fbpx

Од ноќеска на полноќ бензините поскапи за денар и за денар и пол

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија денеска донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,11 отсто во однос на одлуката од 9 ноември. Според одлуката, од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР...

МОН го објави конкурсот за студентски стипендии

Министерството за образование и наука го објави конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти кои студираат на јавните и приватните универзитети во државата. Новина во аплицирањето за студентски стипендии годинава е тоа што студентите за првпат можат да аплицираат електронски. Во конкурсот се наведува дека...

Од утре брзи тестови за ковид-19 во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица и Кичево

Почнувајќи од утре, во здравствените домови во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица, и општата болница во Кичево ќе се врши тестирање за ковид-19 со брзи антигенски тестови, соопшти Министерството за здравство. Оттаму информираат дека лаборантите од овие установи мината недела биле на обука во Скопје,...

Порталб: Ковид-19 не е обичен грип, луѓето не ги убиваат во болница

Пандемијата Ковид-19 е нова состојба не само за институциите што се справуваат, без разлика дали се глобални или локални, туку и за самите граѓани. Справувањето со пандемијата не е лесно за ниту една од страните, но уште потешко ја прави збунетоста и хаосот што...

Вистиномер: Земјотресот во Маврово нема врска со полнењето на езерото

Експерти за земјотресно инженерство јасно го побиваат тврдењето искажано во објавата на Стопанската комора за енергетика, при што нагласуваат дека земјотресот во мавровскиот регион е од тектонски карактер и ја исклучуваат можноста тој да е поврзан со полнењето на езерото, пишува „Вистиномер“ во својата...

МИОА подготвува нови закони за вработените во јавниот сектор и за административните службеници

Министерството за информатичко општество и администрација подготвува нови закони за вработените во јавниот сектор и за административни службеници за да се надминат проблемите кои се јавиле при имплементацијата на постоечките законски решенија кои беа донесени пред пет години. „Постојниот Закон за вработените во јавниот сектор...

Нови 990 случаи на ковид-19 од 2.655 тестирања, починале 24 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.655 тестирања, а регистрирани се 990 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-378, Куманово-48, Дебар-6, Штип-51, Прилеп-55, Тетово-39, Струга-27, Велес-54, Битола-44, Охрид-39, Кавадарци-24, Гостивар-54, Гевгелија-16, Струмица-19, Крива Паланка-3, Радовиш-3, Крушево-4, Кочани-27, Пробиштип-2, Демир Хисар-3,...

На инфективните одделенија во земјава сега се лекуваат 701 пациент

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава било пријавено дека се лекуваат 565 пациенти позитивни и сомнителни за корона вирус. Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнителни 145 болни, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и...

Заев: Извесно дека ќе има вето од Бугарија, но сепак очекувам крик на пријателство

Вето од Бугарија е повеќе од извесно, но очекувам крик на пријателство, вели премиерот Зоран Заев. Тој нагласува дека до крајот на декември има можност за одржување на прва меѓувладина конференција и дека очекува одговорност и позитивна одлука од бугарската страна - Јас сум подготвен...

Министерот за животна средина Нуредини: Полицискиот час покажа дека голем процент од загадувањето доаѓа од транспортот и индустријата

Признавајќи дека сепак е далеку целта поставена со Планот за чист воздух за Скопје, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во неделното интервју на Радио Слободна Европа вели дека во борбата за почист воздух треба да се направат уште многу контроли...

Во 2021 година 20 милиони евра повеќе за плати во администрацијата

Од вкупните буџетските расходи во 2021 година кои се проектирани на 247,5 милијарди денари (4 милијарди евра) за плати и надоместоци на администрацијата ќе се одвојат 31,3 милијарди денари (510 милиони евра), покажува предлог-буџетот за 2021 година кој беше доставен до Собранието. Станува збор за...

Здружението за општа и семејна медицина реагира: Никој не нè слуша, а речиси сите нè обвинуваат

Здружението на лекари по општа и семејна медицина во допис до медиумите реагираше на барањето вина и одговорност од матичните лекари за големиот број хоспитализации и компликации кај пациентите среде корона кризата. Велат дека Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство воопшто не ги...

Од 3.353 тестирања, 1.168 нови случаи на ковид-19 – како и 18 починати

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 3.353 тестирања за ковид-19, биле регистрирани 1.168 нови случаи, односно во: Скопје-513, Куманово-68, Дебар-6, Штип-27, Прилеп-77, Тетово-65, Струга-40, Велес-36, Битола-58, Охрид-25, Кавадарци-29, Гостивар-30, Гевгелија-5, Струмица-33, Крива Паланка-5, Радовиш-7, Крушево-3, Кочани-19, Пробиштип-1, Демир Хисар-1,...

Со 800.000 долари од САД, Клиниката за хематологија ќе стане центар за несродна трансплантација на коскева срцевина

Министерот за здравство доц.д-р Венко Филипче, амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз и директорката на Клиниката за хематологија д-р Ирина Пановска Ставридис денеска на Клиниката за хематологија го најавија проектот за изградба на нов кат над постојаната Клиника, што ќе се реализира со финансиска...

Османи: Не се откажуваме до последниот миг од обиди за решение со Бугарија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес конференција не даде поконкретен одговор на прашањето што се прави во поглед на решавање на спорот со Бугарија во последниве денови, пред Советот за општи работи во вторник, но нагласи дека македонската страна нема да...

Реконструиран булеварот „8 Септември“, завршува сезоната на реконструкциите во Скопје

Екипите на Град Скопје во рок од 30 дена ја завршија реконструкцијата на булеварот „8 Септември“, на потегот од булеварот Илинден до улицата Скупи, а со тоа завршува и градежната офанзива за оваа година во која реконструирани и во изградба се вкупно 21 сообраќајница,...

Паметна инвалидска количка која се управува со окото – проект на младите херои Мартин, Давид и Благојче

„From Zero To Hero“ (Од нула до херои) – вака гласи името на тимот кој сè почесто се среќава во медиумите, а од кој дел се студентите Мартин Динев, Давид Лазароски и средношколецот Благојче Павлески. Освен тимот, нив тројца ги спојува и заедничката желба...

Агенцијата „Фич“ го потврди рејтингот на земјава „ББ+“ со негативен изглед

Кредитната агенција „Фич“ го потврди рејтингот на земјава на „ББ+“ со негативен изглед, соопшти Министерството за финансии. „Потврдата на рејтингот се должи од една страна на спроведувањето на добри политики на владеење, развој на човечкиот капитал, индикаторите за поволна бизнис-клима, кохерентноста на макроекономската и фискалната...

Обврската за зимска опрема на возилата почнува утре

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека во периодот од 15 ноември до 15 март возилата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата,...

ЈП Водовод и канализација – Скопје добитник на втора награда од ЕБОР за новата пречистителна станица

ЈП Водовод и канализација – Скопје е добитник на втората (сребрена) награда на Sustainability Awards 2020, за проектот „Пречистителна станица за отпадни води - Скопје. Изборот е во организација на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која повеќе од 10 години ги доделува...

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...