fbpx

Велика Британија ја стави Македонија во зелената листа на држави, признати се сертификатите за вакцинација

Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска со нови протоколи за ковид-19, со кои Република Северна Македонија преминува во зелената листа на држави и територии на кои им се признаваат сертификатите за вакцинација, информираат од Министерство за надворешни работи. „Граѓаните на Република Северна Македонија...

Рускиот „На работ“ и канадскиот „Врева“ – најдобри филмови избрани на „Џифони Македонија“

Рускиот филм „На работ“ (On the edge) во режија на Едуард Бордуков е најдобар филм според жирито на сениорите на 9. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“. Продуцентот на филмот Михаил Дегтиар беше гостин на фестивалот и синоќа на затворањето во Кинотеката се заблагодари за...

„Наука за деца“ до 20 октомври очекува едноминутни видеа од најмладите на тема наука

„Наука за деца“ објави повик до најмладите од земјава за изработка на едноминутни видеа на македонски јазик на тема наука. Тие бараат да се направи видео во кое на кул начин ќе се објасни некој научен концепт (закон, правило или експеримент), по што едноминутното...

Климатските активисти бараат одговорност: Болсонаро почна сеопшт напад врз Амазонија

Група правници-климатски активисти побараа од Меѓународниот кривичен суд (МКС) да го испита бразилскиот претседател Жаир Болсонаро за неговите наводни напади врз Амазон, за кои велат дека претставуваат „злосторства против човештвото“, објави денес Си-Ен-Ен. Австрискиот застапник за еколошка правда Олрајс утрово поднел официјална жалба до судот...

Денеска 130 нови случаи на ковид-19 и 6 починати лица, оздравеа 423 пациенти

Министерството за здравство информира дека во изминативе 24 часа биле направени 1.843 тестирања, а регистрирани се 130 нови случаи на ковид-19, и тоа во: Скопје – 88, Кавадарци – 10, Велес – 7, Прилеп – 6, Охрид и Крива Паланка – по 4, Куманово...

Град Скопје: Во депонијата Дрисла не се согорува опасен отпад без дозвола

По денешната прес-конференција на директорот на Државниот инспекторат за животна средина Сретен Стојковски, на која тој посочи дека депонијата Дрисла не смее да прими и третира 26 видови на опасен отпад, реакција стигна од Градот Скопје. „Во ЈП Дрисла освен медицински отпад кои се третира...

Културен настан во Тетово во чест на уметникот Павле Кузмановски

Доделувањето на највисоката национална награда за животно дело „11 Октомври“ на академскиот сликар Павле Кузмановски, беше одбележано со културен настан во негова чест во Тетово. Организаторот на настанот, Даријан Сотировски со кратко обраќање му се заблагодари на Кузмановски за неговата дејност и дело поканувајќи го...

Стипендии за 135 студенти на УКИМ од од Фондацијата „Атанас Близнакоф“

Вкупно 135 студенти од првиот циклус студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) - Скопје, денеска добија стипендии, обезбедени од фондацијата „Атанас Близнакоф“, во соработка со организацијата „Македонија 2025“. Годишниот износ на стипендијата е 120.000 денари. Стипендистите се од различни делови на Македонија, со...

Вистиномер: 5Г мрежата нема никаква врска со вакцините

Теоријата на заговор дека 5Г мрежата и некакви непостоечки микрочипови во вакцините се комбиниран напор да се контролира населението – каде се движи, што прави, што купува, па дури и идеите дека со непостоечките чипови ќе се контролира мисловниот процес на индивидуата која е...

„Дрисла“ не смее да депонира опасен отпад и мора да ја смени интегрираната дозвола

Депонијата „Дрисла“ не смее да прими и третира 26 видови на опасен отпад, бидејќи нема соодветна инсталација за тоа. Ова е едно од повеќето решенија на Државниот инспекторат за животна средина, за кои денеска информираше в.д. директорот Сретен Стојковски. „Дрисла“ ќе мора да побара...

Германската компанија WPD ќе гради 69 ветерници во вредност од 500 милиони евра

Германската компанија WPD, ќе гради 415 мегаватна ветерна електрана на потегот Куманово-Старо Нагоричане-Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра. Премиерот Зоран Заев, на прес-конференцијата во присуство на амбасадорката на Германија Анке Холштајн, како и претставници на менаџментот на компанијата, истакна дека ова...

Вистиномер: Апсурдни тврдења дека вакцинираните го добиваат коронавирусот со вакцината, а потоа го шират

Факт е дека ниту една одобрена вакцина против ковид -19 не содржи вирус. Наспроти тврдењето во постот, ниту вакцинираните добиваат вирус преку вакцината, ниту се поопасни од неимунизираните. Научен факт е дека вакцинираните многу побрзо го елиминираат вирусот, а доколку се разболат, имаат помал ризик...

Денеска во Скопје започнува BookStar 2021 – фестивалот на европска литература

Оваа година по седми пат во Скопје ќе се одржи фестивалот на европска литература BookStar, важна книжевна манифестација која е првата од ваков тип за презентација на европска литература во нашата држава. Како организатор на литературниот настан, издавачката куќа „Антолог“ со големо задоволство го најавува...

Царовска: Го јакнеме средното стручно, 1.400 ученици избираат да учат во дуалните паралелки

Наш главен приоритет како Влада и како министерство е да го унапредиме, но и да ја зголемиме атрактивноста на средното стручно образование на што веќе засилено работиме. Токму во таа насока е и регионалниот проект „Училиштето се среќава со компаниите“ кој денеска успешно го...

Фајнанс Тинк: Вакцинацијата заштедила најмалку 2,8 милиони евра во текот на делта бранот

Имунизацијата на населението со вакцини против ковид-19 ги намалила трошоците за хоспитализација на пациенти во македонските болници за 170,8 милиони денари, односно најмалку 2,8 милиони евра во текот на последните пет недели од делта бранот, се наведува во најновиот Бриф за политиките на Фајнанс...

Бензините поскапуваат за два, а дизелот за два ипол денари

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 3,41 отсто, информираат од Регулаторна комисија за енергетика и водени ресурси (РКЕ). Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ се зголемуваат за два денари за литар, и...

Лични карти ќе може да се подигнат и в сабота и недела, на денот на изборите

Во пресрет на претстојните локални избори што ќе се одржат в недела, 17 октомври, Министерството за внатрешни работи (МВР) извести Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР (Куманово, Штип, Велес, Струмица, Битола, Охрид и Тетово)...

Ненадејно почина македонската ракометна репрезентативка Јулија Николиќ

Поранешната македонска ракометна репрезентативка Јулија Николиќ (Портјанко), ненадејно почина на 38-годишна возраст. Портјанко играше во „златните времиња“ за женскиот ракометен клуб Кометал Ѓорче Петров од 2003 до 2009 година, а потоа доби и македонско државјанство, при што играше и за македонската репрезентација. Последниот настап за репрезентацијата...

Гугл и Јутјуб повеќе нема да дозволуваат рекламирање на содржини што ги негираат климатските промени

Гугл објави дека повеќе нема да се исплаќаат пари на креаторите на содржини што го промовираат негирањето на климатските промени и нема да поставуваат реклами на вакви содржини или реклами што го прават тоа. Промената ќе ги опфати издавачите, рекламерите и креаторите на содржини на...

Во Скопје 119 санкционирани возачи, 59 од нив за брзо возење

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изрекло вкупно 119 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59, за возење без возачка дозвола 10 санкции, 13 за возење под дејство на алкохол, пет санкции...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...