кој ги повикува родителите да го споделат искуството со далечинско учење

Министерството за образование и наука (МОН) денеска го објави повикот за родители и старатели за учество во истражување, со цел сеопфатно истражување во основните и средните училишта, а е поврзано со здравствената криза со корона вирусот. „Основната цел на истражувањето е да ги сумира сите...

Со зборови кои шират говор на омраза, испишан графитот-виножито во Штип

Ѕидот на Градскиот стадион во Штип стана место на содржини што шират говор на омрaза, кои беа испишани преку свежо обоениот графит-виножито, симболот на ЛГБТ-заедницата. Виножитото што го исцртале активисти од Битола, со издадена дозвола од Општина Штип, „преживеа“ само 12 часа, за во...

Владата го прогласи за неработен ден 15 јули, денот на одржување на изборите

Фото: Борче Поповски
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 15 јули, среда, е неработен ден за сите граѓани, поради одржување на изборите за пратеници во Собранието, и нема да се одработува. „Прогласувањето на 15 јули за неработен ден е согласно заклучокот на Владата од 74. седница,...

Германија донесе закон за напуштање на јагленот како гориво и затворање на нуклеарките

Германскиот парламент донесе закон за напуштање на јагленот како гориво во енергетиката, според кој најдоцна до 2028 година ќе се затворат сите постројки за производство на енергија од јаглен и од други фосилни горива, а нуклеарните електрани би требало да бидат затворени до 2022...

Уште девет дена за аплицирање на Конкурсот за награда на Европската унија за истражувачко новинарство

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници потсетува дека остануваат уште девет дена за аплицирање за наградата на Европска унија за истражувачко новинарство. На конкурсот може да се пријават сите новинари кои објавиле истражувачки стории во периодот од 1 јануари до 31 декември 2019 година,...

Извештај на ИЈЗ за 6 дена: Намален бројот на новозаболени и починати од ковид-19, расте бројот на оздравени

Министерството за здравство информира дека неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година евидентира намалување на бројот на новозаболени и починати од ковид-19, а зголемување на бројот на оздравени лица, во споредба со една...

Управниот суд сè уште не донел одлука за тоа кој ќе управува со топловодната мрежа во Скопје

Управниот суд сè уште нема донесено пресуда за тоа кој ќе управува со дистрибутивната мрежа на топлинска енергија во главниот град во иднина. АД Градски енергетски системи (ГЕС) на 3 декември 2019 година поднесе тужба против Решението на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за...

Протестот пред српскиот парламент заврши со десетици повредени и уапсени демонстранти

Десетици повредени лица, уапсени демонстранти и запалени полициски возила е билансот од синоќешниот протест што се одржа пред Парламентот на Србија во Белград. Протестот во главниот град започна откако српскиот претседател Александар Вучиќ објави враќање на полицискиот час и други рестриктивни мерки за спречување...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...